Нема прегласување на првиот круг од локалните избори

нема да има прегласување на првиот изборен круг од локалните избори на ниту едно избирачко место

 |  инфодеск  | 

Управниот суд ги отфрли тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците, ТМРО и Левица, така што нема да има прегласување на првиот изборен круг од локалните избори на ниту едно избирачко место. Едно од решенијата на ДИК за избирачко место во Сарај, Управниот суд го поништил, но тужбата ја отфрлил со заклучок дека броењето на законите било според законските прописи. ДИК за ова гласачко место во Сарај наместо за приговор кој се однесува за Советот на општината, расправал за Совет на Град Скопје.

„Ги очекувам одлуките кои се очигледно изготвени, да ни бидат доставени, и да биде изготвен извештај од службата, за да може истиот извештај и одлуките да ги разгледаме, за да утврдиме конечност на резултатите од општините каде што резултатите не беа конечни бидејќи беа поднесени пруговори, за потоа да може Општинските изборни комисии како надлежни да ги објават конечните резултати“, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Во 45 општини и Градот Скопје градоначалник е избран во првиот круг. Во недела на 29-ти граѓаните на 35 општини ќе мора да одлучат за еден од двата кандидати кои влегоа со најмногу гласови во вториот круг.

Од вкупно 9, во 6 скопски општини ќе се одвива вториот круг од локалните избори. Тоа се Шуто Оризари, Чаир, Бутел, Гази Баба, Сарај и Кисела Вода.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top