Оставки на Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески и Ставревски

Заев со реакција за неотповикливите оставки

 |  инфодеск  | 

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и министрите за внатрешни работи, односно транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески поднесоа оставки на своите функции, а се шпекулира дека оставка дошла и од министерот за финансии Зоран Ставревски, но за тоа сеуште нема потврда.
Груевски до Собранието вечерва веќе доставил и предлози за избор на двајца нови членови на Владата, пренесува МИА.

За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за транспорт и врски Владо Мисајловски. Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност додека пак Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Во меѓувреме се огласи и лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот официјален Фејсбук профил – „Сè што зборувавме се потврди, ова е доказ и за прислушувањето и за автентичноста на разговорите. Ова е доказ за содржината на разговорите кои ги потврдуваат сите незаконитости и криминали на Никола Груевски и врвот на власта.Не е време за триумфализам! Оставките на Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков не се наша крајна цел. Ова е само чекор до крајот на Никола Груевски“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Твитер заедницата пак шекулира и за оставка на обвинителот Марко Зврлевски и за излегување на ДУИ од владата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top