Интернет нарачките сега можат да се следат и преку Македонска пошта

“Со ова ќе ја зголемиме сигурноста на овие поштенски пратки…”

 |  инфодеск  | 

„Пратките од интернет нарачки кои пристигнуваат во Македонска пошта се трансформираат во книжени – препорачани пратки со лепење на посебен бар – код и се внесуваат во системот за следење на пратки на Македонска пошта, и покрај тоа што ниту една директива на Светскиот поштенски сојуз не нé обврзува на тоа“, известуваат од Македонска пошта.

Сите граѓани кои купуваат од странски продавачи, пристигнувањето на нивната пратка во Македонска пошта и реализирањето на доставата веќе можат да го следат преку системот за следење на пратки на Македонска пошта, поставен на веб страната www.posta.com.mk

„Со ова ќе ја зголемиме сигурноста на овие поштенски пратки и со високо изразена транспарентност ќе ги елиминираме сите сомневања за намерно или ненамерно губење на пратките од интернет нарачка во Македонска пошта. Остануваме и понатаму на страната на нашите корисници и ги охрабруваме за сите дилеми или незадоволства да не контактираат директно или преку доставување на онлајн рекламации на веб страната на Македонска пошта“, стои во соопштението од Македонска пошта

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top