Автор: Валентина Неловска

дип

Промовирана 41 -та генерација завршени студенти на ФТУ

Post Views: 2 На Факултетот за туризам и угостителство беа доделени дипломи на 150 завршени студенти од повеќе насоки. Со тоа беше промовирана новата 41 генерација на завршени студенти од оваа високо образовна иснтитуција. Дел од дипломците ќе бараат работа, а дел ќе продолжат со мастерските студии. Деканот, Проф. Д-р Сашо Коруноски имаше свое обраќање пред дипломците. При тоа, деканот истакна дека животот е полн со предизвици, кои треба постојано да се совладуваат и да се постигнуваат нови успеси.  „Ова е само една скала од вашиот професионален развој и сакам да ве поканам да продолжите...

Continue reading

komo

Во Охрид ќе се прска против комарци

Post Views: 6 Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари. Службите од Центарот за јавно здравје и охридската Локална самоуправа веќе се состанале и разговарале за спроведување на мерките за заштита кои произлегуваат од Законот за Јавно здравство. Најави има дека во градот ќе се прска против комарци во два наврати, во мај и јуни, а против глувците во септември. Градоначалникот Александар Петрески нема дилема за преземањето на...

Continue reading

болница

Вработувања лекари без партиско влијание

Post Views: 4  ЈЗУ „Општа болница“ Охрид ќе го освежува медицинскиот персонал со вработување на четворица лекари по општа пракса. На почетокот од оваа година Владата дала согласност за вработување на 5 лица, а во моментов тече оглас за 4 лекари. Наскоро, ќе се распише објава за прием на уште еден лекар по општа пракса, информира директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов. Првиот човек на болницата кажува дека во нивната здравстѕвена установа има етапно освежување на медицинскиот кадар како резултат на анализата за развој на ова установа направена пред 5 години. Лани беа примени 3-ца...

Continue reading

kino

Старото кино станува руина

Post Views: 2 Некогашната гордост на градот, киното Охридско езеро, полека се претвора во руина. Објектот кој се наоѓа во строгиот центар на градот остава грда слика со својата запуштеност. Непознати лица го искршиле долниот прозор и внатрешноста на објектот ја претвориле во депонија. Од зградата се шири неподнослива реа. Искршените стакла од горните прозори преставуваат сериозна опасност за минувачите да не завршат врз нечија глава под налет на ветар. Граѓаните реагираат дека покрај објектот поминуваат со страв. Минувачите се почесто ја заобиколуваат зградата и преминуваат на другата...

Continue reading

болница

Aнемија ги напаѓа децата

Post Views: 2 Родители внимавајте анемија ги напаѓа децата. Здравствената слика на охриѓани покажува дека во регионот бeлежaт пораст анемијата и заболувањата на тироидната жлезда. Кај предшколските деца на возраст до 7 години на прво место преовладуваат заболувањата на дишните патишта со 58 проценти, а веднаш зад нив следува анемијата со 3,5 посто, укажува д-р Слободанка Коцевска, од охридскиот Центар за јавно здравство. Најчесто на удар се предшколските деца, појаснува д-р Коцевска. „Причина за откривање на анемијата и заземањето второ место се честите лабораториски контроли кај...

Continue reading

месец

Месечината во перигеј фотографирана над Охрид

Post Views: 0  Фотографии од Месечината во перигеј од небото над Охрид направија двајца охриѓани, аматери и вљубеници во астрономијата. Стојан Стојановски и Сашо Божиноски  избрале локација во населбата Видобишта од каде што го следеле орбиталното движење на Месечината кога таа е најблиску до Земјата. Стојановски и Божиноски трпеливо направиле прекрасни фотографии и снимки на Месечината во перигеј. „Времето беше идеално, прво чекавме да изгрее Месечината, снимавме и сликавме трпеливо со часови. Околу 5 часот изутрината го чекавме нејзиниот залез. Снимките кои ги направивме се убави,...

Continue reading

cinar

Тивко умира Охридскиот чинар

Post Views: 15 Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот. На надворешноста од најстарото дрво во градот е видливо поткопувањето на стеблото. Дрвото беше санирано во пролетта, 2002 година кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата. Дрвото се претпоставува дека е засадено...

Continue reading

penzi

Пензионерите од село бараат бесплатен превоз до град

Post Views: 0 Секој понеделник бесплатен превоз до градот бараат пензионерите од селските населби од околината на Охрид и од Дебрца. Сакаат бенефиција како и скопските колеги кои веќе една година, еднаш во неделата користат бесплатен градски превоз. Повеќето пензионери од руралните средини од Охрид и Дебрца се со ниски пензии и имаат реална потреба еднаш неделно да дојдат во градот на пазар, на доктор или да купат лекови. Во селата во Дебрца, како и во охридските, нема амбуланти и аптеки, а повеќето жители во своите средини купуваат само основни животни продукти. Од Здружението веќе...

Continue reading

канал

Во споредниот канал Студенчишта плива отпад

Post Views: 6 Споредниот канал кој тече околу спортско рекреативниот центар Билјанини извори и се влева во каналот Студенчишта е прекриен со цврст отпад. Пластични шишиња, лименки и окрек пливаат во водата и оставаат грда слика за нашата еколошка совест. Надлежните институции на локално и државно ниво, кој треба да се грижат за хигиената на јавните површини, продолжуваат со добро познатата реторика за своите ингеренции. Танас Танаксоки, главниот општински инспектор се оградува од надлежностите за чистење. Од општинскиот инспекторат велат дека споредниот канал е под надлежност на...

Continue reading

gerdan

Конечно, отворена музичка сцена

Post Views: 1 Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот...

Continue reading

знак

За мирна старост поголема полициска заштита

Post Views: 1 Поголема полициска заштита за спокојна старост сакаат пензионерите од Дебрца. Пензионерите од руралните средини, покрај немањето на амбуланти и аптеки, се почесто се жалат дека се жртви на кражби и на семејно насилство. За да се чујаат потребите и проблемите на пензионерите Здруженито на пензионери од Охрид и Дебрца практикува директни средби со членовите во 30 -те месни ограноци, нагласува претседетелот Ѓорги Трпчески. Се почесто пензионерите отворено ги кажуваат своите маки на овие средби. Тие не се чувствуваат безбедни затоа што нема полициска станица во Дебрца и...

Continue reading

врте

Бесни деца искршени реквизити

Post Views: 10 Детските игралишта, кои денес се замена за некогашните маалски лединки,се места каде што градските деца минуваат дел од времето во игра. Но, се почесто, овие игралишта безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top