Вкупно 184.136 жиро сметки се блокирани во март годинава. Од нив 120.569 сметки се на физички лица, а останатите 63.567 се блокирани сметки на фирми, покажуваат податоците на Народната банка (НБРМ).Споредено со истиот периот лани бројот на блокирани сметки во земјава расте и кај фирмите и кај граѓаните. Во март лани вкупно биле блокирани 150.651 жиро сметки, од кои 60.121 на физички лица, а останатите 90.530 на фирми.Податоците на НБРМ покажуваат дека минатиот месец вкупниот број на блокирани депоненти односно граѓани и фирми изнесувал 85.425. Од нив 40.948 се правни лица, додека 44.477 се …
Со впишувањето на првиот инфраструктурен објект на Македонски телеком и издавањето на имотниот лист почна да функционира подземниот катастар во Македонија.Со ова се создадени можности да се евидентираат сите подземни инфраструктурни објекти со што во иднина би се намалиле нивните оштетувања што досега се правеа при разните ископувања на земјиштето.„Досега во Кастастарот воопшто немаше евидентирано каде се наоѓаат овие инфраструктурни објекти, ниту пак беше запишана нивната сопственост. Сега веќе можат сите компании кои имаат евиденција за инфраструкруните објекти да достават геодетски елабо…
Државната изборна комисија донесе посебно Упатство за гласање на Претседателските и на предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 година во кое е прецизирано дека обележувањето на гласачите со маркер ќе се врши на палецот од левата рака. За непречена реализација на изборите, ова упатство е испратено до општинските изборни комисии во Република Македонија и до сите избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии во трите изборни единици во странство, соопштува ДИК. {loadposition content9}
Денот на Планетата Земја за прв пат почна да се одбележува во 1970 година, од кога, според екологистите, се бележи огромен напредок во решавањето на еколошките проблеми. Сепак проблемите со уништувањето на природната средина на глобално ниво не се надминати ни оддалеку. Потврда за тоа е исчезнувањето на тропските шуми, истребувањето на многу растителни и животински видови, како и континуираното испуштање на штетни гасови во атмосферата и негативните ефекти од глобалното затоплување.
Научните факти говорат дека Земјата е стара околу 4,6 милијарди години, хуманоидите живеат само 2,5 милиони г…
Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Софија е уапсен 24-годишен маж поради неговите коментари на Фејсбук за трагедијата со македонскиот автобус на автопатот Струма, во близина на Боснек.
Како што објави БТВ, мажот ќе подлежи на истрага за ширење омраза врз национална основа. За вакви прекршоци законот предвидува казна затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.
Со предлог измените во Законот за животна средина се предвидува нов начин на плаќање на давачката за регистрација на возилата. „При определувањето на висината на надоместокот ќе се земе предвид негативното влијание што го предизвикува возилото врз животната средина во однос на видот на горивото што се користи во возилото и неговата старост“, се вели во предлог законот за изменување и за дополнување на Законот за животна средина.Од Министерството за животна средина потврдуваат дека во план е подготвување подзаконски акт за воведување дополнителни надоместоци за намалување на загаденоста, но …
Работодавачот може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот (лична причина на страна на работникот) или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот (деловна причина),пишува МК News порталот.Доколку работодавачот го откажува договорот за вработување,негова должност е да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт н работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението.Основани причини за …
Важноста на (суб)специјалистичкиот упат сега е една година наместо, како досега, еден месец. Ова е големо олеснување за осигурениците со хронични заболувања што се лекуваат амбулантски и нема веќе потреба секој месец да обезбедуваат упат од матичниот лекар – појаснуваат од Фондот.Kога осигуреното лице е примено како итен случај, повеќе нема потреба да се грижи за упат и административни работи, бидејќи здравствениот систем, во негово име, ќе ги заврши сите процедури во поглед на упатувањето, соопштуваат од Фондот за здравство. Промената е со цел да се изврши административно олеснување за мат…