Од јули граѓаните ќе можат да увезуваат автомобили со стандард ЕУРО-4 или повисок
Рокот за увезување на половни возила што се постари од 2005 истекува на 1-ви јули.
30-ти јуни е последниот ден кога мора да биде платена царината и да бидат завршени увозните процедури, а рокот за хомологација засега е неограничен.
Од тогаш ќе можат да се увезуваат само автомобили со стандард Еуро 4 или повисок.
Според Царинската управа, податоците велат дека во првите два месеци од 2016 во Македонија се увезени 4.209 половни возила.
Тоа е двојно повеќе од истиот период лани, кога во Македонија биле внесени 2.514 возила. Рекордна година за увозот на половни возила е 2010, кога со законски измени беше олеснет увозот на стари коли со стандард понизок од Еуро 4.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град