Со одлуката е извршено зголемување во просек за 2,58% односно за 2,25%
Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуродизел (Д-ЕV) изнесува 54,0 денари за литар. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 исто така се зголемени – 67 односно 69,0 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така е зголемена за 1,5 денари и сега изнесува 42,5 денар за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,794 денари за килограм е зголемена и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која сега изнесува 28,292 денари за килограм.
Со одлуката е извршено зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,58, односно за 2,25 отсто.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град