Царинската управа одржа свеченост по повод својот празник – 14 април, на која беа презентирани нејзините активности во изминатата 2013 година.За време на свеченоста особено внимание се посвети на примената на концептот на Овластен економски оператор и досега постигнатите резултати од имплементацијата на Новиот компјутеризиран транзитен систем.Прикажан беше и краток спот во кој ќе бидат презентирани активностите, што како општествено одговорна институција, ги превзема Царинската управа во борбата против трговијата со наркотици.{loadposition content9}
Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите лекари – носители на здравствена дејност, вработени на неопределено време со полно работно време, во приватни здравствени установи кои не се корисници на простор под закуп и кои оствариле право на пензија, дека со можат да продолжат да работат со Фондот. Како што е соопштено во вторникот, ваква одлука донел Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Оваа можност лекарите може да ја остварат под услов пензијата да ја имаат ставено во мирување и да имаат валидна дозвола за работа во мрежата на здравстве…
Т-Мобиле ги извести своите корисници да не враќаат на повиците и смс пораките од броеви што почнуваат со префиксите +88, +22, +21 и +29. Според најголемиот мобилен оператор, се работи за измама односно т.н. спам, па доколку се повика бројот може да се очекува значително повисока сметка.„Затоа, се советуваат корисниците да не бираат повратно на овие броеви, зашто ќе имаат несакани трошоци. Воедно ги известуваме корисниците дека спам пораката која викендов циркулираше од броеви што почнуваат на +29, со содржина „Побарај ме итно“ и „Ме викаат итно“ откако е пријавена е блокирана. Иако откако к…
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 април, 2014 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед и на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден. Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед Министерството …
Ѓорге Иванов со освоени 51,63% или 447,123 гласови од 99,46% процесирани избирачки места, победи во првиот круг од претседателските избори. Тој освои околу 120.000 гласови повеќе од кандидатот на опозицијата Стево Пендаровски, за кого гласаа 325.132 избирачи или 37,54%. Иљаз Халими освои 4,49% од гласовите или 38.893, а Зоран Попоски 3,61% или 31.293 гласа. Ова го покажуваат последните податоци објавени на веб страницата на Државната изборна комисија.
На претседателските избори излезноста беше 48,86% односно вкупно гласале 865.995 граѓани. Вториот круг од гласањето за претседателските избор…
Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела на 13 април на денот на одржување на првиот круг на изборите за претседател на Македонија, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, за да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните …
Првиот круг од претседателските избори е в недела (13 април 2014 година). Четворица кандидати претендираат за претседателската фотеља, Ѓорѓе Иванов, кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат подржан од СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат за претседател на ДПА. По 20 дена кампања зад нас, неколку анкети, сега на потег се граѓаните, во недела од 07 до 19 часот сите се рамноправни, зад параванот каде никој не гледа, самостојно граѓаните на Македонија ќе можат да го дадат својот глас за оној кои изминативе три недели покажа дека има висти…
Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага. Со растот на инвестициите во туризмот, а со тоа и добивање на поатрактивна туристичка слика, очекувањата се дека приливите од туризмот и во иднина ќе се зголемуваат – минатата година во буџетот биле инкасирани над 200 милиони евра.- Туризмот е двигател на социо-економски развој. Има пораст на девизни приливи, има подобрување на платниот биланс, креирање на нови работни места и раст н…