Post Views: 0
Шест охридски јавни претпријатија ќе добијат финансиска поддршка од државата меѓу 89те од земјава. 144 милиони денари ќе им бидат поделени на членките на АДКОМ, Здружението на даватели на комунални услуги на Македонија, според бројот на вработените, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
„Голем финансиски товар ни наметна неколкумесечниот каранти во пролетните месеци. За тие месеци со одлука на општина Охрид , ЈП Охридски комуанелц не беше во можност да фактурира износи за извршени услуги кон правни и физички лица кои не функционираа заради...
Post Views: 11
Невработените лица со попреченост наоѓаат егзистенција во неколку охридски производствени компании. На пазарот на труд државата ги стимулира фирмите кои ќе вработат лица со инвалидитет преку посебен фонд за стимулација на работодавачите, информира Елведина Дика, директорка на охридската Агенција за вработување. Компаниите притоа мора да исполнат одредени критериуми. Дика ги појаснува состојбите со оваа категорија на невработени. Напоменува дека 95 проценти од нив се без занимање, мал број имаат завршено основно училиште, а повеќето не може да конкурираат за вработување...
Post Views: 0
Една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во НП Галичица констатирале во 2020 службите од оваа Национална установа. Андон Бојаџи од НП, напоменува дека во рамките на паркот во континуитет се случуваат бесправни активности како што се изградба на објекти, но и на балкони или потпорни ѕидови.
„Чуварите на НП прават записник за констатација дека на некоја парцела има градежни активности. Установата подготвува извештај со заклучоци и препораки. Поглемиот дел од извештаите ги правам јас и барам редовно институцијата да се обрати до Градежниот инспекторат...
Post Views: 3
Шест ученици од музичкото училиште „Методи Патче“ освоија врвни награди на два Меѓународни натпревари. Специјални награди добија Ана Кузманоска на пијано и Ана Матеска на флејта. Младата пијанистка Кузманоска од класата на професор Ана Крстаноска учествуваше на Mеѓународниот натпревар за млади таленти во Скопје, а флејтиската Матеска во класата на професор Нина Момироска, настапи на Mеѓународниот натпревар „Охрид те сакам“. На интернационалниот натпревар „Охрид те сакам“ први награди по флејта добија и Ива Чанова и Леона Неделкоска од класата на професор Нина Момироска....
Post Views: 12
Охридските инспектори по сообраќај при контроли на такси превзониците на охридскиот аеродром откриле голем број струшки нелегални такси превозници. Таксистите од соседниот град биле затекнати како превезуваат патници без соодветна лиценца за такси дејност, информира Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид.
„Во однос на контролите кои се правени на аеродромот во Охрид, а за кој имаме надлежност во договор со општина Дебрца, забележливо е дека такси превозниците од Охрид имаат многу мал број на прекршоци, за разлика од такси превозниците од Струга кои превезуваат патници...
Post Views: 2
Во Општа болница Охрид се лекуваат 111 пациенти од ковид 19 во моментов, информира директорот на болницата д-р Горан Балески. Во болницата има 5-6 слободни кревети во зависност од бројката на отпуштени и излекувани пациенти во текот на денот. Луѓето кои се лекуваат во општа болница се на возраст од 35 до 90 години. Имаме 40 паценти кои се на кислородна поддршка, а 20 тина пациенти се со потешка клиничка слика.
„Сепак 111 паценти да примите не е лесно лекувањето. Во саботата имавме потрошувачка од 50 боци кислород. За еден ден, во текот на 24 часа беа потрошени по 40...
Post Views: 7
Стопанската комора предлага конкретни мерки за преструктуирање на агроиндуструјата во земјава. И покрај тоа што ресорното министерството го субвенционира овој сектор имаме нестабилно производство на пченица, сточниот фонд се намалува, а се зголемуваат увозот на овошје и зеленчук со што Македонија од традиционален производител денес е голем увозник, кажа Васко Ристовски од Стопанската комора на РМ.
„Млечната, месната, винската и мелничарската индустрија се клучни подсектори во агроиндустријата со потенцијал за развој и бизнис секторот има концепирано мерки за развој....
Post Views: 0
На 4 локации во градот ќе се поставуваат подземни контејнери. Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ започнуваат пилот проект со поставување на подземни контејнери на локации кај Горна Порта, пред ПТТ на Кеј , на раскрсницата помеѓу Даме Груев и Туристичка и на пресекот од улицата Јане Сандански на влезот од улицата Славеј планина. Локациите се внимателно разгледувани и избрани, онаму каде што имаме проблеми со одлагањето на отпадот од страна на граѓаните, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
„Овие подземни контејнери кои ги набавува...
Post Views: 2
Изречена парична казна за лицето кое направи мини депонија растоварајќи го ѓубрето од својата викендичка на патот кон Велестово. Лицето беше фотографирано од случаен минувач кој го затекнал како се ослободува од домашниот отпад на недозволена локација во рамките на НП Галичица. Фотографиите беа доставени до ЈП „Охридски Комуналец“, а потоа и до општинскиот инспекторат и СВР Охрид.
„Идентификувано е лицето кое го оставило шутот во НП Галичица.Направен е записник на лице место , записник со сторителот и е издадено решение и налог за глоба. Целосно е завршена целата постапака....
Post Views: 5
Сибил Сутер, Швајцарската амбасадорка и Нарине Сахакјан од УНДП остварија работна средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на Совет, Живка Ангелоска. Беше искажано задоволство од реализираните проекти поддржани УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. Во рамки на проектот за зајакнување на општинските совети во Охрид беше реновирана големата сала во општинската зграда, беа изградени пристапни скали и е поставена пристапна лифт платформа за лицата со посебни потреб . Градоначалникот се заблагодари за поддршката на двете...
Post Views: 1
Владата даде зелено светло за апликацијата за номинирање на Охридско Езеро и Студенчишкото блато за место во Светската Рамсар Листа. Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе треба да отпочнат постапка за да достават апликација за номинирање на Охридско Eзеро до Секретаријатот на Рамсарската конвенција. Влатко Трпевски, раководител на секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, за ТВМ изјави какво е значењето за Охридското Езеро ако се најде на Рамсар листата заштитени...
Post Views: 3
„Охридски пливачки легенди“ е насловот на документарниот филм посветен на Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи, 4 -та најдобри охридски пливачи во дисциплината маратон, вели авторот Љупчо Паункоски. Се надевам дека филмот ќе придонесе младите да се занимаваат со овој спорт и да се врати пливачкиот сјај на градот. Филмот е направен за 4ца кои потекнуваат од нашиот град и кои со своите достигнувања треба да останат засекогаш запаметени, вели Паункоски.
„Се работи за извонредни пливачи кои во своето време го преставува нашиот град и држава, не само во границите...