Автор: Валентина Неловска

упевче

Славко Упевче со изложба во Вевчани

Post Views: 1 Во Вевчани се прават завршните подоготовки за одржување на утрешниот традиционален  карневал. Атмосферата во Вевчани започна да се загрева  сонастапите на музичките групи Слаткаристика, Сарс и Брас Брадарс. Покрај настапот на музичките групи манифестацијата се збогатува  и со две  изложби.  Гостите во Вевчани ќе може да погледнат две изложби икони на резбарот Александар Баткоски  и слики од охридскиот академски сликар Славко Упевче. Неговите уметнички дела  ќе бидат изложени во Вевчани една недела. Упевче по 3 децении повторно гостува со изложба по неговото прво претставување...

Continue reading

Забележани се две еленчиња нови рожби во репродуктивниот центар за елени во НП Галичица

Post Views: 4 Во Националниот Парк Галичица се забележани првите две рожби на елените од репродуктивниот центар. Вработените од паркот се на терен и ги пребројуваат новородените еленчиња. Центарот со површина од 86 хектари од декември 2019 година е дом на 30 елени од кои 24 се женки и 6 мажјаци, информира Андон Бојаџи од НП.  „Според техничката спецификација од тендерот требаше да бидат бремени. Се потврди и кон крајот на месец мај и почетокот на месец јуни се породуваат. Вработени на паркот се на терен и ќе се обидат да констатираат колку млади се родени“, вели Бојаџи . Во зимскиот...

Continue reading

Наскоро се очекува почетокот на реализација на проектот Дувло или Свинишки извори

Post Views: 8 Наскоро се очекува да почне со реализација на проектот за подобрување на водоснабдувањето на Охрид и населените места од поранешната општина Косел од изворот Дувло или Свинишки извори. Капацитетот на изворот е 220 литри во секунда и со цевковод фи 400 и ќе биде во должина од 21 км. Владата и Локалната самоуправа финансиски ќе го поддржат започнувањето на проектот вреден 3,2 милиони евра, а парите се проектирани во буџетот , информира Свeтозар Стефановиќ,  дирeктор на ЈП Водовод . „Проектот ќе се изведува во две фази. Во првата фаза, околу 1,2 милиони евра средства се...

Continue reading

Од 8 јуни започнуваат полагањата во јунската испитна сесија на ФТУ Охрид

Post Views: 11 На Факултетот за туризам и угостителство од понеделник стартува јунската испитна сесија. Во тек е колоквиумската недела за над 630 студенти од овој факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски. Од 8 јуни стартува јунската испитна сесија за која врз основа на барање на Студенското собарние на Универзитетот полагањето ќе се одвива со физичко присуство на студентите, вели Цветко Андреески, декан на ФТУ. „За начинот на изведување на испитната сесија е донесена одлука на владата. Ние како факултет ќе ги испочитуваме сите прописи според одлуката. Ќе одржуваме дистанца...

Continue reading

Има голем интерес кај граѓаните за користење на платежната картичка Купувај Домашно

Post Views: 5 Платежната картичка од 9000 денари која владата ја најави како помош за таргетирани ранливи категори, приматели на гарантирана минимална помош и невработените лица побудува огромен интерес кај граѓаните. Платежната картичка КУПУВАЈ ДОМАШНО ги следува граѓаните со низок доход односно приматели на социјална помош ( гарантирана минимална помош, детски додаток, додаток за образование, корисник на право за социјална сигурност за старите лица). Голем број од нив секојдневно бараат информации во Центрите за социјални работи. 536 семејства во Охрид се евидентирани како приматели...

Continue reading

Епидемиолозите наидуваат на отпор при тестирање на Ковид 19

Post Views: 1 Епидемиолозите се сретнуваат со предизвици и тешкотии во справувањето со Ковид 19. Кога започна епидемијата имавме помалку потешкотии, сега како се попуштаат мерките се олабавуваат и луѓето. Имаме одредени проблеми не само во Лабуништа туку и во други средини каде што луѓето одбиваат да се тестираат. Луѓето се плашат да бидат тестирани да не бидат позитивни што е апсурдно, а ние мора да се справуваме со ситуациите, вели Сашо Точков директор на ЦЈЗ . „Ние немаме друг механизам освен да побараме асистенција од полиција. Тоа се случувало на неколку пати во дел од селските...

