Во сабота со топлотен бран од жолта (алертна) фаза ќе е зафатен охридско-преспанскиот регион, додека во следните неколку дена – од недела до вторник се очекува територијата на цела држава да биде зафатена со температури до 40 степени Целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, информираат од Министерството за здравство.Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и…
Три години затвор на поранешниот разузнувач Зоран Верушевски за недозволено поседување на оружје, ваква пресуда пред малку донесе Кривичниот суд.Тој на новинарите им поделил соопштение во кое стои дека не го признава овој суд.На предходното рочиште тој еден час во судница објаснуваше дека пиштолот е на полицијата и таа треба да си го побара назад, а не да го апси за нелегално оружје. Од судот побара барем футролата од пиштолот кој го чува 32 години да му биде вратена назад.Верушевски е виновен за нелегално држење оружје, е ставот на Обвинителството, а одбраната бараше ослободителна пресуда….
Фирмите ќе можат да исплаќаат К-15, но не мораат и тоа ќе зависи од договорот помеѓу вработените и сопствениците на фирмите.
Претставници на синдикатот велат дека ова решение е донесено без кворум, а се противеле повеќето членки на Синдикатот.
Овој договор паднал помеѓу претседателот на ССМ, Живко Митревски, и претседателот на организацијата на работодавачи, Ангел Димитров.
“Не смее да се дозволи и понатаму да се штеди на сметка на работниците и треба работодавачите ако имаат одреден проблем со финансиското работење да побараат од државата да нема инспекции по најмала можна основа кај …
Христијан Мицкоски кој беше единствен кандидат доби убедливо мнозиство на гласови од присустните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Од 492 присутни за него гласаа 489 делегати, а три ливчиња беа неважечки. Првиот мандат Мицкоски го доби 2017-та година на Валандовскиот конгрес и го наследи Никола Груевски.
Благодарам на сите што ми дадоа поддршка на овој Конгрес. Благодарам за секоја дланка која ја стегнав овој ден – Вака го почна своето обраќање старо новиот лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ по официјализирањето на резултатите од гласањето на делегатите на 17-тио…
Помошникот државен секретар на САД доаѓа во Македонија во време кога политичката криза влезе во драматична фаза, со оглед дека се прекинати преговорите за излез од неа, откако СДСМ ги прогласи за неуспешни.Според дипломатски извори, Нуланд ќе се обиде подеднакво да ги убеди двете страни во потребата од компромис и неопходноста од продолжување на разговорите. Двете страни во случајов се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои презентираа ненадминливи разлики, додека ДПА и ДУИ засега ја имаат улогата на „конструктивни соговорници“.По Нуланд, утре во Скопје пристигнува и еврокомесарот Јоханес Хан. Овие две посе…
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, бара и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да отстапат од своите тврди позиции и во интерес на земјата, до 20 јули, за кога е закажан состанок на Советот за асоцијација во Брисел, да постигнат договор. “Јас сум загрижен, го губите времето. Интересите на државата се над личните. Во демократија мора да имате компромис”, порачува еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа.”Колку што знам има многу предлози на маса и многу мерки за доверба но јас ургирам да се договорат и да направат компромис. Во демократијата мора…
Заклучно со првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот долг на Македонија (вкупен долг во кој освен јавниот се вбројува и долгот на фирмите, осигурителни друштва, банки…) изнесува 6,1 милијарда евра, покажуваат новите податоци на Народната Банка. Во споредба со салдото на крајот од 2014 та година, надворешниот долг се зголемил за 230,8 милиони евра.Ако се анализира стуруктурата, најголем дел од долгот или 2 милијарди евра се на име на државата, следуваат компаниите, осигурителните компании, домаќинствата кои должат 1,9 милијарди евра, а зад нив се банките и Народната банка.Според податоц…
Во соопштение на Европската комисија, се цитира изјавата што Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети ја дадоа по состанокот, а во која се вели дека тие како лидери на главните политички партии се согласиле повторно да ја потврдат својата целосна посветеност на договорот од 2-ри јуни и да продолжи дискусијата за негова целосна имплементација на лидерско на ниво на 29 јуни.„Ние, исто така, даваме поддршка на транспарентното ракување од страна на ЕУ со текстот на овој договор, како и на сите специфични препораки во однос на системските реформи во областа на владеењето на право…