Post Views: 0
Ставен е под контрола шумскиот пожар кој три дена беснееше на планината над селото Велмеј. Пожарот бил пријавен во ТППЕ Охрид, на пладне на 11 август. Во гаснењето на пожарот не можел да се вклучи човечкиот фактор заради непристапноста на теренот и густата вегетација па на помош се вклучиле два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите за гасење пожари со 10 лета интервенирале во справување со шумскиот пожар која зафати и опустоши над 50 хектари шума, претежно со ниска стеблеста вегетација и даб, информира дип. шум. инж. Јовче Цветкоски, раководител за безбедност...
Post Views: 1
Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, обвини на денешната прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК Вмро Дпмне. Тој обвини дека Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажале со ребалансот и драстичното кратења на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски.
„ Од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители....
Post Views: 7
Утврдени цените со кои ЈП Билјанини извори ќе наплаќа за паркирање на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Има место за прифаќање на 147 пловни објекти и се бара место повеќе за паркирање на пловните објекти. Засега се потпишани преддоговори и се исполнети сите обележани паркинг места во каналот. На листа на чекање се десетина сопственици на глисери, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини Извори.
„Ние потпишваме 145 преддоговори со глсиери и катамарани и кајчиња. 25 преддоговори има со едрлици кои се на почетокот на каналот пред мостот. Средивме и...
Post Views: 1
Народниот театар од Истанбул ќе ја игра култната театарска претстава „Буре Барут“ на македонскиот драматург Дејан Дуковски. Режисер на претставата е Јилдирај Шахинлер. „Буре Барут“ е претстава која се прикажувала во многу европски земји и во светот. Ремек-делото е составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина.
Режисерот Јилдирај Шахинлер , е директор на Народниот театар Истанбул и е дел од актерската екипа . Шахинлер е почестен што е дел од фестивалот „Охридско лето. Како режисер практикувам импровизација, но се разбира, со дозвола на драматургот...
Post Views: 0
Реконструкција на постојната и изведба на нова патна мрежа, подготовка на техничка документација за локални и регионални патишта за 2019, најавуваат од Центaрот за развој на Југозападниот плански регион. 8 -те одобрени регионални проекти тежат околу 1 милион евра, а се наменети за повеќе општини од планскиот регион, од повеќе извори на финансирање, вели директорот на Центарот Мирјана Лозаноска. Извори за финансирање на одобрените проекти се Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2019, како и...
Post Views: 2
Во Охрид од денес стапува на сила мораториум за градење. Тоа е одлука на мнозинството охридски советници на Градскиот совет во Општина Охрид со што се постапува по Заклучоците од 146 седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности.Oхридските советници покажаа единство за клучни теми важни за градот, рече градоначалникот Константин Георгиески.
„ Тоа значи од денес се воведува времен прекин на спроведување и донесување на Урбанистички планови, Урбанистички плански документации, Архитектонско урбанистичко проектирање на територија на општина Охрид....
Post Views: 0
Најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго“ 2019 е „Пад на системот или Како Балканските народи сфатија дека Бог не постои“. Комисијата за избор на најдобар расказ во состав од еминентни имиња од македонското литературно творештво, Кристина Николовска, Славе Ѓорого Димоски и Димитар Пандев го избраа расказот под шифра 11 од 40 пристигнати раскази.
„ Пристигнатите раскажи се одликуваа со нови теми. Со што се покажува напредок во развојот на македонскиот расказ. Особено расказите на овој конкурс опфаќаат широк дијапазон на теми вонременски и вонпросторни. Најдобриот...
Post Views: 0
Историските архиви кријат многу податоци за поврзаноста на Михајло Пупин и Охрид, вели историчарот Проф. д-р Павле Митерски кој го истражувал животот и делото на Михајло Пупин и е автор на неколку книги за светски познатиот научник. Професорот дошол до нови историски факти за повразностана научникот и некогашен Охрид. Едно од сознанијата е што охриѓани го прогласиле Михајло Пупин за почесен граѓанин на Охрид. Повелбата ја испратил тогашниот градоначалник, охриѓанецот Темко Поповиќ, дипломат и книжевник од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
„ Одлуката на советот на град...
Post Views: 5
Локалната и ЈП-ја ќе ги следат препораките на Државната комисија за спречување на корупција која утврди судир на интереси во склучени договри или кои се во тек да се склучат со фирма или фирми блиски до советникот Нефи Усеини. Томе Џамтоски, портпарол на ЛС инфромира дека општината годинава нема склучено договор со фирма или фирми блиски со советникот Усеини иако такви фирми се пријавиле на 2 тендерски постапки. Во едната за рушење на дивоградби испаднал од постапката според законската регулатива, додека за другиот тендер за поправка на училишните кровови постапката...
Post Views: 2
Последниот пожар на кој интервенирале охридските пожарникари се случил на куќа во центарот на село Пештани. Околу падне , вчера ТППЕ со 2 возила и 8 пожарникари за многу кратко време успешно ликвидирала пожар кој поради збиеност на куќите лесно можел да се прошири и да предизвика катастрофа. Опожарената куќа била стара и напуштена, а причината за пожарот допрва ќе се утврдува. Територијалната противпожарна единица деновиве со 6 возила и 40 пожарникари беше ангажирана околу обезбедување на културните манифестации што се одржуваа во Охрид. Пожарникарите со 3 возила биле...
Post Views: 1
Од Одделението за сообраќај при Локалната самоуправа информираат дека без големи проблеми се одвива функционирањето на системот и 4 рампи со кои се регулира влезот и излез на возилата во стариот дел од градот. Ги отфрлаат реакциите на граѓани кои се жалат дека се случува да влезат од една рампа, но не можат да излезат на друга како изолирани случаи.
„ Системот е врзан во целина со 4 -те рампи на еден софтвер. Тоа е можно ако има прекин на интернет врските. Тие се изолирани случаи, неколку случаи се случиле. На 2 пати кај рампата Каменско снема струја во тој дел од градот....
Post Views: 7
Аптеките кои досега немаа склучено договори со Фондот за здравствено осигурување сега ќе може да издаваат лекови со партиципација,а специјалистите ќе може да отворат ординации во местото кое ќе го изберат. Со измените го нема ограничувањето за отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договори според финансиските можности на Фондот. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Уредбата за мрежата на здравствениустанови, што Владата ја усвои на последната седница. Овозможено е проширување на мрежата на здравствени установи, односно делот на аптеките...