Комесарот на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан изрази длабока загриженост за случувањата во Куманово поради судирите на македонската полиција со терористиките групи и повика на максимална воздржаност од сите фактори и воспоставување мир.
„Длабоко сум загрижен за развојот на ситуацијата во подрачјето на Куманово и поради можноста од ранети и загинати. Ги повикувам властите, сите политички лидери и челниците на заедниците да соработуваат, да воспостават мир и во целост да спроведат истрага за овие настани на објективен и транспарентен начин в…
Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука 10 и 11 мај, недела и понеделник, да бидат денови на жалост по повод загинувањето на припадниците на безбедностите сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово. На Деновите на жалост, знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги ќе испрати насоки до медиумите за содржината на програмата за време на деновите на жалост.
{loadposition content9}
Во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, денеска е прегазен пешак. Пешакот бил прегазен пред мостот „Гоце Делчев“, во близина на пешачкиот премин, по што починал на самото место. Според првичните информации, во пешакот удрил автомобил во движење.
Обвинител од скопското основно јавно обвинителство веќе извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за несреќата.
Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка „бе-ем-ве“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот – соопштија од …
Најмалку 14 емигранти загинале во железничката несреќа која доцна синоќа, околу 22.30 часот се случи на железничката пруга меѓу Велес и Скопје, во близина на железничкото стојалиште „Пчиња“. Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем, пишува „Телеграф“.Според досегашните сознанија на пругата во мигот кога налетал возот имало педесетина емигранти. Но, поради немањето доволно простор околу шините, истите не успеале да се засолнат.До местото на несреќата може да се пристигне единствено по железнички пат. Кон местото се упатени медицински екипи, но поради непристапноста на теренот…
Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита за осигурениците. Аптекарските станици се отвораат согласно потребите утврдени во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство, бројот на жителите во населените места, оддалеченоста и достапноста на населените места.За таа цел со измената на Законот за лекови и медицински помагала е предвидeно здравствената установа – аптека, што има две или повеќе организациони единици-аптеки, во состав на подрачјето на иста општина, задолжително на секои две…
Институција во која се чува документација како историско-културна ризница. Токму вакво значење има Државниот архив на Република Македонија под чија надлежност се наоѓаат и деветте подрачни одделенија во Република Македонија вклучувајќи го и тука и (нашиот) Охридскиот архив.Денес е значаен ден архивистите – архивските работници, бидејќи на денешен ден во 1951 година е формиран Државниот архив на Република Македонија, формирана е ризницата за македонско пишано богатство. Но кон денешниот ден и кон Државниот архив и кон архивистите треба да се приклучат и сите досегашни и идни корисници на ар…
Доктори, пациенти со астма и луѓе кои сакаат да помогнат во подигање на свесноста за оваа болест утре (5 мај, вторник) во 11 часот ќе учествуваат во трка на 500 метри која ќе се одржи на Кејот на реката Вардар во близина на „Сити хол“. Настанот ќе го води Огнен Јанески и е организиран по повод светскиот ден на астмата, 5 мај, кој годинава глобално се одбележува под мотото „ Вие можете да ја контролирате астмата“. Идејата е да се покаже дека болеста не треба да им биде пречка на луѓето кои треба да продолжат да совладуваат кратки и долги патеки и да уживаат во животот со полни гради. Учество…
Аеродромот „Александар Велики” во Скопје, за чиишто операции е одговорна „ТАВ Македонија”, обезбеди место меѓу најквалитетните 10 авиопристаништа во источна Европа на Светските аеродромски награди што неодамна се одржаа во Париз. Глобалниот собир, традиционално организиран од реномираната британска организација „Скајтракс”, ги прогласи најдобрите аеродроми на светско ниво, но и во засебни региони. Наградите „Скајтракс” беа доделени на 21-тиот саем за аеродромски услуги – Passenger Terminal Expo, што се одржа во Париз. Скопскиот аеродром беше прогласен за деветтиот најдобар аеродром во источ…