Ковид 19

Бугарија донираше 50 000 вакцини „Фајзер“ за Македонија

Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија. Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат.
Вакцини Фајзер за Ковид 19

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека земјата вчера ја примила донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија.

Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност – напиша Османи на Твитер.

Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија. Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите не било тогаш извршена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top