Окт 20, 2014

Паѓа малопродажната цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика доенсе одлука, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на горивата да се намалат за 1,5 до 3 денари за литар.Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3 денари по литар и сега ќе чини 74 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 2,5 денари и ќе се продава за 76 денари за литар. Цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,5 денари и ќе чини 63 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2 денари и ќе се продава за 51,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 2,86 денари за килограм се намалува и малопродажната…

Окт 20, 2014

Четврток неработен ден за сите граѓани на РМ

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија четврток, 23-ти октомври 2014 година се прославува Денот на Македонската Револуционерна Борба и истиот е неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.Инаку според Програмата за неработни денови во 2014 година, на 1-ви ноември 2014 година, католичките верници го прославуваат Празникот на сите светци и истиот ден е неработен ден за припадниците на католичката вероисповед.{loadposition content9}

Окт 20, 2014

За два часа, два земјотреси

Охрид во период од два часа вчера беше погоден од два земјотреси- првиот во 17,18 часот, а вториот во 19,30 часот. Во 17:18 часот по локално време во Охрид беше почуствувавн земјотрес со јачина од 2,9 степени според европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот бил на 85 км источно од Тирана, 7 км југозападно од Косел, во подрачјето на Охрид.Според официјалната страница на европска макросеизмичка скала, епицентарот на вториот земјотресот бил во Охрид.Според најновите податоци епицентарот е на 7 км североисточно од Охрид 3 км југоисточно од Косел.Во градот нема повредени, ниту …

Окт 15, 2014

„Македонија без отпад“

На 18-ти Октомври 2014 година ( сабота) во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Републиката ќе се одржи националната акција за чистење на околината  од отпадот кој се наоѓа лоциран на несоодветни места. Овој Проект ќе се спроведува со поддршка и  со учество на Државните институции, Локалната самоуправа, Јавните и Комуналните претпријатија, Невладините организации,  Здруженија на граѓани и месното население. Целта  на проектот „Македонија без отпад 2014“ е на 18-ти Oктомври 2014 година организирано и што по масовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи,…

Ное 30, 2021

Двете исчезнати братчиња од Велес се вратија дома

Две братчиња од Велес на возраст од четири и осум години беа пријавени од страна на нивниот татко С.Б. (39) за исчезнати. Тој го пријавил исчезнувањето на децата во Полициска станица Велес околу три часот наутро во неделата. Појаснил дека братчињата излегле од дома во саботата, во 19.30 часот и не се вратиле назад. Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека случајот со исчезнатите братчиња има среќен крај. Децата по два дена самите се вратиле дома. Во добра состојба се, на родителите им кажале дека излегле да се прошетаат, па се заиграле. Преноќиле кај некое другарче. На возраст од четири и …

Окт 15, 2014

Меѓународен ден на белиот стап

Во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска покрај многуте активности, слепите лица ќе даруваат крв на крводарителската акција насловена „Слепите за заедницата“.Се одржа и дефиле на слепите лица кое ќе почне од фонтаната „Александар Македонски“ на плоштадот Македонија до Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ каде во холот ќе биде отворена изложба на тифло-технички помагала, ракотворби на слепите жени изработени на Семинарот за жени „Актив на слепата жена и нејзините ракотворби” одржан во Струга во јуни годинава. На креативната работилница, како …

Окт 10, 2014

Еболата во Македонија, сеуште наводна?

Мала е веројатноста дека причина за смртта на починатиот Британец на Клиниката за инфективни болести во Скопје била болеста ебола. Најверојатно се работи за компликации настанати по алкохолно труење, велат за МКД.МК извори од клиниката, кои сепак додаваат дека треба да се почека на официјалните резултати од испитувањата во Германија.Британската амбасада во Скопје на својата интернет – страница се огласи по случајот со британскиот државјанин за кој постои сомнеж дека почнал од ебола.„Македонските здравствени власти пријавија дека на 9 октомври, лице со симптоми на ебола починало на скопската…

Окт 10, 2014

Квалитетот на воздухот во големите македонски градови e очаен

Скопје, Битола, Тетово – ова се градовите во кои се регистрира зголемено ниво на штетни честички во воздухот. Мерните станици во Битола синоќа покажале концентрација на честички ПМ10 дури 11 пати поголема од максимално дозволената.Во овој град и утрово покажуваат загаденост на воздухот, иако нешто пониска од вчерашната.Во Тетово, загадувањето било десет пати поголемо од дозволеното, а скопјани дишеле воздух трипати позагаден од максимално дозволените вредности.Утрово најголема загаденост во главниот град регистрираа мерните станици во Гази Баба, кај Ректоратот на УКИМ и Карпош.{loadposition…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top