Охрид и Македонија отсега на популарниот Google Street View

Google Street View овозможува виртуелно разгледување на убавините на Охрид и Македонија

 |  инфодеск  | 

На Google му требаше една година откако прв пат го забележавме нивниот автомобил во земјава, да ги додаде градовите и патиштата во Google Street View. Наместо од птичја перспектива на Google Maps, сега со Street View може да се спуштите директно на улиците на Охрид, Скопје, Битола и други и да ги разгледате одблиску со панорамски фотографии во 360 степени.

Во областите каде што Street View е достапен, можете да пристапите до поглед на ниво на улицата со зумирање на најниско ниво на Google Maps со кликнување на сликата Street View на левата страна под полето за пребарување или со влечење на портокаловиот симбол ‘Pegman’ фигура, за да бидете пренасочени кон ниво на улицата.

– Многу сме возбудени со најавата од Google да го лансира Street View Македонија. Ни претставуваше задоволство да асистираме при собирањето на сликите од Македонија во текот на изминатата година и со нетрпение очекуваме корисниците на Google од Република Македонија и од целиот свет лесно да се движат низ земјава. Како што туризмот е една од најбрзо растечките економски сектори во Република Македонија и со зголемување на бројот на странските туристи за 16% во 2015 година, очекуваме дека Google Street View ќе придонесе и за културниот, езерскиот, планинскиот, спортскиот, винскиот, археолошкиот, верскиот, руралниот и еко-туризмот – вели Марта Арсовска Томовска, Заменик-министер за информатичко општество и администрација на Република Македонија.
Локалните бизниси, исто така може да имаат корист од Street View технологијата со бесплатно вградување на Google Maps директно во нивниот веб-сајт, помагајќи им да промовираат сместувачки опции или да информираат за рестораните, туристичките места и точки со историско и културно значење.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top