Во Охрид се измерени 23 литри на метар квадратен
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во западна Македонија. Според мерењата на УХМР, во Маврово наврнале 81 литар на метар квадратен, Пожаране 61, Лазарополе 59, Тетово 54 и Дебар 48, а во Охрид се измерени 23 литри на метар квадратен.
Во Скопје се наврнати 40 литри на метар квадратен, Куманово 38, Берово 32, Битола 28, Крива Паланка и Крушево 26, Охрид 23, Струмица 21, Тополчани 18, Дојран 16, Гевгелија и Претор 12, Штип, Виница, Прилеп и Ѓуриште 11 и Демир Капија 9.
Температурите утрово се движеа од 5 во Маврово, 6 Лазарополе, 9 Пожаране, 10 Крушево, Дебар, Тополчани,Претор, Ѓуриште, 11 Охрид, Берово, 12 Скопје, Крива Паланка, Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Виница, 14 Штип, Струмица Дебар, 15 Гевгелија, Дојран и 16 Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Температурата ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град