Од Македонија нелегално изнесени 5,2 милијарди долари

Швајцарската даночна управа почнува да ги објавува имињата на можните затајувачи на данок од странство

 |  инфодеск  | 

 

Мерката на швајцарската Влада доаѓа по барање на Европската унија, а оваа одлука е реакција на Швајцарија на големиот број на барања од страна на Франција, Германија, Русија, Индија и уште неколку држави кои барале дополнителни информации за можните затајувачи на данок.
Засега не е познато дали на листата има и македонски државјани, но дел од познавичите во оваа област велат дека очекуваат дека на списокот има и лица од Македонија, кои според експертите закононски треба да одговараат и во матичната земја и во Швајцарија. Но, Меѓународниот конзорциуим за истражувачко новинарство во февруари објави дека сметки во швајцарските банки имаат и македонски граѓани.
Според истражувањето на „Глобал Фајненшал интергрити“ во периодот од 2003 до 2012 година на нелегален начин од Македонија биле изнесени 5,2 милијарди долари, или во просек, секоја година од земјава на нелегален начин се изнесуваат по 521 милиони долари.
Податоците покажуваат дека најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари и во 2011 година 852 милиони долари.
Ова е досега невообичаена постапка за Швајцарија каде до пред некое време банкарската тајна беше светост. Но, откако Швајцарија се согласи да ја тргне банкарската тајна за оние за кои има сомневање дека затајуваат данок, барањата од даночните служби на другите земји постојано се зголемуваат. Па така по барање на Европската Унија, швајцарската Влада почна да ги објавува имињата, националноста и датумот на раѓање на германски и на други странски државјани за кои постои сомневање дека затајувале данок преку сметките отворени во швајцарските банки.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top