Јан 26, 2022

Поскапуваат и цигарите

Многу брзо, а најверојатно уште од почетокот на следниот месец, се очекува зголемување на цените на цигарите на домашниот пазар, иако никој од производителите и увозниците на цигари во земјата официјално не ја потврдува информацијата. За познавачите на состојбите ваквата најава беше очекувана со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Од друга страна, поскапувањето на горивата драстично ги зголемија транспортните трошоци, што исто така има влијание врз кра…

Дек 23, 2014

Посебен додаток за децата со Даунов синдром

За 25 проценти ќе се зголеми посебниот додаток за родители на деца со пречки во развојот. Посебен додаток ќе има за сите деца со Даунов синдром.„Овие измени ќе стапат во сила започнувајќи од месец јуни 2015 година, а за таа цел на годишно ниво, министерството ќе издвои околу 18.690.940 денари. За реализација пак на финансиската поддршка за сите родители кои имаат деца со пречки во развојот, годишно се издвојуваат вкупно 414 690 000 денари за 6900 родители или 710 дечиња со попреченост“, соопшти денеска министерот за труд и соцјална политика, Диме Спасов.Овие дечиња и нивните родители го има…

Дек 22, 2014

Компаниите, сметките за вода ќе ги добиваат исклучиво по електорнски пат

Од 1 април, идната година, јавните претпријатија да ги доставуваат сметките за вода за компаниите исклучиво по електронски пат, предвидуваат измените на Законот за снабдување со вода за пиење.Како што инфорира на отворената владина седница министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на тој начин компаниите ќе си заштедат време и пари. Граѓаните, пак, сами ќе избираат дали ќе сакаат сметките да ги добиваат по електронски пат, со што  ќе се осигураат дека истите ќе ги добиваат навремено и ќе се намали праксата да им се губат сметките и да не можат да ги најдат, кажа министерот Јанакиески…

Дек 22, 2014

Четврток неработен ден, католички Божиќ

Од министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ , 25 декември 2014 година (четврток), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на  граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божик.{loadposition content9}

Дек 22, 2014

Ненадејно почина актерот Васил Шишков

Актерот Васил Шишков почина ненадејно во Скопје. Тој е син на легендата на македонското актерство Ристо Шишков.Роден е 1970 година во Скопје, а на театарската сцена се појави во 1991 година. Има настапувано во повеќе македонски филмови, а последната негова улога на филм беше во „Сенки“ на Милчо Манчевски. Шишков има глумено и во серијалот „Македонски народни приказни“ и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други.{loadposition content9}

Дек 19, 2014

Времена забрана за движење на товарни возила во Скоје

Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје.Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје.Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно расиплива стока, хуманит…

Дек 19, 2014

За лажен профил на „Facebook“ ќе се оди на суд

Доколку некој ви го хакира профилот на Фејсбук или направи ваш лажен профил на оваа социјална мрежа, можете да поведете постапка против сторителот, а тоа можете да го направите со приватна тужба, во согласност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.Надлежна институција за утврдување на ИП-адресата во Република Македонија е Министерството за внатрешни работи, односно Единицата за борба против компјутерскиот криминал.Дирекцијата за заштита на личните податоци исто така постапува во случаите кога се бара бришење на злоупотребени профили на социјалните мрежи, односно Фејсбук, …

Дек 16, 2014

Граѓаните и понатаму најголеми должници кај извршителите

Според податоците на Комората на извршители, долговите на 85.538 граѓани во деветте месеци од годинава дошле пред извршителите. Од нив, извршителите наплатиле вкупно 21 милион евра.Извршителите наплаќале и долгови од држаните органи институции и претпријатија. Од вкупно 3.505 нив до септември годсинава наплатени се 9,2 милиони евра. Најголем должник е ЈП „Македонија пат“ која должи на фирми.Заклучно со септември 17.559 фирми поради долговите биле дадени на извршител. Од нив се наплатени околу 43 милиони евра долг.Од вкупниот износ на наплата, најмногу средства по региони се наплатени на под…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top