Избори во декември, во петок техничка влада

Партиските лидери и амбасадорите во одвоени изјави го поздравија постигнувањето на договорот за избори на 11 декември

 |  инфодеск  | 

Предвремени парламентарни избори на 11 декември 2016 година. Тоа е одлуката на која вчерва потпис ставија лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, по неколкучасовни преговори во Клубот на пратениците.
Претходно на средбата лидерите констатираа дека се исполнети сите услови за одржување на изборите. Парламентот ќе се распушти согласно Уставот, а техничката влада треба да биде изгласана на 2 септември, во петок, 100 дена пред избори. Договорено е и новинарката Санта Аргирова да биде уредник на МРТВ, а на функцијата ќе стапи сто дена пред избори односно в петок. Партиите постигнаа договор и за методологијата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а Љуљзим Хазири ќе биде петтиот член на привременото тело за следење на медиумите.
Американскиот амбасадор Џес Бејли, кој беше посредник во постигнувањето на пржинскиот договор порача дека САД и ЕУ се горди што им помогнале на лидерите во процесот и оти веруваат дека ова е важен чекор во решавање на политичката криза во земјата и ќе направат сè што можат да се осигураат дека изборите се кредибилни за граѓаните слободно да гласаат.
Претстваникот на ЕУ истакна дека одлуката на лидерите покажува политичка волја за придвижување на земјата напред и сега е на сите политички партии да се осигураат дека граѓаните ќе имаат слободен избор на кредибилни избори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top