Европската комисија со три пораки до Македонија

Европската комисија со три пораки до Македонија

 |  инфодеск  | 

Комесарот на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан денес на прес конференција за новинарите упати три пораки за Македонија во врска со кризата и случувањата во Куманово.

“Во моментов имаме три пораки: Прво, сите сме загрижени за тоа што се случи во текот на викендот и ги повикуваме сите вклучени страни и актери да соработуваат во разјаснувањето на тоа што се случи, кој е одговорен за тоа и да бидат обединети по ова прашање. Второ, овој напад не треба и не смее да го сврти вниманието од многу сериозната внатрешно-политичка ситуација во Македонија, за која ја повикавме владата, но и опозицијата да почнат да ја решаваат, да почнат да соработуваат, така што ова не треба да се гледа како шанса за да се напушти решавањето на фундаменталниот проблем со кој земјата се соочува. И трето, овој напад и настан не треба да се користи за да се креира понатамошно усложнување со воведување на меѓуетнички тензии во ситуацијата. Сето ова треба да се избегнува и ги повикувам сите одговорни луѓе во земјата, но исто така и во соседството да се однесуваат промислено, обединето, фокусирано и на транспарентен и јавен начин”, изјави комесарот Хан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top