Највисока просечна плата во регионот за 2015 година има Словенија

Во Македонија, според последните статистички податоци од октомври, просечната плата изнесувала 365 евра

 |  инфодеск  | 

 

Највисоката просечна плата за 2015 година во просторите на поранешна Југославија е 1.004 евра која се исплаќала во Словенија, додека најниски примања, само 361 евра земале вработените во Србија.
Во Македонија, според последните статистички податоци од октомври, просечната плата изнесувала 365 евра.

Просечната плата во Црна Гора, според податоците од ноември изнесувала 482 евра, во Босна и Херцеговина била 422 евра, додека во Хрватска изнесувала 747 евра.

Просечната плата во Словенија е повисока за 1,49 евра од почетокот на минатата година, а во Хрватска за 5,44 евра од почетокот на годината. Намалување на просечната плата се забележува само во Босна и Херцеговина за 1,02 евра, додека просечната плата во Македонија во октомври 2015 била поголема од онаа на почетокот на годината за 7,35 евра.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top