Премиерот Никола Груевски имаше средба со амбасадори на ЕУ кои му ја пренесле пораката од Брисел за решавање на кризата во Македонија
Без договор заврши лидерската средба што почна на полноќ и траеше околу два часа, а се одвиваше во Клубот на пратеници. Учесниците дојдоа и заминаа рано утринава без да дадат никаков коментар.
Единствено изјава даде Ванхауте кој најави дека разговорите продолжуваат уште во текот на денот и во наредните денови на билатерално ниво.
„Можам да кажам дека имавме корисни разговори иако не постигнавме договор. Добро е што луѓето почнуваат да разговараат. Се надевам на најдобро, но времето притиска се очекува извештајот за напредокот и препораката“, рече Ванхауте.
Не сакаше да прогнозира дали следната недела би можеле да очекуваме конечен договор за точките од договорот од Пржино, но посочи дека се надева на најдобар исход и дека партиите активно ќе работат бидејќи времето притиска, како и објавувањето на Извештајот за напредокот на земјата на ЕК и препораката за Македонија за членство во ЕУ.
На средбата биле отворени темите за специјалниот јавен обвинител, изборот и надлежностите на министри и нивни заменици, законот за бомбите и законот за зашти на на свиркачите.
Претходно премиерот Никола Груевски имаше средба со амбасадори на ЕУ кои му ја пренесле пораката од Брисел за решавање на кризата во Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град