Митко Чавков е нов министер за внатрешни работи, додека Владо Мисајловски ќе застане на чело на Министерството за траспорт и врски. Со по 71 глас ЗА, Собранието на Република Макеоднија ги изгласа Митко Чавков и Владо Мисајловски за нови министри во Владата на Република Македонија. На седницата присуствуваа 79 пратеници, и тоа од ВМРОДПМНЕ и коалицијата, ДУИ, ДПА и трите независни пратенички. „Митко Чавков, кој долги години е на одговорни позиции во Министерството, без ниту една дамка во кариерата, кој сигурно ќе знае од сите вработени да го извлече најдоброто. Мисајловски, кој е актуелен…
Како што соопштија од Собранието, на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи донесен е заклучок за формирање на Анкетна Комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори.
„Анкетната Комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот, што впрочем претставува клучна порака од меѓународната заедница. Со Анкетната комисија ќе п…
Двата авиона со посмртните останки од Софија пристигнаа во Скопје. Со авионите се транспортираат посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.
На Скопскиот аеродром останките ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.
Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинат…
Избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, по вчерашните оставки на министрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски. Премиерот Никола Груевски до законодавниот дом синоќа достави предлог за избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски.Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, седницата за избор на новите членови на Владата ја закажа за денеска во 13 часот.За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски …
Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и министрите за внатрешни работи, односно транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески поднесоа оставки на своите функции, а се шпекулира дека оставка дошла и од министерот за финансии Зоран Ставревски, но за тоа сеуште нема потврда.Груевски до Собранието вечерва веќе доставил и предлози за избор на двајца нови членови на Владата, пренесува МИА.
За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за транспорт и врски Владо Мисајловски. Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност додек…
Владата на Република Македонија,на седницата одржана вчеравечер, одлучи на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили да им се додели финансиски надомест во висина од 70 000 евра по семејство, во денарска противвредност. На загинатите припадници на полицијата кои беа во брак, половина од сумата на надоместокот да биде доделен на сопругата, а половина на родителите на полицаецот. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да подготви и да достави информација за потребите за дополнителна помош и поддршка на членовите на семејствата на загинатите полицајци.Владата од…
Словенечкиот европратеник, Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент, изјави дека запирањето на политичката криза и насилството во Македонија се услов земјата да добие позитивен извештај за пристапни преговори со ЕУ оваа година.
Вајгл за Словенечката телевизија од Брисел рекол дека очекува ЕУ деновиве да понуди конкретни предлози до Македонија за да се стабилизира состојбата, но и дека македонските власти мораат конструктивно да ја решаваат политичката криза која кулминираше со терористички напад во Куманово. Тој оцени дека Куманово е избрано за терористички напади …
Владата одлучи семејствата на припадниците на полицијата кои загинаа во борбите за неутрализирање на терористичката група во Куманово да добијат по 70.000 евра, а надоместоци ќе добијат и повредените и другите учесници во операцијата. Според владината одлука донесена на седницата во понеделникот доцна вечерта, на загинатите припадници на полицијата кои биле во брак, половина од сумата на надоместокот ќе биде доделен на сопругата, а половина на родителите на полицаецот.
Во одлуката, која беше донесена доцна синоќа, стои дека на најтешко ранетиот полицаец ќе му биде доделен надомест од 40 00…