Германскиот посредник Хајндл во среда во Скопје

Се шпекулира дека и заменикот државен секретар на САД ќе ја посети Македонија

 |  инфодеск  | 

Германскиот посредник за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, в среда ќе допатува во Скопје, потврдија од Амбасадата на Германија во Скопје.

Засега не се откриваат детали од посетата на Хајндл. Се шпекулира дека и заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, ќе ја посети Македонија, но во моментов нема потврда за нејзиното доаѓање. Во опција се два термина, 6 јули, што се совпаѓа со посетата на Хајндл, и 10 јули, односно по завршувањето на самитот на НАТО во Варшава.

Не се знае дали Хајндл ќе се обиде заедно со Нуланд да притисне за да ја деблокира политичката криза или, пак, само ќе го подготви теренот за американската дипломатка.

Еврокомесарот Јоханес Хан вчера во Брисел му повторил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека македонските политички лидери веќе изгубиле премногу време и оти повеќе од итно е да се вратат на преговарачката маса и да го имплементираат Договорот од Пржино.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top