Post Views: 1
Силниот дожд кој утрово наврна во Охрид поплави делови од градските улици, а предизвика и излевање на канализациони шахти. Атмосферската канализација не можеше да ги прими обилните дождовни води. Екипите на Нискоградба се справуваа со зголемен број интервенции на терен, информираат од ЈП. На поголем дел од територијата на градот, и понатака атмосферските води како што е дождовницата од олуците се слева во фекалната наместо во атмосферската канализација. Мрежата на покриеност на градот со атмосферска канализација е околу 30 до 40 проценти.
Екипите на Нискоградба се...
Post Views: 1
Градот ќе изработи проект за решавање на сообраќајниот метеж во близина на пазарот. Една од покритичните точки е на пресекот со улиците Абас Емин, Гоце Делчев и Кирил и Методи кои ги поврзуваат жителите од Стар град со централното грaдско подрачје и населбата Лескајцa. Сообраќајните гужви им создаваат нервоза на жителите и на туристите во централното градско подрачје. За овој реон, градот наскоро ќе почне постапка за изготвување на сообраќајно решение. За таа цел ќе поднесеме барање до надлежни фирми кои изработуваат сообраќјани проекти, информира Зоран Шикалоски од...
Post Views: 6
Промовирана научната студија „Балканскиот етнички феникс“ од д-р Рубин Земон. Ова е антрополшки етнолошка монографија, моја докторска дисертација за Балканските Египќани, вели Земон. Монографијата е изградена врз нови сознанија, податоци, случувања и феномени и е научен придонес за обичната и научната јавност.
„Содржи голем број историски извори, податоци, артефакти, детали од етнокултурата на Балканските Египќани и е дело за подобар развој на нашето мултикултурно општество, за подигање на свеста за различноста на нашето општество, едно општество кое целиме да го градиме....
Post Views: 2
Потрошувачката на вода за пиење од градскиот водовод е зголемена. Тоа е резултат на зголемениот број на гости во градот, но и на расипничкото трошење на водата со полевање на бавчи и полнење на базени. Во текот на летната сезона се случува жителите од повисоките делови од градот, висококатниците и приградските населби да имаат намален притисок на вода за пиење од водоводниот систем, напоменува Светозар Стефановиќ, директор на ЈП „Водовод“„.
„Да се поведе сметка околу рационалната потрошувачка на вода, во смисла на полнење на базени, залевање на паркови и бавчи со цел...
Post Views: 3
Зголемени се потребите од кислород за лекување на пациенти болни од Ковид 19 во двете општи болници во Охрид и Струга. Лекувањето во охридската болница сега е на задоволително ниво, информира д-р Горан Балевски, директор на Општа болница Охрид. Мојата заложба беше болницата да е во целосна функција. Покрај, пациенти од Ковид 19, мора да се лекуваат и пациентите на останатите оддели. Во болницата, на специјалистите инфектолози на помош им доаѓаат со ротација колегите интернисти и сестри од хируршкиот оддел. На одделот каде што се третираат пациенти позитивни на Ковид...
Post Views: 1
Во средното општинско училиште „Св Кирил и Методиј“ изведена симулациска вежба за евакуација во случај на земјотрес и пожар. Во показната вежба покрај наставниците и учениците од економското училиште, учествуваа и претставници од Општинската организација на Црвен крст, Територијалната против пожарна единица, Секторот за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за спасување и заштита. Сценариото на вежбата имаше за цел да го испроба планот за евакуација и да се види подготвеноста на сите институции во нивната координација за безбедна евакуација...
Post Views: 8
Студенчишкото блато ќе биде прогласено за заштитено подрачје. Мнозинството советници во охридскиот совет денеска ја изгласа предлог одлуката за предлагање прогласување за заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија Парк на природата. На денешната седница претходно беше усвоена Студијата за валоризација на просторот на Студенчишкото блато. Изготвувачот на студијата кажа дека станува збор за уникатен еко систем и на блатото се направени зони на заштита. Според студијата се предлага реставрација на Блатото и обновување на природната врска со Охридското езеро и понатамошно...
Post Views: 0
По околу 30 интервенции на терен во текот на 24 часа имаат во просек лекарите од охридската Итна медицинска помош. Дополнително имаат амбулантни интервенции, вели д-р Љупка Николоска, раководител на службата. И оваа летна сезона брзата помош се соочува со бројни интервеници, како што се давање помош на хроничните болни, сообраќајни несреќи, транспорт на болни во Скопје. Но, посебно се загрижени за зачестените интервенции кај малолетици во алкохолизирана состојба, посочува д-р Љупка Николоска, раководител на ИМП.
„Во однос на малолетниците апелирам до родителите да имаат...
Post Views: 1
ЈП СРЦ Билјанини извори ќе ги проширува спортските терени. Наскоро ќе се уредуваат површини за спортување на две спортски дисциплини како што се кошарката и фудбалот. Едниот терен ќе биде непосредно до затворениот пливачки базен кој е во тек на изградба. Кај Агенцијата за млади и спорт наидовме на позитивен одговор. Потребно е да се формира Владата за да се потпише договор, а ќе почне да се гради паралелно со базенот. Кога ќе биде готов базенот ќе биде готов и тој терен, вели Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори.
„Ние побаравме од Агенцијата за млади...
Post Views: 0
Охридските туристички работници ќе бидат дел од утрешниот најавен протест во Скопје. Вработените во туристичките агенции, водичите, придружнците, превозниците и останите кои се дел од туристичкиот сектор имаат низа економски барања. Тие преку Стопанската комора утре ќе ги испорачаат до владата, информира Елида Битрак од ТА „Елида турс“.
Меѓу барањата за помош на овој сектор кој е најпогоден од Ковид кризата се предлагаат продолжување со дел од економските мерки, но да се воведат и други субвенции и поволности за опстанок. Бараат неповратна финансиска помош за плаќање...
Post Views: 2
Општа болница Охрид од Министерсвото за здравство ќе добие монтажна модуларна болница како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона вирус. Со тоа болницата ќе добие тријажен центар и ќе се прошират капацитетите за лекување на болни од Ковид 19, информира Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница. Двата монтажни објекти ќе се постават во кругот на болницата со што ќе се прошират капацитетите за 35 кревети.
„За модуларните болници имаме голем простор има пристап од две страни за влез и излез по протоколите и проектот за триажен центар....
Post Views: 0
Се привршува санацијата на колекторскиот систем. Интезнивно се работи на пречистителната станица во Враништа, информираат од ДЈП Колектор. Директорот Владимир Алексијоски, вели дека работите се скоро на самиот крај.
„Во моментов се поставуваат редукторите на пречистителната станица во Враништа . На охридскиот дел колктроскито систем е во целост завршен. Со прочистување, вовлекување на цевка во цевка, репарција на пумпните станици“.
При изведување на санацијата на колекторскиот систем од ДЈП на терен откриле и бројни диви приклочоци на системот, информира Алексијоски.
„Ние...