Окт 2, 2014

Уште седум илјади фирми треба да воведат фискален апарат со GPRS уред

Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат. По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може…

Окт 1, 2014

Ново време за продажба на алкохолни пијалоци

Алкохолните пијалоци од денес во трговските објекти ќе се продаваат од шест до 19 часот. Продолженото време на продажба на алкохол, односно до 21 часот, траеше од мај до крајот на септември.За оние кои нема да го почитуваат законското решение за продажба на алкохол се предвидени казни како забрана за вршење на дејноста во траење од седум или 15 денови и парична казна до пет илјади евра.  {loadposition content9}

Окт 1, 2014

МТСП: Повик за користење на бесплатна рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот

Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица, кои имаат  деца кои се со пречки во  телесниот развој  на возраст од 6-26 години и се корисници на правото на посебен додаток, да се пријават за користење на бесплатна услуга за рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“-Струмица.Oваа услуга може да ја користат деца со церебрална парализа и децата кои имаат пречки во телесниот развој или  комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години кои се корисници на  пос…

Окт 1, 2014

Повисоки примања за административците од идниот месец

Од идниот месец вработените во администрацијата ќе добијат повисоки плати за 4%. Зголемениот личен доход за октомври тие ќе го примат на стартот од ноември.Пред зголемувањето    По зголемувањето15000                 1560018000                 1872021000                 2184024000                 2496027000                 2808030000                 3120033000                 3432040000                 41600 Од октомври идната година ќе се зголемат и пензиите. Пензионерите во ноември ќе зeмат за 5% повисоки пензии. Еве ја пресметката.Пред зголемувањето    По зголемувањето9000                …

Јан 22, 2022

Почина Аки Рахимовски фронтменот на „Парни ваљак“

Денеска на 66 годишна возраст почина пејачот и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, објавија хрватските медиуми. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна на „Парни Ваљак“ на социјалните мрежи. Според информациите во медиумите, на Рахимовски утрово му се слошило и бил префрлен во болница, каде што подоцна починал. Тој пред три години преживеа мозочен удар. Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум, Блад брадерс и Т…

Сеп 30, 2014

Се намалува бројот на заболени од жолтица

Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Најголем дел 8 од новозаболените се од Шуто Оризари и по еден од Чаир, Сарај, Гази Баба, Карпош, Центар и Бутел. Во однос на возраста, новозаболените лица се на возраст од 0-44 години.Од скопскиот Центар за јавно здравје констатираат дека има тенденција на благо намалување на бројот на новозаболени случаи на ниво на град Скопје, додека во општина …

Сеп 30, 2014

Здравствените книшки ќе заминат во историјата за околу една година

Дотогаш граѓаните ќе мора на секој преглед да ги носат со себе здравствените книшки оти без нив нема да можат да ги користат здравствените услуги, пишува „Нова Македонија“.Иако веќе беше најавено дека електронските здравствени картички ќе бидат замена за книшките, тоа сепак ќе се случи дури по околу една година, бидејќи целиот процес, според надлежните, е сложен. Скопјанецот А.Б., кога бил на лекар, мислел дека за преглед ќе му биде доволна само електронската здравствена картичка. – Бев во амбуланта со децата, бидејќи се настинати. Ги носев со себе картичките, но не и здравствените книшки. …

Сеп 30, 2014

Оглас на МТСП за промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници

Министерството за транспорт и врски утре (1 октомври 2014 година) ќе објави оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.liniskiprevoz.gov.mkПраво да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници-правни л…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top