“Очекувам да слушнам од спацијалната обвинителка за нејзината работа и за предизвиците со кои се соочува…”
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска доаѓа во Скопје на средби со лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, специјалната јавна обвинителка и со претставници на невладиниот сектор.
Главна цел на посетата како што се наведува е да се запознае со развојот на политичката состојба и да разговара за напредокот, главно во однос на организацијата на предвремените избори во декември и за имплементацијата на Итните реформски приоритети, кои ЕУ ги смета за клучни.
– Ја очекувам посетата на Скопје. Договорот постигнат минатото лето од страна на сите политички партии за одредувањето на датум за избори во декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток: важно е да бидат исполнети условите за кредибилни избори на кои сите граѓани слободно ќе учествуваат. Ќе се сретнам со лидерите на главните политички актери, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка и претставници на разговори за тоа како да се забрза спроведувањето на итните реформи за владеење на правото. Сето ова е од круцијално значење за земјата да направи одржлив развој на нејзиниот пат кон ЕУ. Исто така очекувам да слушнам од спацијалната обвинителка за нејзината работа и за предизвиците со кои се соочува, изјави вчера Хан пред посетата.
Хан последен пат беше во Скопје во јануари годинава, по што решавањето на политичката криза во земјава ја преседоа на амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав, специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл и на европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град