Post Views: 1
Децата сеуште учат под азбестни покриви. Речиси сите основни училишта во градов се покриени со азбестни плочи кои не се променети со децении. Знаејќи ги штетните последици од азбестот кој е радиоактивен материјал ова е податок кој сите сериозно треба да не загрижи. Во основното училиште „Григор Прличев“ директорката Силвија Мојсоска вели дека и двете згради се покриени со азбест. Постарата зграда е од 1959 год. И тогаш покривот бил направен со азбестни плочи. И после реконструкцијата која била направена во меѓувреме тие не биле отстранети. И новата зграда која е изградена...
Post Views: 6
Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог.
–Ми се закачи крлеж и отидов на лекар па интервенираа. Многу непријатна случка. Сега многу внимавам кога се движам каде што има високи треви, вели еден наш сограѓанин.
–Крлежите ги има по тревата ама и од милениците. Тие што имаат кучиња и мачки треба да водат сметка за нив, вели една охриѓанка.
Лекарите објаснуваат...
Post Views: 16
Планетата Земја и нејзините убавини инспирација за професионалните но и за фотографите аматери. Од 01.05 2014 до 31.05 2014 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ја сака Земјата. Овој натпревар на фотографии е организиран од Википедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја. Учесниците на натпреварот ќе имаат за цел да направат фотографии од природни паркови, природни резервати и споменици. По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени награди во две категории: за најдобра фотографија и за најдобар придонесувач....
Post Views: 1
Охриѓани деновиве се жалат на квалитетот на водата за пиење. Велат дека има чуден мирис и е заматена и додаваат дека по се изгледа тоа се должи на обилните дождови кои ги имавме изминативе денови. Од Центарот за јавно здравје смируваат. Велат дека водата од градскиот водовод постојано се контролира и дека е со добар квалитет.
–Апелирам до сите граѓани кои ќе почувствуваат или видат некое отстапување од квалитетот на водата да се јават во Центарот за јавно здравје или да ја користат нашата веб страна каде можат да се информираат за одредени препораки не само за...
Post Views: 3
Од денес официјално започнува новата туристичка сезона. Претпладнето на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ пристигнаа првите холандски гости. Со чартер лет на Корендон и тур- операторот Фибула Ер Травел слетаа 189 патници.
– Осми пат доаѓам во Македонија. Прв пат бев тука пред 7 години и навистина се вљубив во вашата земја. Среќна сум што сум повторно тука, ми надојдоа солзи во очите кога авионот слетуваше на аеродромот во Охрид, се осеќав како да си доаѓам дома , изјави една од гостинките од Холандија кои денес пристигнаа во Охрид.-Јас прв пат доаѓам тука....
Post Views: 0
Матурантите од средното економско училиште денес во улога на успешни бизнисмени. Тие на традиционалниот саем на виртуелни училишни компании открија само дел од своите афинитети симулирајќи најразлични бизниси. Агенции за туризам, хотели, аква паркови, компании за трговија со пијалоци, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година.
На денешната свеченост учениците имаа можност да ги презентираат вештините, искуствата и достигнувањата стекнати во текот на образовниот процес. Организаторите на проектот повеќе од задоволни...
Post Views: 2
Моите чувства поради овие историски мигови на големата двојна победа на коалиција на ВМРО-ДПМНЕ сакам да ги споделам со сите граѓани на Охрид и Република Македонија и со вас медиумите, рече новиот пратеник од Охрид, доктор Сашо Василевски на денешната пресс конференција која беше одржана за прв пат по прогласувањето на победата на претседателските и парламентарните избори.
– Ја добивме поддршката на народот и затоа искрено им сме благодарни и ги уверувам дека нашата работа во парламентарниот дом исклучиво ќе биде за интересите на нашата држава, Република Македонија...
Post Views: 3
Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен. Години наназад се ветува и е еден од главните проекти со кој скоро пред сите избори се излегува пред граѓаните, но никако да се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески минатата година вети дека оваа година и тоа во месец април ќе се започне со градежните работи на базенот, но на терен нема ништо од тоа. Бакрачески изјави дека подготвителните работи веќе се започнати и дека во септември или октомври годинава ќе почнат и градежните работи.
–По наша иницијатива Министерството за транспорт и врски...
Post Views: 9
Колеџот Јахја Кемал денес беше претесен за сите кои учествуваа на Саемот за наука и култура кој беше организиран во оваа среднообразовна институција. На триесетина штандови основците од Охрид кои беа гости ги имаа поставено своите научни истражувања и своите културни обележја. Можеа да се видат најразлични експерименти од областа на биологијата, географијата, физикаат, хемијата, како и многу предмети карактеристични за македонската, албанската, турската па и другите европски и светски култури. На еден штанд се престави и ОМУ Методиј Патчев каде негови ученици изведуваа...
Post Views: 0
Под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, а по повод одбележување на Неделата на солидарност, Црвен крст од Охрид организира хуманитарна акција. Целта е подигање на свеста на населението за помош и поддршка на ранливото население за обезбедување храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца.
–Во последно време со оглед на економската ситуација на граѓаните бројот на оние на кои им е потребна ваква помош расте....
Post Views: 1
Ќе се прави современа пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк. Таа ќе биде широка десет метри и ќе содржи две пешачки зони од по четири метри и уште две патеки од по страните во широчина од по еден метар кои ќе се користат за велосипеди и ролери. Во средината ќе биде хортикултурно уредена со комунална инфраструктура и со современо осветлување. Патеката ќе биде долга 1390метри а ќе се реализира со средства од ИПА фондовите. Општина Охрид во заедничка соработка со општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун аплицирале со заеднички...
Post Views: 3
Кучињата скитници повторно го окупираат градов. Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Тие во групи окупираат одредени територии во кои тешко кој од граѓаните ќе се осмели да се приближи. Со страв одат децата на училиште, со страв се враќаат граѓаните дома во подоцните ноќни часови. Овие бездомни животни голем број граѓани преплашиле, нападнале па дури и касналее. Охриѓани бараат надлежните што поскоро да го решат овој проблем.
Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа вели дека овој проблем се провлекува години наназад. ...