Post Views: 17
Младите пливачи сепак летово ќе има каде да тренираат. Локалната самоуправа ќе им излезе во пресрет на пливачките школи ќе се постават пливачки патеки пред малото пристаниште. Заради Ковид 19 под клуч ќе останат отворените базени на СРЦ Билјанини извори. Спортскиот клуб Охридски бранови поднесе барање за спортските активности да се одвиваат на малото пристаниште, информира Јоне Станкоски од одделението за спорт при ЛС. Општина Охрид е во фаза на издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за пливачките патеки за да се одвиваат тренинзите по пливање. Согласноста...
Post Views: 2
Завршени се сите подготовки за нормално функционирање на избирачките одбори на сите гласачки места во општина Охрид , информира Климент Камнароски, претседател на ОИК. Поделени се 880 решенија на претседатели, заменици претседатели, членови и заменици на членови кои се во составот на избирачките одбори. Од претходниот состав на ИО 40 лица биле иземени и на нивно место се поставени нови членови од страна на ДИК“ , кажува Камнароски.
„Има промени на луѓе кои се иземени од работни позиции кои заминале в пензија, се на боледување или се со хронични заболувања кои се ослободени...
Post Views: 2
Петар Колев, претседателот на Граѓанско демократскат унија во Охрид, заедно со носителот на Изборната едница 5, Даниел Јорданоски и со останатите колеги од листата и ИШ ги запознаа охриѓани и регионот со нивните приоритети за овие избори. Колев, напомена дека ГДУ како еден од основните столбови и приоритети во својата основната политичката платформа и во предизборна програмата ја има поставено реформата во администрација и промената на политичкиот систем.
„Затоа ГДУ се залага за намалување на бројот на пратениците во Собранието на РМ на 90 по моделот на Словенија, во...
Post Views: 7
Едногласно беа усвоени 9 точки од дневниот ред од кои три беа ставени како дополнение на денешниoт дневен ред на 44 -та седница на Градскиот совет. Охридските советници усвоија да се даде 2 милиони денари субвенција за набавка на унифицирани тезги за градски пазар, локација за преместување на бистата на Григор Прличев и донација од 400 м квадратни ламинат за охридските училишта од Кармен Бауцентар.
Покрај, овие три дополнети точки советниците ги усвоија и предлог- одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје, времено...
Post Views: 7
Пливачите и тренерите по пливање со нетрпение чекаат да почнат со работа отворените базени во Охрид. Спортските работници од пливачката школа Акваспирит се во голема неизвесност дали и кога ќе се отворат двата пливачки базени на СРЦ Билјанини извори. Нивните телефони постојано ѕвонат, а тие немаат одговор на прашањето од младите вљубеници во овој спорт кога ќе почнат новите уписи и тренинзите, вели пливачкиот тренер Славчо Цветкоски од ПШ Акваспирит.
„Има голем интерес за отворање и отпочнување со работа на пливачките школи и клубови посебно во летниот период бидејќи...
Post Views: 0
„Стојам пред Вас и сакам со гордост да потсетам дека бев дел од најновата историја на нашата Татковина која се пишуваше изминатите три години. Во парламентот работевме напорно, се боревме со деструктивците од ВМРО ДПМНЕ и останатите опоненти“, рече Жаклина Лазаревска – кандидат за пратеник од СДСМ и Коалицијата Можеме. Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат, на патот на евроинтеграциите, напомена Лазаревска.
„Доживеавме многу немили сцени, притисоци, закани, дури и обиди за линч, но излеговме победници. Секој миг кога требаше...
Post Views: 1
Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого, порача Кирил Пецков, кандидат за пратеник од ВМДО ДПМНЕ и коалицијата. Приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во здравството ќе бидат стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните, предвидливост и континуитет на работата, како и донесување на Национална здравствена стратегија заснована на неколку постулати, кажа Пецаков.
„Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија...
Post Views: 2
Од први јули се воведуваат нови правила со цел да се запре ширењето на КОВИД-19 на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, информираат од ТАВ Македонија. Интензивно се подготвувале за повторно отворање на двата аеродроми. Во меѓувреме, ги следеле практиките од останатите аеродроми во светот. Нивната цел е да овозможат соодветна хигиенско и здравствена заштита на патниците, персоналот и партнерите, по нивното затворање на 19 и на 16 март годинава како дел од мерките за спречување на влез и ширење на КОВИД-19.
Меѓу правилата кои се воведуваат...
Post Views: 9
Од денес се проширува листата на продавници и услуги кои ќе се достапни за граѓаните со картичката „Купувам домашно“. Со новата уредба се додадени нови дејности и услуги. Граѓаните покрај храна, ќе може да купуваат лекови во аптеки, во продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинство. Може да платат и за фризерски услуги, во салоните за убавина и за други услужни дејности.
Домашната платежна картичка дополнета и со услужни дејности во хотели, одморалишта, кампови и други...
Post Views: 5
Ќе има преместување на избирачки места во петтата изборна единица во Охрид за гласањето на претстојните предвремени парламентарни избори. Од 89 гласачки места досега се констатирало дека 20-тина избирачки места во Охрид не ги исполнуваат условите според протоколите за безбедно гласање на избирачите. Ова го покажал досегашен увид на состојбата на избирачките места направен од страна на Државната изборна комисија од подрачното одделение на избирачките места во Охрид и Дебрца. Во општина Дебрца од увидот на 28 -те избирачки места се констатирало дека се безбедни за гласање...
Post Views: 13
Угостителските објекти на плажите од Далјан до Пештани под лупа на Државниот пазарен инспекторат и УЈП. Инспекторите од ДПИ изрекле опомена на објектите кои биле затекнати да работат на плажите каде се истечени договорите за закуп и им дале рок да затворат до крајов на месецов. Ова доаѓа откако Владата со Уредбата за враќање на плажите во првобитна состојба ги овласти ДПИ и УЈП да вршат контрола на работата на угостителската дејност на економските оператори на крајбрежјето на Охридското Езеро и да затвора објекти.
„Веќе Државниот пазарен инспекторат излезе на терен...
Post Views: 5
Денешната епидемиолошка состојба во Охрид е повторно лоша со 13 ново потврдени случаи на Ковид 19 и едно починато лице. Така, Охрид денес достигна бројка од 92 активни случаи, а од ЦЈЗ очекуваат бројот да расте. Две недели Охрид се соочуваае со неповолна состојба со Ковид 19 и зголемен број на позитивни лица и тестирања упатени од матичен лекар и епидемилог. Се чекаат да пристигнат резулататите од тестираните лица од минатата недела, вели Сашо Точков , кој при тоа кажува дека се соочуваат со одредени проблеми.
„Не е срамота да сте заразени од ковид срамно е да ги лажете...