Continue reading

Набавено современо амбуланто возило за потребите на Здруженито „Мозочен удар“

Post Views: 0 Обезбедено е амбулантно возило за потребите на граѓаните и здравствените работници од Здружението „Мозочен удар“. Тие како дел од проектот „Квалитетно здравство“ го набавија амбулантното возило преку ИПА програмите на ЕУ со финансиска поддршка од охридската Локална самоуправа. Возилото ќе се користи за подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги за граѓаните од југозападниот регион кој опафаќа над 230. 000 жители, информира д-р Маја Божиноска Смическа.  „Целта на возилото и лабораториската опрема кои ги набавивме е за теренски...

Continue reading

Усвоен Ребалансот на Буџетот на општина Охрид

Post Views: 1 Со 13 гласови за и 7 против градските советници го донесоа Ребалансот на Буџетот на Општина Охрид тежок околу 21 милион денари  кратење на непродуктивни трошоци. За советниците од опозицијата со ребалансот се крати од туризмот, образование, спорт , култура , ПП заштита. Несфатливо е за Охрид кој живее од туризам наместо помош за туризмот и локалниот економски развој да се кратат средствата за ТЛЕР во вкупен износ од 6.580.000 денари, кажа советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Со овај ребаланс ги уништувате туристичките работници, станоиздавачи, хотелиери, туристичките...

Continue reading

Короната ги секна парите за рурален развој и специфични рурални подрачја

Post Views: 3 Ковид 19 ги секна и парите за рурален развој и специфични рурални подрачја. Пандемијата предизвика економска криза која ги зафати сите сектори па тоа влијаеше владата и министерството за финансии да проценат дека финансиска поддршка имаат поважни проекти, информира Горан Милески, министер за Локална самоуправа. Од 8-те милиони евра ставени на располагање на Бирото за регионален развој за 8 -те плански региони во земјава успеавме да поделиме само 70 проценти, додава Милески. Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните мерки...

Continue reading

Започна асфалтирањето на тротоарите на улицата 15-ти Корпус

Post Views: 6 Почна да се поставува асфалт на дел од тротоарите на улицата 15-ти Корпус која е со должина на трасата од 2 км. За реконструкција на сообраќајницата која е северен влез на градот се обезбедени 58 милиони денари средства од владата и од општинскиот буџет. Преку ЈП Државни патишта за реконструкција на коловозот се обезбедени 28 милиони денари, а другиот дел се средства од буџетот на општината, напомeнува охридскиoт градоначaлник Константин Георгиески. „Тротоарите кои ги асфалтираме , поставувањето на новото осветлување и поставувањето на атмосферската канализација се од...

Continue reading

Се чекаше во ред за дарување на крв

Post Views: 1 Редица охриѓани чекаа да даруваат крв на вонредната крводарителна акција. Матуранти, претставници од јавните претпријатија, општинската администрација, полициски службеници, граѓани беа дел од хуманите луѓе кои даруваа крв. Многу од нив таа одлука ја донесле за прв пат во животот. Меѓу нив беше и охриѓанката Лидија Неданоска која стрпливо го чекаше својот ред за да дарува за прв пат крв. „Искрено изминтиве три месеци и перидот кој што беше навистина тежок за целиот свет и за нас го испровицира она хуманото во нас да бидеме хумани и да помогнеме кој колку можеме и на...

Continue reading

Угостителите кои имаат летни тераси ги чекаат протоколите за работа

Post Views: 0 Угостителите кои имаат летни тераси ги чекаат протоколите според кои ќе треба да работат од утре. Сите охридски угостители не се во иста ситуација и многу од нив се во дилема дали воопшто ќе ги отворат објектите за да почне првата фаза со олабавување на мерките за работа, вели Михаил Мишев претседател на еснафот на Охридските угостители. „Постојат дилеми бидејќи редукцијата е огромна и во просторијата и на масите, присуството во објектите и начинот на чекање гости, не е дозволено стоење на шанк. Кафулињата гостите ќе треба да ги чекаат надвор на шеталиште. Скратено е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top