Автор: Јаковлева Лионела

makedonski sumi

Надминат проблемот во „Македонски шуми“

Post Views: 3 Се надмина проблемот во охридската подружница на ЈП „Македонски шуми“. Фискалниот апарат со ЏИ ПЕ ЕР ЕС уред е ставен во функција. Откога Твм го актуелизираше проблемот на граѓаните кои се пожалија до нашата редакција дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“ бидејќи вработените не продаваа дрва поради немање нов фискален апарат, истиот е инсталиран. Револтот на граѓаните беше оправдан затоа што се создаде еден вакум во кој временски период тие не можеа да си набават дрва бидејќи вработените во подружницата не сакаа да го прекршат законот и да продаваат без да...

Continue reading

автобуски постојки

Граѓаните бараат да се воведе и трета градска линија

Post Views: 8 Воведувањето на двете градски линии полн погодок. Иако голем дел од граѓаните беа скептични дека ќе профункционираат бидејќи претходно имаше неколку неуспешни обиди за да се воспостават, времето покажа дека навистина се голем бенефит особено за жителите од населбите кои се наоѓаат на периферијата од градов. Голем дел од нив четири месеци од кога сообраќа градскиот превоз речиси секојдневно се возат со него. Едната линија започнува од населбата „Гоце Делчев“ – бараки, населба Видобишта – Стобекс преку 7 ми ноември се вози до пресекот на бул. „Туристичка“ и...

Continue reading

carsija

Охридската чаршија изумира

Post Views: 1 Охридската чаршија полека, ама сигурно изумира. Од почетокот на новата година па до сега затворени се десетина дуќани.  Високите кирии и неможноста да издржат на пазарот, ги натера голем број охриѓани да завршат со своите бизниси. Тие кажуваат дека доколу сте отвориле бизнис во самата чаршија тогаш  ќе мора да издвоите 600 или 700 евра месечно  ако дуќанот е на самиот почеток на чаршијата, па се до 1000, 1500 па дури и 2000 евра месечна кирија во самото срце на чаршијата. А ако ви бараат за година однапред, ќе треба да искеширате од 7200 па се до 24.000 евра. Во разговорот...

Continue reading

ohrid

Сеуште официјално не се знае каква туристичка сезона имавме

Post Views: 1 И после пет месеци од завршувањето на летната туристичка сезона од државниот завод за статистика нема комплетни податоци како таа помина. Од ТЛЕР  велат дека ќе почекаме уште еден до два месеци за да добиеме бројки од заводот бидејќи истите се обработени заклучно со месец јули. Моментално оценките за тоа какво лето имавме во поглед на гостите кои го посетија Охрид се темелат на податоците од општинскиот инспекторат. Според неговите извештаи  во 2014та година биле остварени 436 212 ноќевања што преставува само за 1% намалување во  однос на 2013та. Раководителот на ТЛЕР,...

Continue reading

дрва

Нема фискална со Џи Пи Ер Ес уред, нема дрва

Post Views: 5 Граѓаните се жалат дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“-охридската подружница на Македонски шуми. Дрва во стовариштето има, но вработените не продаваат бидејќи не можат да ги наплатат. На оние кои се интересирале за купување дрва им било кажувано дека подружницата нема набавено нов фискален апарат со Џи Пи Ер Ес уред. Охриѓани кажуваат дека од подружницата им велеле да си ги нарачаат дрвата, да остават податоци и адреса на живеење а дрвата ќе им ги испорачале кога ќе можат да им ги наплатат.  Директорот на подружницата Зоран Најданоски потврдува дека сеуште...

Continue reading

lice v lice

„Лице в лице“

Post Views: 0   Ѓорѓиоски Љупчо веќе една година е колпортер и го продава уличното списание „Лице в лице“. Во него се третираат општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци.  Љупчо  е лице со  делумна интелектуална попреченост кој живее со  1200 ден. социјална помош, а со продажба на списанието колку толку обезбедува за да си купи барем леб. Од секој продаден број кој чини 100 денари, половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина се вложува половина за печатење и за активности кои го подобруваат...

Continue reading

kuvar

Ќе се подобрува гастрономската понуда во градов

Post Views: 1 Влатко Огненовски, готвач со големо искуство зад себе кој занаетот го печел во Сиена, Прага, Париз, Њу Јорк, Порторико, Барбадос, Мексико, Бермудските острови, Хавана, Лаос, Камбоџа, Тајланд, Косово, Црна Гора, ќе ја осовременува македонската национална кујна. Тој заедно со својот тим ќе креира модерна македонска кујна од поднебјето на Охрид. Тој вели дека доколку сакаме да развиваме туризам во градов мора да ја подобриме гастрономската понуда. Објаснува дека во моментов мениата кои им се нудат на гостите се преобемни, но без никаква креативност во јадењата кои се подготвуваат. Очекуваме...

Continue reading

cinar

Уште една гранка се скрши од охридскиот чинар

Post Views: 16 Тажна слика на плоштадот „Крушевска република“. Пред наши очи пропаѓа единственотно столетно дрво со кое се гордееше градов и охриѓани, а многу туристи токму тука ги овековечуваа миговите поминати при посетата на Охрид. Охридскиот чинар настрада под налетот на невремето што го зафати градов. Уште една гранка се скрши. Од надлежните сеуште молк. Никој ништо не превзема. Граѓаните разочарани од игнорантскиот однос на надлежните кои воопшто не водат сметка за овој споменик на природата. Твм во повеќе наврати пишуваше за овој проблем барајќи кој е надлежен за решавање...

Continue reading

strajk

Штрајк во охридската Гимназија

Post Views: 12 Половина од професорите од охридската гимназија денес не ги одржаа часовите. Тие ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески објаснува дека наспроти гласините дека штрајкот не е најавен, тој вели дека е легитимен бидејќи тие ја испочитувале законската процедура за негово пријавување  со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката во петокот, пред назначувањето на новиот директор Звонко Трпески...

Continue reading

Охрид подготвен за „Давид“

Post Views: 1 „Давид“ пристигна во Македонија. Според информациите од УХМР, овој циклон ќе донесе нов бран на врнежи кои се очекува да започнат денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час. Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици....

Continue reading

slatinsko ezero

Има ли опасност од излевање на Слатинското езеро

Post Views: 1 Најавеното невреме со обилни врнежи од дожд, потенцијална опасност за Слатинското езеро. По катастрофалното оштетување на браната кое се случи на почетокот на 2013та година која само делумно беше санирана, при секое поголемо невреме се алармираат службите кои зе надлежни за состојбата со оваа акумулација. Раководителот на охридскиот ЦУК, Митко Темелкоски вели дека во моментов овој воден басен е исполнет до половината  така што и да има поголемо количество на вода од најавените врнежи не би требало да дојде до некоја несакана последица. Тоа не преставува директна опасност...

Continue reading

вртелешка

Продолжува уништувањето на детските игралишта во градов

Post Views: 9 Детските игралишта каде што децата минуваат дел од времето во игра, се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, а сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите, бабите и дедовците кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат ваквиот унуштувачки однос. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните часови под налет на агресивното однесување на децата од 10 години па нагоре. Искинати заштитни мрежи, откорнати лулашки и лизгалки е честа глетка во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top