Автор: Јаковлева Лионела

lizgaliste

Лизгалиште на градскиот плоштад нема да има

Post Views: 1   Дилемата разрешена. Лизгалиште на градскиот плоштад нема да има. Граѓаниоте посебно помладите останаа покуси за една атракција во зимскиот период кога во градов има малку анимациски активности каде би можеле да го трошат своето слободно време. Оваа година за жал по огласот што го имавме објавено не се јавија заимнтересирани страни а веќе е доцна да објавуваме втор за да најдеме нова заинтересирана страна. Јас навистина жалам што оваа година Секторот за ТЛЕР не успеа да го реализира овој проект за кој минатата година од многумина бевме пофалени, рече градоначалникот...

Continue reading

hotel

Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници

Post Views: 1 Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници. Хотелиерите велат дека најголем дел од гостите се од соседните земји и тоа од Србија и Бугарија. Цените за тридневен аранжман се движат од 110 до 150 евра по лице. Од хотелите Метропол и Белви велат дека многу се задоволни од продажбата на аранжманите во овој хотелски комплекс. Кај нив капацитетите се исполнети речиси 100%. Најголемиот дел од гостите се странци кои имаат резервирано тридневни или четиридневни аранжмани, а само 120 лица имаат резервирано само за дочекот на новата година кој чини 27 евра....

Continue reading

Bozik

Верниците од католичка вероисповед слават Божик

Post Views: 0 Верниците од Католичка вероисповед денес го празнуваат христовото раѓање по грегоријанскиот  календар.   Во католичката црква „Св Кирил и Методиј“во Охрид синоќа , на Бадник, се одржа вечерна миса на која присуствувал меѓу верниците и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, а денес се празнува Божиќ.„Ние го славиме Божик , овој празник  е еден од најгоемите радсони празници во Христијанската вера. На овој празник се роди Исус Христос во мала пештера за да донесе мир во човекот, напатен со немири и омрази, Исус се насели меѓунас д абиде со нас и д адонес емир. Поракат ...

Continue reading

kostal

Германски “Костал“ потврди доаѓа во Охрид

Post Views: 9 Германски „Костал“ доаѓа  во Охрид. Оваа компанија е водечки извозник на  технолошко – напредни производи од делот на електрониката, електромеханиката и мехатрониката за автомобилската и други сродни индустрии. Инвестицискиот план на “Костал“ за Охрид, се поклопува со  локалната стратегија за  економски развој на градот. Во почетокот на 2015-та година ќе почне како браунфилд инвестиција во некој од постоечките стопански објекти во Охрид, за по две години да се трансформира во целосна гринфилд инвестиција во ТИРЗ Охрид- Струга, најави охридскиот градоначалник Бакрачески....

Continue reading

zlatna maska

Златната маска и нараквицата конечно во Охрид

Post Views: 72   Охрид конечно ја доби долго најавуваната Златна соба. После дванаесет години интензивна работа на стручните тимови, непроценливото движно богатство откриено на ледината кај Горна порта, златната маска и златната нараквица се сместени во куќата на Робевци и ќе можат да ги видат охриѓани и пошироката јавност. Се работи за 447 артефакти со непроценлива вредност, златни, сребрени и позлатени предмети од колекцијата на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, кои потекнуваат од 7 век п. н.е. до 19 век, кои на посетителите ќе им овозможат да го видат...

Continue reading

tribina

Мобилен парламент : Како влијае урбанизацијата врз уништување на Охридското езеро

Post Views: 3 На јавна дебата граѓани,експерти, екологисти, ученици, политичари  ги искажаа своите ставови на темата „Дали прекумерната урбанизација го уништува Охридското езеро“.  Големата посетеност на дебатата потврди дека охриѓани и стружани се загрижени за она што му се случува на езерото.  Трибината беше организирана од страна на граѓанската асоцијација Мост, на која изостана присуството на преставници од Локалната  власт, од охридските пратеници, но и од најповиканите од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро. Се слушнаа дискусии во кои граѓаните посочуваа...

