Хан и Ховит се огласија на Твитер за одложувањето на изборите

Сите партии мораат целосно да се ангажираат, да помогнат во подготовка на кредибилни избори

 |  инфодеск  | 

“Добра порака испраќа гласањето во Парламентот на Македонија за одложување на изборите за 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мораат целосно да се ангажираат, да помогнат во подготовка на кредибилни избори и да ги поттикнат реформските приоритети, вклучувајќи ги и оние во медиумите”. 

“Благодарност до европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, амбасадорот на ЕУ и амбасдорот Бејли и на меѓународната заедница за нивната континуирана поддршка”, напиша утрово на Твитер еврокомесарот Јоханес Хан, во врска со одлуката на Парламентот предврементит парламентарни избори да се одложат за 5. јуни. 

Европратеникот Ричард Ховит, кој вчера заедно со неговите колеги Кукан и Вајгл беа во Македонија доцна синоќа преку оваа социјална мрежа порача дека „во изјавата на ЕУ и САД се вели дека реформите во медиумите и натаму се дел од изборниот процес и претстои напорна работа доколку сакаме кредибилни избори“.

“Тоа што за одложувањето на изборите гласаа само пратениците од владејачката коалиција кажува: Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус меѓу партиите”, беше последната порака на Твитер на Ховит синоќа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top