Post Views: 9
Основците од Ванчо Николески од село Лескоец добија подобри училишни услови. Со рекострукцијата на централната зграда се интервенираше во градежни зафати за санација на работните простории и училишните тоалети, информира Елена Ел Нади, директор на ОУ Ванчо Николески.
„Најгорлив проблем беа санитарните јазли и се насочивме кон решавање на тој проблем. Целосно реконструирани беа канализационата мрежа, поставување на нови плочки и санитарни елементи. Се обработија и ѕидовите во училниците, се гипсираа таваните, се освежи и ламперијата, а и холот доби ново осветлување....
Post Views: 2
ЈП Охридски комуналец бара начини како да се справи со чадењето на депонијата Буково. Горењето на депонијата се случува под дејство на хемиски процес, во услови на недостаток на кислород и ослободување на метан. Тој е гас кој предизвикува ефект на стаклена градина и со палењето се ослободуваат јаглероден диоксид и други токсични материи.
„Ние цело лето потрошивме огромни средства и многу труд вложивме за покривање со земја на делови каде што гори депонијата. Но, таа оксидира и ова е максимум што ние може да направиме. Во тек е јавна набавка на прскање на депонијата со...
Post Views: 6
Мачна слика на градскиот плоштад од агонијата во која се најдоа две бездомни затруени кучиња. Засега непознат сторител се обидел масовно да ги отруе напуштените кучиња во градскиот парк. Овој нецивилизиран чин, кој наиде на остра осуда од охриѓани, заврши со едно пцовисано куче, а за две, ветеринарот кој дојде на повик на Здружението за заштита на животните „ Анималија“, се бореше да им ги спаси животите. Климент Арнаудов, активист од Анималија, стравува дека бројот на затруени кучиња може да биде поголем.
„ Може има и други отрови расфрлани на околу. На терен сме и...
Post Views: 4
Охрид го одбележа 7 ми Ноември Денот на ослободувањето. Со полагање на 75 рози за 75 години слободен живот градот им одаде почит на сите борци кои дале придонес во стекнување на слободата од фашистичкиот окупатор. Во организација на Општина Охрид и ОО Сојузот на Борци се одржаа бројни свечености. Се одржа и свечена академија на која се обрати градоначалникот Константин Георгиески.
Денес, се потсетуваме на пожртвуваноста на борците кои пред 75 години ги вградија своите животи за слободата на Охрид, рече меѓу другото во обраќањето Георгиески.
„Историјата забележала многу...
Post Views: 7
Повеќе споредни улички кои се сечат со главната улица Илија Смически во Лескоец ќе бидат поврзани на фекална канализација. Се поставуваат цевковод фи 200 и шахти. За дел од жителите од Лескоец тоа ќе значи решавање на голем комунален проблем и крај на постоечките септичките јами на кои досега беа поврзани жителите од ова приградска населба.
„Екипи на Нискоградба работат на градежни зафати на 3 краци од улицата Илија Смически во должина од околу 300 метри. Планирано е да се работи и на уште еден крак и на дел од патот што води од селото Лескоец кон селото Лакочереј“,...
Post Views: 0
Заврши на 1-ви ноември рокот за вадење дозоволи за работа за занаетчиите и вршителите на занаетчски дејности. Според, измените на Законот за вршење на занаетчиска дејност досега само 96 занаетчии од 250 регистрирани во охридската Занаетчиска комора имаат дозвола за работа. Бројот пак, кај вршителите на занаетчиска дејност во Охрид е уште помал. Од 500 евидентирани во Министерството за економија само 13 -мина го испочитувале законскиот рок од 2 годишно прилагодување, вели Сашо Богоески , претседателот на Занаетчиската комора на Охрид.
„Нема вршење на занаетчиска дејност...
Post Views: 1
Македонските граѓани живеат во нездрава еколошка средина. Јавноста е секојдневно бомбардирана со податоци за аерозагдувањето, загадувањето на водата и почвата. Евегенија Крстевска, адвокат и докторант од областа на правото на води при Филозофскиот факултет, тврди дека во земјава недостасуваат точни податоци колкав е бројот на претставки кои граѓаните и НВО ги покренале против загадувачите на животната средина до надлежните институции и Јавното обвинителство. Нема податоци ни за кои сторители е досега покрената постапка на гонење, вели Крстевска.
„Самите институции...
Post Views: 8
Жителите кои имале проблеми со излевање на водите од речните корита на Коселска, Сушица и Грашница стравуваат дека е можно повторно да им се случат поплави доколку не се исчистат речните канали. Тие посочуваат дека во речното корито на Коселска, но и во останатите речни корита, под влијание на долгиот сушен период кој траеше од месец јули па се досега нема ни капка вода, а тоа носи опасност каналите да бидат обрастени со вегетација и корења кои ќе го попречат нормалниот водотек. Како втор проблем, го наведуваат органскиот отпад кој завршува во речните корита, а го фрлаат...
Post Views: 34
НУ Завод и музеј обезбеди средства од ресорното министерство за реконструкција на 5 приватни објекти во Охрид. Станува збор за заштита на семејните куќи на Ленче Петанова на ул.Димитар Влахов, Томислав Стефоски на ул. Гоце Делчев, Славко Патчев на ул. Цар Самоил, Стевче Талев на ул 11 Октомври и куќата на Момирови во сопственост на Завод и Музеј на ул. Илинденска. Со тоа продoложува институционалната грижа во заштитата на приватните објекти кои со својата архитектура се дел од значајното културно наследство , информира Даниела Недељковиќ, в.д. дир на Завод за заштита...
Post Views: 2
НП Галичица ги следи светските примери во управувањето со природните ресурси. Од прогласувањето пред 6 децении до денес националниот парк се трансформира и ги менува активностите во користење на природните ресурси на планината. Денес, во рамките на одбележување на јубилејот беа промовирани нова веб страна и мобилна апликација. Посетителите ќе добиваат повеќе информации и слики со што ќе им стануваат подостапни убавините на псркот, кажа Васко Паскали, директор на НУ НП Галичица.
„Се повеќе се имплетираат туристичките активности за разлика од порано кога паркот се самофинансираше...
Post Views: 4
Во охридското кино ќе се прикажува филмот “Врба на режисерот Милчо Манчески. Шестото долго метражно остварување на Манчески тргнува да ја освојува домашната публика со премиерните проекции кои ќе се случат истовремено во Скопје, Битола, Штип и Охрид. Охридските љубители на филмската уметност ќе имаат можност да го видат најновиот филм на Манчевски по само десеттина дена од светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим.
„Прикажувањето почнува утре во петок и ќе се дава во наредните 5 дена се до вторник 5 ноември. Ја поканувам охридската публика да ужива во филмската...
Post Views: 0
Жителите од повеќето села од општина Дебрца пијат вода со лош квалитет. Тоа се должи на нестручното управување со водоводните системи кои се под надлежност на месните заедници, вели првиот човек на општина Дебрца, Зоран Ногачески .
„Еден од пропблемите со кои се соочуваме е тоа што до крај не е уредено управувањето со водоснабдителниот систем. Во еден дел е затекната стара состојба каде со водоснабдителниот систем управуваат месните заедници. Според Законот за вода тоа не е дозволиво. Проблемот е во здравствената исправност на водата за пиење. Анализите на Центарот за...