Continue reading

trotoari

Во 2015та нови тротоари или…

Post Views: 1 Тротоарите на Булевар „Туристичка“ сеуште чекаат подобри времиња за да бидат реконструирани. Посебно тој од западниот влез во градов е во очајна состојба. Граѓаните кои таму живеат велат дека ваквата слика не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека минатата пролет требало да биде направен, сеуште ништо на терен , вели Миле Кипариз, житетел на УЗ Воска. Тој раскажува дека десетина пати преставници на ова урбана заедница биле во Локалната и доставувале барања за санација на тротоарите. Барањата влегле во...

Continue reading

azil

Во Македонија годинава регистрирани околу 1100 азиланти

Post Views: 7 Македонските институции бараат начин како да се справат со мигрантите и барателите на азил во  земјата. Тоа е повод за организирање на конфереција на  судии од Управен суд и Виш управен суд кои постапуваат по предмети од областа на азилот и миграциите, како и за судиите и јавните обвинители кои постапуваат во предметите на организиран криминал од областа на криумчарење мигранти, Секторот за гранични работи и миграции во МВР. Судијата Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, укажува на актуелната ситуацијата на прилив на бегалци...

Continue reading

ribce

Реката Црн Дрим и притоките порибени со речна пастрмка

Post Views: 14 3000  речни пастрмки пуштени во водите на реката Црн Дрим и нејзините притоки Сатеска и Вевчанска река. Порибувањето на риболовниот ревир река Црн Дрим 1, е според годишната програма на концесионерот за организирање на рекреативен риболов  ЗРСК „Пастрмка“ од Струга. Порибувањето е чин кој што многу значи, па го практикуваме секоја година. За членовите на ова здруженеи чинот на порибување на рекатат не е само обврска туку и своевиде празник, а желба им е враќање на облежјето на Црн Дрим како река на речната пастрмка, вели Емил Матовски  претседателот на ЗРСК „Пастрмка“...

Continue reading

penzioneri

Успешна деловна година на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

Post Views: 11 Успешна деловна 2014 година бележи  Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.  Ова беше констатирано на 9-та седница на Собранието. Во годината на заминување здруженеито се судри со блокирана сметка, водење на судски спор за пензионерскиот дом и  формирање на новото пензионерско здружение Дебрца. Раководството е задоволно од реализираната планирана програма, кажа претседателот Ѓорѓи Трпчески.   „Ние најтешкиот дел го преминавме,  во од ги решававме проблемите. Не држат во заложништво,  9500 членови,  здружението на инваладиски пензионери, ја блокираа сметката, а...

Continue reading

емо

Работниците од Емо повторно со демонстративен марш низ охридските улици

Post Views: 21 Работниците од Емо повторно со марш низ охридските улици го искажаа своето незадоволство. Со познатите  барања исплата на заостантите 40плати и приоднеси бараат од  владата да го  реши нивниот егзистенцијален  проблем. По трет пат за кратко време алармираат за тешкиот статус во кој  се наоѓаат веќе неколку години и се во тешка финасиска ситуација. За нивниот проблем се  оглушуваат  сите институции па дури и национални  медиуми молчат, не ги пренесуваат нивните маки, кажа револтирано Боро Настоски еден од вработените кој беше  дел од штрајкувачите.   „30 години имам...

Continue reading

lice nepoznato

„Твоето лице ми звучи непознато“

Post Views: 6 „Твоето лице ми звучи непознато“. Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“ се оджа овој невообичаен концерт организиран од охридските гимназијалци. Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Идејата била на професорот по музичко Александар Димоски и на самите ученици, а во организацијата активно се вклучила директорката на гимназијата, Вера Јовческа. Се подготвувале повеќе од еден месец. Во улога на музички ѕвезди беа самите гимназијалци претежно оние кои се дел од хорот кои изведуваа домашни и странски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top