Заврши увидот на полицијата и истражен судија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и болницата е отворена за пациенти, по инцидетот кој се случи утринава во 9.30 на Торакална клиника, пренесува „Телма“.Повредениот хирург Љубомир Огненовиќ во момемтов е во операциона сала во Клиничкиот центар, информираше за Телма, директорот абдоменална хирургија Александар Караѓозов. Врз него се направени испитување и зафати. За среќа немал големо криварење и состојбата му е добра. Утрово незадоволен пациент, чија мајка починала, му пукал во нога на докторот кој бил дежурен.Полицијата привела тр…
Главниот град на Македонија, Скопје викендов беше најзагаден град во Европа, а според мерните единици во градот, многу високо загадување или неколку пати повисоки ПМ 10 честички беа измерени во Карпош, Центар, Лисиче, Тетово.Граѓаните се жалат на здравствени проблеми, ја избираат неделата за прошетка поради малиот број на возила по скопските улици.Затоа градските власти поради големото загадување на воздухот повеќе од 3 дена започна со една од мерките против загадувањето.На три улици во близина на мерната единица спроти зградата на Нова Македонија се попрскаа со средство калциум магнезиум а…
Партиите потписнички на Договорот од 2 јуни познат како договорот од Пржино по долги и мачни преговори рано утринава успеаја да се договорат за законоте за влада, законот за дојавувачи на корупција, како и законот за заштита на приватноста кој што се однесува на објавувањето на материјалите поврзани со таканаречените „бомби“.СДСМ ги доби договорените позиции во министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика, а постигнат е и договор за изборот на заменици во секое министерства.Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски ќе биде министер за внатрешни работи, потпретседателка…
Точно на еден час претпладне во земјава ќе се одржат два значајни настана. Во Советот на јавни обвинители 12. помошници во новото специјално обвинителство ќе дадат свечена заклетва, а во Клубот на пратениците партиите повторно седнуваат на заедничка маса за реализацијата на договорот од Пржино.Еден час претпладне во земјава денеска ќе се одржат два значајни настана. Првиот е закажан во Советот на јавните обвинители, каде што во 11 часот конечно заклетва ќе дадат 12 обвинители кои ќе го сочинуваат тимот стручни помошници на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.Вториот настан, пак, ќ…
Министерството за здравство изврши ново намалување на цените на вкупно 282 лека. Со ова осмо по ред намалување, вкупната годишна заштеда ќе биде над еден милион евра. Со намалувањето опфатени се лековите за болничко лекување и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптеките.–Намалувањето на цените на лековите е системска реформа на Владата на република Македонија и Министерствоот за здравство и Агенцијата за лекови која во континуитет ја спроведуваме со цел да овозможиме поголема достапност на лековите кои се неопходни за лекување на одредени заболувања, како и за превенција и одржување на з…
Кирил Миновски е назначен за нов директор на Управата за јавни приходи. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Трајковски, кој заминува на друга функција.Миновски е именуван за директор на УЈП на вчерашната владина седница, а доаѓа од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат.- Можам да потврдам дека на вчерашната владина седница Кирил Миновски е именуван за нов директор на УЈП. На досегашниот директор Горан Трајковски му истече мандатот и ние сме благодарни за неговиот ангажман, за придонесот кој тој го имаше во реализацијата на владината програма, реформите кои ги с…
Министерството за образование и наука и оваа година доделува стипендии за учениците кои учат во јавните и приватните училишта.Конкурсот за доделување стипендии за учебната 2015/2016 година е веќе објавен во дневните весници и на интернет страната на Министетсвото за образование и наука, со цел учениците да имаат доволно време да ги подготват документите и да аплицираат за некоја од нив, најави денеска министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.„И годинава ќе доделиме 745 стипендии кои се поделени во 6 категории. Станува збор за стипендии за за социјална поддршка на учениците, за учен…
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.К. (28) и Р.Ф.(54), двајцата од Кичево. Со пријавата опфатен е и правниот субјект „Балкан – Бет“ од Кичево.Во периодот јуни-август оваа година, пријавениот А.К. во својство на вработен во спортска обложувалница „Балкан – Бет“ и Р.Ф. во својство на сопственик на деловен простор „Ројал“ каде е сместена спортската обложувалница, со намера да се стекнат со против-правна имотна корист, неовластено ор…