Од денес нови цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија со одлука од денес повисоки цени за бензините

 |  инфодеск  | 

Регулаторна комисија одлучи цените на бизнините да се зголемат, а на нафтата да се намалат.
Со тоа, од ноќеска на полноќ малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе биде повисока за еден денар и ќе изнесува 71,5 денари за литар, додека БС-98 се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 73,5 денари за литар.
Дизелот се намалува за половина денар и од денес ќе се продава за 56,5 денари за еден литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,053 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 01.06.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,816 ден/кг.
Новите цени почнуваат со примена од денес, и ќе траат две недели.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top