Post Views: 0
По 51 пат вечерва во Струга почнува реномираната светски позната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. На пресс конференцијата организирана во чест на добитникот на златниот венец на Монгани Вали – Сероте, лауреатот, но и организаторот на оваа манифетсацијата открија детали за поезијата на годинешниот добитник на златниот венец. Сероте не го криеше задоволството што токму тој е добитник на ова високо свтски признание. Пред да проговори за неговите дела, проговори за периодот на расна дискриминација во неговата Јужна Африка, притоа потенцирајќи дека оваа...
Post Views: 4
На повидок конечко решение со кое ќе се стави крај на проблемот со вода за жителите од Горно Лакочереј. Директорот на МЈП Проаква, Златко Старкоски открива дека тимови од ЈП последниве месеци активно работеле на изнаоѓење на решение со цел да се обезбеди доволна количина и квалитетна вода за жителите од Горно Лакочереј.
Според директорот, Проаква и локалната самоуправа изготвиле три проекти, кои ќе понудат трајно решение на проблемот. Првата варијанта, според Старкоски е бушење на нови извори и поставување на цевки. Тој додава дека веќе било извршено едно бушење кое...
Post Views: 2
Изградбата на канализационата мрежа во Горно, Долно Лакочереј и Орман, во завршна фаза. Активностите кои локалната ги започна пред 4 – 5 месеци треба да завршат до крајот на летово, најавуваат од локалната самоуправа.
„Чинам изградени се околу 500 – 600 метри и тоа започнавме од најодалечната точка од Горно Лакочереј, а паралелно се поставуваше и нов водоснабдителен систем за овие две села“, вели раководител на одд. За комунален развој и улици, Зоран Шикалески.
Шикалески додава дека паралелно со изградбата на канализационата мрежа на делот кон населбата Радојца...
Post Views: 6
Верниците со исламска вероисповест го слават празникот Рамазан Бајрам со кој завршува Светиот месец Рамазан и се означи крајот на едномесечниот пост. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена, денеска е вториот ден од празникот. Ведат Хасан Сарачаглу пензиониран наставник кој сега живее во Истамбул – Турција се потсетува како некогаш се славел Рамазан Бајрам или Шеќер Бајрам во Охрид. Раскажува дека кога биле деца родителите ги носеле од роднина до роднина, од пријател до пријател со цел да ги запознаат, а во денешно време родителите оделе сами, а децата...
Post Views: 14
Учениците кои беа дел од летната школа за класична гитара велат дека се горди што имале можност познатата професорка од Бугарија да им ги пренесе своите знаења и искуства и додваат дека со задоволство ќе ги применуваат новите техники и знаења кои ги научиле.
„Задоволството е огромно да се биде дел од ваков настан каде се споделуваат искуства и се учат нови техники и каде се запознаваме меѓу себе ние класичните гитаристи. Презадоволен сум што сум дел од ова и се надевам дека во иднина уште повеќе ќе има учесници со што би добиле еден квалитетен фестивал на овие простори...
Post Views: 6
Со добивањето концесионер на Охридското Езеро, за излов на риба за стопански риболов, Владата доби партнер кој ќе се грижи заедно со сите државни институции за дополнителна заштита на рибниот фонд, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски кој денеска го посети Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Министрот додава дека Риболовните основи кои ги изработиле стручните лица од хидробиолошкиот институт и 14 доктори на науки, беа неопходни за да се прецизира како ќе се врши изловот на риба, како да се објават тендерите и како...
Post Views: 4
Обидот на ВМРО ДПМНЕ, преку советничката Јованка Дамоска Секулоска да им олесни на охриѓани и гостите не помина кај градските избраници. Имено по долга расправа и по низа навреди упатени и од опозицијата и од позицијата во советот, сепак, на крај пет советници гласаа ЗА, осум против и еден остана воздржан, со што предлог одлуката за измени на одлуката за организирање на режим на сообраќај, односно иницијативата на советничката од ВМРО- ДПМНЕ, Јованка Дамовска- Секулоска, за укинување на наплатата за паркинг на улицата „Партизанска“, не се усвои.„Главната цел за нашиот...
Post Views: 10
Годинава спектаклот ќе се одржи во дворот на Охридската Гимназија на 07 август. Директорот Наум Рилковски открива дека се подготвува настан за паметење, не само за матурантите, туку и за сите останати, кои ќе дојдат да ја поздрават оваа успешна генерација. Кулминација на прославата ќе биде концертот на светски познатот музичар, охриѓанецот Владимир Василески – Четкар.
„Мислам дека нетреба многу зборови за да се каже кој е што е. Тој е врвен и светски музичар кој во чест на матурантите но со подршка на градоначалникот овој концерт ќе биде во дворот на гиманзијата....
Post Views: 2
Членови на потесното семејство на Никола Манески, пријатели, ученици, колеги, соработници уште еднаш му одадоа почит пред неговото вечно почивалиште. „Никола Манески беше извонредна личност. Тој за време на неговиот живот ни ги покажа вистинските професионални и морални вредности“, вели портпаролот на СВР Охрид и негов многу добар пријател Стефан Димовски.
„Сакам да потенцирам дека новинарот и портпарол Никола Манески кој секогаш со посебен пиетет зборуваше за новинарството и со сите свои сили се трудеше да ни ги долови тајните на новинарството, вклучувајќи го сегментот...
Post Views: 6
Кои се приоритетите и потребите на луѓето? Доколку на некого сон му е да купи автомобил или да оди на одмор, други сонуваат да купат леб и да имаат сопствен кров над глава. 48 годишниот Николчо Крстеноски живее од денеска за утре и мака мачи да обезбеди корка леб за своите две деца. Веќе пет години откако неговата сопруга го оставила поради друг со децата и нговата мајка живее во трошна куќа во Велгошти. Не е способен да работи, а преживува благодарение на хуманите луѓе и Црвениот Крст, кои одвреме навреме му донираат основни прехрамбени намирници и гардероба.
„Работа...
Post Views: 19
На + 40 степени десеттина семејства од Видобишта немаат вода ни за пиење. Тие велат дека неколку години имаат проблем со водоснабдувањето, но дека последниве години состојбата е катастрофална. Во име на засегнатите жители од Прва мекедонска удара бригада јавно за својот проблем пред камерата на ТвМ проговори Стојче Ставрески. Тој вели дека нивната мака се интензивирала од кога се доселил нивниот нов комшија и одкако на улицата била направена шахтата и поставен шибер.
„Со тој шибер делумно водата ја ограничуваат. Што значи кракот на оваа страна и оваа куќа овде се...
Post Views: 1
Претседателот на ЛДП, Дејан Блажески во саботата имал непријатно искуство со двајца полициски службеници, од СВР. Тој открива дека во саботата на 28 јули во 16 часот и 30 минути бил малтретиран, испрашуван и навредуван, на улицата Крали Марко, без никаква причина, по што го ослободиле.
„Попладнето, се рекреирав на патеката на која последниве 2 години тоа го правам секојдневно. На улицата Крали Марко на околу 1 километар од мојот дом, од позади грб, бев запрен од полициско комбе со двајца полицајци кои прво грубо ме распрашуваа што правам, за што јас детално им обајснав...