Post Views: 0
Општина Охрид ја изготви Физибилити студијата за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. Со тоа тргнуваат работите од мртва точка во насока на решавање на еден горлив проблем за производителите на храна, трговците и угостителите. Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа е нарачател на студијата во која сега се дефинирани сите услови во однос на производството и побарувачката на локалните производи, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. Претходно беа согледани потребите и бенефитот од една ваква инвестиција во регионот. Земјоделските...
Post Views: 10
Сканадалот со продавниците Нефа-мебел не го заобиколи ни Охрид . Од 24 мај салонот во центарот на градот е празен и под клуч. Овој продажен простор беше еден од 14- те во земјава кој го тресе аферата со измамени купувачи кои платиле мебел и чекаат испорака, а во меѓувреме продажните салони преку ноќ останаа празни и затворени. Засега е неизвесно колку купувачи од регионов се изманипулирани и останаа без испорачан, а платен мебел. До Државниот пазарен инспекторат во Охрид утринава помош и совет побарал само еден купувач.
„ Веднаш е излезено на лице место и констатирано...
Post Views: 2
Куче бездомник нападна и повреди малолетно девојче во близина на охридската болница. Милчо Трифуноски, дедо на девојчето кое дошло кај нив на гости, раскажува дека неговата внука била нападната од куче скитиник и завршила со сериозни повреди на рацете. Трифуноски вели дека овој немил настан ги вознемирил неговите внучиња , но и целото семејство. Раскажува како се случил настанот кој можел да има и посериозни последици по неговата внука.
„Вчера, бев во дворот и ги гледав внуците како играат. Кучето се зададе од другата страна на просторот и мислев нема да им се приближи,...
Post Views: 7
Подигање на расадник со автохтони охридски сорти црешна е една од потребите во охридскиот регион за да се заврши процесот на брендирање на црешната охридска црна и долгашишка. Брендирањето на овие две сорти цреша е од пред две години. Посета на охридскиот регион и средба со овоштарите од Здружението „Охридска черешна 2015“ имаше заменик министерот за земјоделие Благе Цветковиќ со неговите соработници. Тие ги слушна потребите и проблемите на овоштарите, но им укажаа и на процедурите кои треба да ги испочитуваат за полесно да ги пласираат производите на европските пазари....
Post Views: 10
Локалната самоуправа од Струга подготвила документација за изградба на пристанишtе. Идејата да се воведе бродска линија Охрид – Струга не е нова ни неостварлива. Капетан Горан Устијаноски од охридската капетанија на пристаништа информира дека е изготвен акционен план за изградба на пристаниште во Струга како задолжение од Владата. Од министерството за транспорт и врски посочуваат дека сега на потег е локалната самоуправа во Струга. Но, градоначалникот Зијадин Села, вели Струга има неколку локации каде што може да доаѓаат и поаѓаат пловни објекти. Потврдува дека ...
Post Views: 0
По објавениот јавен повик во јануари за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги граѓаните сеуште чекаат на таа мерка, истакна на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиноски.
„Наместо 670,00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата тие добиваат исти сметки од Јавните претпријатија како останатите граѓани. Ова ли е односот којшто го ветуваше Георгиески за граѓаните?Скоро половина година ќе помине, а крајот на февруари заврши повикот за субвенционирањето на трошоците за комунални услуги кој требаше да се однесува за периодот...
Post Views: 2
Организаторите на Охрид треил и градот подготвени за одржување на новиот спортски настан кој ќе се одржи на 25 мај. Над 150 спортисти од 15 земји ќе земат учество во комбинираната трка, трчање и пешачење низ одредени предели во НП Галичица. Патеката е во должина од 60 км и 35 км, а стартот е од Св. Наум и кампот Елешец, а ќе финишира на градскиот плоштад. На трката од 35 км ќе се приклучи и охридскиот градоначалник Константин Георгиески.
„Овој настан освен што го промовира и поттикнува спортот има за цел да ги афирмира и убавините на градот и планината Галичица. Сметам...
Post Views: 3
Пред стартот на летната туристичка сезона градот ќе става ред во хаосот со паркирањето на туристичките автобуси во централното градско подрачје. Градоначалникот Константин Георгиески и одделението за сообраќај при ЛС бараат најефикасно решение заедно со полицијата, хотелиерите и туристичките оператори за да се среди овој сегмент во сообраќајот. Предлагаат туристите кои доаѓаат во Охрид со автобуски превоз да се симнуваат и качуваат во центарот на градот на паркингот кај информатичкиот факултет. ЈП Билјанини извори кое стопанисува со паркинзите ќе го отстапи тој простор...
Post Views: 2
Имате прекрасен град и природа, но не и понуда во гастрономијата и кулинарството, проговори за состојбите во охридското угостителствбо Џорџо Дијана, италијанскиот врвен кулинар. Мора доста да работите за да се подобрат состојбите, особено во едукацијата на готвачите кои се без елементарни знаења, а недостасуваат и квалитетните локални продукти кои ги имате во поднебјето, но не се во кујните на рестораните, забележува Дијана. Тоа е како да имате ламборџини со мотор од фијат, искрен во сугестиите Дијана, шеф со Мишелин ѕвезда.
„Она што недостасува кај локалните шефови...
Post Views: 6
Единаесет лица се здобија со телесни повреди од кои едно со тешки, во денеска случената сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар-Струга во близина на селото Велешта. Сообраќајната несреќа се случила во момент кога мини бус со струшки регистарски таблици кој сообраќал и вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга изгубил контрола над возилото и скршнал на спротивната лева коловозна лента при што со предниот дел удрил во левата страна во моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски таблици.
Осум патници се префрлени во општата болница во Струга...
Post Views: 10
Во рамките на настанот „Гастро тура – 2019“ во Охрид се присутни Џорџо Дијана , шеф со Мишелин ѕвезда и Андреа Бијаџини консултант и сопственик на „Food & Lifestyle“ . Настанот е во организација на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство Охрид и Туристичкиот кластер ЕДЕН. Гостите од Италија ќе одржат Mастер класови за студентите по гастрономија, готвачите, менаџерите и сопствениците на охридските угостителски објекти. Угостителството е важен дел од еден комплетен туристички производ и токму затоа треба постојано да се преземаат мерки за осовременување...
Post Views: 0
Федерацијата и здруженијата на пчелари од земјава и понатака ќе добиваат финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Љупчо Николоски, ресорниот министер вели влегуваме во процес на знаења и размена на искуства во област на пчеларството со словенечкото министерство.
„На секој можен начин ќе ги поддржиме пчеларите преку субвенционирање и техничка поддршка, но и разни други начини, нови мерки и развојни политики. Разговаравме и со словенечкото ресорно министерство и ни требаат позитивни исксуства од останатите земји“, најавува Николоски.
Александра...