Автор: Валентина Неловска

Георгиески : Охридските советници имаа успешен 4-годишен мандат

Post Views: 4 „Рационални одлуки, дискусии и меѓусебно почитување го одбележаа функционирањето на градскиот Совет во текот на изминатите 4 години“, истакна градоначалникот Константин Георгиески на денешната свечена седница по повод завршување на мандатот на советот. Донесовме одлуки за формирање на Јавно претпријатие, решавање на проблемите со колекторскиот систем, многу одлуки во интерес на граѓаните. Честопати знаевме да изградиме и консензус како опозиција и власт. Поминавме турбулентен период за градот, но турбулентен и за мене како личност, почнав како советник, завршив како...

Continue reading

Нанче: Изградба на меморијален центар на културите во Охрид

Post Views: 0 На денешната прес-конференција Михаил Трендафилов- Нанче кандидат за градоначалник на Охрид, од редовите на Граѓанско Демократска Унија уште еднаш во својата кампања се наврати на темата за Али Пашината џамија за која вели дека била еден од мотивите да се кандидира за градоначалник. Охрид е симболот на Македонија. Не смее да се обележуваат територии со градење на 32 метарско минаре, со една единствена цел демонстрација на моќ, посочи Нанче. „ Јас имам решение за проблемот, изградба на меморијален центар на културите. Јас и партијата што ме поддржува немаме ништо против...

Continue reading

Милошевски најави низа проекти за поддршка на младите

Post Views: 5 Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината и затоа со програмата „За убав град“ за младите има повеќе проекти, рече Митре Милошевски на денешната прес конфернција. Најави изградба на 40 станови за млади брачни парови, стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци. „ Целта на проектот е мотивација на најдобрите учиници, основци, средношколци и студенти да продложат во научното инвестирање. Со ваквиот тип на субвенционирање се вложува во домашниот буџет и се поттикнуваат децата на научен...

Continue reading

Охрид СОС: Испорака на нови барања и забелешки од Унеско од јунскиот состанок

Post Views: 9 Нови барања и забелешки очекуваат од граѓанското здружение СОС за македонската Влада од страна на Унеско од состанокот кој ќе се одржи во јуни во Баку, каде што ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. Таму ќе се решава дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност. Пред година и пол беа испорачани 20 барања според забелешки кои не се во согласност со критериумите на Унеско, за градот и Езерото да не бидат ставени на листата на загрозени подрачје под заштита на Унеско. 8 април беше крајниот рок за доставување на документите...

Continue reading

Проекти за полесна пристапност до општинската зграда за лицата со попреченост дел од програмата на Георгиески

Post Views: 1 Проекти за полесна пристапност на лицата со попреченост до општинската зграда, најави Рената Арнаудова од ЛДП , на прес конференција на која презентираше дел од изборната програма на Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ. Арнаудова најави адаптација на општинската зграда со поставување на лифт со платформа за лицата со попреченост и опремување на салата со посебни пултови за инвалидски колички. За потребите на учениците со попреченост од ОУ Св. Климент Охридски, пак ќе се набави електромоторен транспортер за инвалидски колички. „ Планираме да изработиме...

Continue reading

Милошевски најави подобрување на патната инфраструктура

Post Views: 0 Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот, истакна Митре Милошевски,кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне на денешната прес конференција. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај и најави реконструкција и изградба на улици. „ Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители, изградба на улиците:  Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада. Поплочување и одржување на тротоари и улици:  асфалтирање на улиците Александар...

Continue reading

Младите охриѓани и стружани ги лоцирале нивните потребите на општинско ниво

Post Views: 5 Во рамките на проектот ՛՛Поттик за младински иницијативи՛՛ биле реализирани низа активности со млади луѓе од Охрид и Струга, од НВО организации и политичари од локално и нациоанално ниво , информира Весна Цветаноска од Здружение за мултикултурна интеграција ՛՛Инклузија՛՛ од Охрид.. Со проектот биле опфатени над 135 директни и индиректни учесници, а резулатите од сондираните размислувања на младите се поразителни, вели Цветаноска. Скоро сите млади сакаат да се одселат од земјата. Сметаат дека во Охрид и Струга нема развиен културен живот, нема каде да ги изразат своите...

Continue reading

Регионалната комора ги тужи занаетчиите кои подолго време не плаќаат чланарина

Post Views: 6 Регионалната занаетчиска комора има проблем со наплата на чланарината од занаетчиите. За нормално функционирање на комората 90 проценти од уплатената чланарина се наменти за регионалната , а 10 посто за Републичката комора. Во Регионалната комора со решение за вршење дејност се регистрирани 250 занаетчии, а многу од нив не платиле чланарина ,“ вели претседателот Сашо Богоески. „ Не се собрани од сите занаетчии. Минатата година со одлука на УО на комората се донесе одлука сите занаетчии кои имаат поголем долг од 3600 денари д а бидат тужени. Тужени се 60 занаетчите и...

Continue reading

Константин Георгиески е хуманист и голем вљубеник во Охрид

Post Views: 0  Доктор Константин Георгиески е семеен човек, во брак со Елена, татко на Калина и Ѓорги. Роден е во Охрид пред 41 година, каде што завршил гимназија во Св. Климент Охридски. Студиите по медицина и специјализацијата по интерна медицина ги завршил на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Специјалистички едукации и обуки стекнал на Универзитетите во Финска и Соединетите Американски Држави. Професионалните почетоци му се во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, а подоцна станува управител на ПЗУ „Дарон“. Пријателите и соработниците кои...

Continue reading

Георгиески најави рехабилитација на патната инфраструктура

Post Views: 0 Продолжува реконструкцијата на улици, тротоари и патеки во урбaните и руралните делови од Охрид. Нашата цел е Охрид да добие инфраструктура која ќе овозможи негов одржлив развој како туристички и културен центар, истакна на прес-конфернција Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ. По реконструкцијата на улицата Македонија и започнатите активности на Булевар Туристичка, Георгиески најави и други градежни зафати. „ Во тек е изработка на нова Сообраќајна  студија за Охрид, а имаме подготвено и значајни инфраструктурни проекти за реконструкција на неколку...

Continue reading

Изградба на социјални станови за семејства во социјален ризик, најави Милошевски

Post Views: 12 Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите, рече на прес- конференција Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне. Како приоритетен проект од својата изборна програма најави изградба на социјални станови. „ Изградба на станови кои ќе може да ги користат семејствата со социјален ризик, огромна помош да добијат свој дом, но исто така и оние граѓани кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом“, рече Милошевски кандидадтот за гардоначалник . Милошевски презентира и други мерки за социјална заштита...

Continue reading

Коректен тек имаат досега претседателските и предвремените локални избори

Post Views: 10 Оливер Деркоски, претседателот на ДИК со членови на Комисијата оствари средба со петмината кандидатите за градоначалник на Охрид и со општинската изборна администрација. Деркоски даде позитивна отценка за досегашниот тек на претседателските и предвремените локални избори. Упати порака до кандидатите и понатака да го задржат нивото на фер и позитивна кампања. „Се надевам дека така и ќе остане докрај. Иако очекувам да се зголеми интензитетот на полтичкиот натпревар при крај на кампањата. Но, не очекувам посериозни нарушувања.Имаат добри кандидати 3-те општини , сериозни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top