Post Views: 0
Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат во топлото јулско претпладне. Овие млади пливачи сакаат да тренираат водени спортови за да станат врвни пливачи, маратонци, па дури и ватерполисти. Тие како што велат, неизмерно го сакаат спортот и пливањето, па со нетрпение очекуваат да почнат со работа школите за пливање. Од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ потврдуваат дека интересот на децата за посета на школите за пливање е огромен. Најавуваат дека веќе од утре школите стартуваат со подучување на пливачките техники. На базените...
Post Views: 10
Фрчат пријави против загадувачите на езерото. Со несовесните загадувачи се справуваат и Општинскиот инспекторат и Државниот инспектор за животна средина. Државниот инпектор од лани овој период до денес, на охридско струшката ривиера имал полни раце работа. Напишал 38 записници и издал осумнаесет решенија со предупредувања за да се елиминираат загадувањата. Државниот инспектор укажува дека и правни лица и поединци се прекршители на законот за животна средина. Тие најчесто се огрешиле во законот со истурање боја со која ги бојадисувале чамците и со прегорено масло...
Post Views: 7
Врелото сонце ги вжешти политичките страсти и за Законот за Охрид. Прозивки и докажувања кој е во право, а кој го кочи изготвувањето на ДУП за да почне имплементирањето на Законот за Охрид.Портпаролот Никола Митровиќ од говорницата на ОК на Вмро Дпмне обвини дека градоначалникот Александар Петрески заради негови урбани политики не сака да го спроведе Законот за Охрид. Повика градоначалникот Петрески да постапи според членовите 6 и 13 од Законот за Охрид. Во тој закон утвреден е рок од една година од донесувањето на законот да се донесе ДУП за целата заштитена зона,...
Post Views: 6
Истекува рокот на општините да ги згрижат кучињата скитници. Ветеринарниот инспекторат уште во април им издал решенија на општините да отпочнат со подготовки. Задолженијата се изготвени по Законот за ветеринарно здравство и Законот за благостотојба на животните. Во склад со законските прописи за 60 дена Локалните самоуправи мора да најдат начин кучињата скитници да добијат похуман третман од институциите. Од ветеринарниот инспекторат наскоро најавуваат и проверка како општините во пракса се справуваат со овој сериозен проблем. Градоначалниците на четири Локални самоуправи, ...
Post Views: 4
ОО на СДСМ одржа прес конфернција за состојбите во Општа болница Охрид. При тоа кажаа дека охриѓанки се породуваат во Струга, а фамилијата печали пари во Охрид. Во измантиве две години во Охрид наталитетот паѓа, а во Струга се шири, ете така ВМРО ДПМНЕ води грижа за охриѓани, истакна претседателот на ОО СДСМ Наум Јованоски. И додаде дека парите и профитот им е пред граѓаните и здравјето на охриѓани.
„Играта се откри, заврши. Болницата ќе ја догради дедото на зетот, пратеникот и висок функционер на Вмро Дпмне, Александар Спасеноски. На наводна електронска аукција од...
Post Views: 2
Стариот проблем со недостаток на јавни тоалети, градот и оваа сезона ќе го решава со поставуавње на мобилни тоалети, како и минатата. Тоалети од цврста градба, можно е да има дури за идната сезона, наговестува Симон Илиески, портапролот на Локалната самоуправа.
„Локациите се утврдени, но се наоѓаат на државно земјиште и се дел од програмата која ја имаме поднесено до Министерството за транспорт и врски. Од таму сеуште нема одговор не само за јавните тоалети туку и за објектите кои влегуваат во поголемите локации како што се катните гаражи или автобуската станица“,...
Post Views: 19
Паметните мислители од основното училиште „Братство Единство“ покажаа дека се најдобри на конкурсот на најголемиот образовен портал во светот „Think life“. Тим од четири ученици под менторство на професор Марија Пупиноска Гогова освоија прво место, во силна конуренција од 5600 проекти од училишта од цел свет, на проектот „Промени ги навиките, штеди енергија“. Задоволството од успехот е видливо на насмеаните лица на учениците Владо Војданоски, Ангела Јорданоска, Моника Донеска и Ангела Петреска. Овие вредни и трудољубиви ученици велат дека за нив оваа победа е големо...
Post Views: 5
Во трите охридски државни средни училишта заврши првиот уписен рок. Во СОУ „Св Климент Охридски“ и понатака е најпривлечно за упис гимназиското образование каде што е најголем бројот на запишани средношколци.Од планираните 442 ученици во трите насоки, во гимназиското образование се запишале 211 ученици. Потфрлање има во еконоското училиште каде од 78 слободни места се примени 58 ученици. Во здравствената струка од 34 се запишале 16 ученици,а има уште 18 слободни места. Во првиот уписен рок во оваа образовна институција биле одбиени 66 основци од сите струки кои...
Post Views: 2
Населбите Центар и Видобишта останаа без статус на урбани заедници. Инцидентот што се случи во Видобишта, пред нешто повеќе од една година, на Собирот на граѓани, при формирањето на урбаната заедница при избор на раководство, го прекина нејзиното формирање. Покрај оваа урбана заедница без раководство остана и Центар кон која требаше да се приклучи Долна Влашка маала. Од Локалната самоуправа тврдат дека овој недовршен процес во формирањето на урбаните заедници нема негативни последици во нивното функционирање. Комуналните потреби на граѓаните од овие две населби се влезени...
Post Views: 7
Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 20 степени целзјусови. Се поголем е бројот на капачи кои спасот од високите температури го бараат во езерските води. И годинава капачите ќе се безбедни и ќе можат спокојно да спортуваат и да се рекреираат. Во прилог на љубителите на пливањето и водените спортови одат резултатите од последната анализа направена во Центарот за јавно здравство. Екипите од Центарот зеле мостри од 30 мерни места, в долж охридското и струшкото крајбрежје, за да го испитаат хемискиот и микробилошкиот квалитет на водата, информира бромологот...
Post Views: 3
Од денес, на повеќе охридски улици започнува примената на летниот сообраќаен режим. На последната седница, посебен режим на еднонасочен сообраќај, советниците донесоа и за неколку улици во населбата Билјанини извори. На 4 -те улици: „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „Мирче Ацев“ и „Карпош Војвода“, еднонасочниот сообраќај ќе се одвива кон и од улицата „Јане Сандански“, која се сече со овие улици, информира Зоран Шикалоски од Фондот за комунален развој. Сообраќајниот тек е испланиран за граѓаните да не вртат големи кругови, а со цел да се спречат сообраќајните незгоди на...
Post Views: 1
Со нова техника ќе се подновува охридскиот театар. Тоа значи збогум за застарената техника присутна на неговата сцена. Подновувањето е резултат на најавата Министерството за култура да ги осовремени технички, театарските застарени сцени во земјава. Меѓу македонските театарски куќи се најде и охридската кој веќе една година има статус на народен театар. Застарената опрема од минатиот век со која во моментов располагаат актерите ќе се замени со најнова современа техника. Пред една година на барање од Министерството за култура, Центарот за култура направил анализа што...