Post Views: 3
Хрватки, србинки и црногорки во Охрид за 8ми март. Речиси во сите хотелски капацитети во градов има групи со припаднички на понежниот пол кој овој празник решиле да го прослават токму овде. Традицијата на организирана прослава за Денот на жената, не се напушта, напротоив, се засилува, велат хотелиерите. Посебно се посетени хотелите во централното градско подрачје кои нудат дводневни, но и тридневни аранжмани за престојниот празник.
Нашиот капацитет е исполнет. Имаме гостинки од Србија кои ќе пристигнат на 7ми а ќе останат до 9ти март. Им нудиме добра забава и гастрономски...
Post Views: 11
Охриѓани најдобри на третиот по ред Државен натпревар што се одржа викендов во Скопје. Децата на возраст од 4 до 14 години кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во општинскиот Црвен крст покажаа одличен успех. Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2009та година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма.
Овој тим на интернационални тренери и овие деца од Охрид, Ресен и Струга го преставуваа нашиот центар и...
Post Views: 3
Изградбата на затворениот зелен пазар, камен на сопнување на 36та седница на совет. Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар неприфатлива за опозицијата во советот. Координаторот Јован Стојаноски рече дека ова е уште еден пример на раскрчмување на општинскиот имот.
Ние не сме против реализација на капитални проекти корисни за градов но сме против ваквиот начин на нивна реализација. Ваквите се неповолни и не се во интерес на граѓаните.Во општинава не остана веќе педа земјиште...
Post Views: 5
Ќе се пренуркува Охридското езеро. Со тоа конечно ќе се реализира идејата стара 15-тина години. Нуркачите од клубот Амфора деновиве ги прават последните подготовки за овој сериозен проек. Станува збор за подводни активности во Охридското Езеро што ќе се реализираат на длабочина од пет до 15 метри и во должина 80 километри и 322 метри, вели меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид, Милутин Секулоски.
Целта не ни е само да го пренуркаме Охридското Езеро, туку со таквото пренуркување да фотографираме, снимаме под вода и да позиционираме одредени пронајдени работи под...
Post Views: 1
Внимание, опасност на патот. Овој сообраќаен знак треба да биде поставен на патниот правец Охрид Св. Наум, поточно над Хидробиолошкиот завод, поради тоа што на оваа сообраќајница многу често има одрони на патот. Возачите кои ја поминуваат оваа магистрала секојдневно ги демне голема опасност.И поставената мрежа на еден дел од ридот не може да ги спречи одроните на карпи и поситни камења.
Горниот дел од патот постојано се рони. Овој проблем треба еднаш за секогаш да се реши,а не само да се импровизира. Камењата кои се ронат не само што преставуваат опасност за возачите...
Post Views: 9
Спасен фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта. Спречено е понатамошното негово оштетување поради влагата на која беше изложен со години наназад. Од Завод и музеј велат дека зафатите кои ги превзедоа за конзервацијата на архитектурата на црквата со што се изврши санација на покривот, вродија со плод.
Сите не критикуваа поради тоа што речиси три години црквата ја оставивме со отворен кров и само со наткров. Но тоа придонесе да се исуши и отстрани целата влага која со години беше наталожена во ѕидовите на црквата од што се оштетуваа фреските. Конзерваторите...
Post Views: 25
Немањето автобуски постојки, нивно неодржување, немањето табли со возен ред, узурпацијата на постојките од дивите такси превозници се само дел од проблемите со кои се соочува АД „Галеб“, кое го спроведува линискиот превоз во градов. Раководителот Димитар Василевски вели дека повеќе пати им се имаат обратено на надлежните во Локалната и до сообраќајната полиција за да ги отстранат овие аномалии. Но досега нема некој конкретен ефект.
Во градов има само две постојки кои се со настрешници и клупа за седење. Едната е кај некогашниот Тим маркет, а другата од спротивната страна....
Post Views: 8
Ќе се подобрува патнат инфраструктура во градов. Локалната најпрво започна со санација на дупките на Булевар „Туристичка“, дел од улицата „Крали Марко“, „Јане Сандански“, а денес интензивно се работи на „Димитар Влахов“, „Абас Емин“ и на делови од „Богомилска“ и „Даме Груев“. Дупките се пополнуваат со бекатон коцки, но тоа е само привремено, велат од Секторот за комунален развој и сообраќај.
Заради неработењето на асфалтните бази во овој период од годината поради ниските температури ние ги закрпивме дупките со бекатонки, но штом почнат да работат базите веднаш ќе бидат...
Post Views: 9
Градинката „Јасна Ристеска“ создава услови за згрижување дечиња со помали пречки во психофизичкиот развој. Во ова предшколска установа набавени се сите аудиовизуелни средства како и опрема и материјали за работа со овие деца. Директорката Роза Костоска вели дека интерес кај родителите за згрижување на децата има, а според законот во групата каде што има дете со пречки во развојот вкупниот број на децата се намалува за два.
Не е благодарно да кажуваме колку дечиња има во градинката со некаква попреченост бидејќи ние во никој случај не сакаме да ги етикетираме. Ние работиме...
Post Views: 4
Туларемијата која најпрво се појави во Косово деновиве и тропна на врата и на Македонија со потврдувањето на трите случаи во Скопје и Арачиново. Пренесувач на оваа чума е бактерија, која што ја има на цела северна хемисфера и е доста отпорна на надворешни влијанија и ниски температури, а ја има во блата и мочурливи површини. Сепак, извор на инфекцијата се глодарите, како полските глувци, зајаците, куните, дабарите и др. Засега нема потреба од загрижување бидејќи нема опасност од зголемување на бројот на инфицирани, смируваат надлежните , но сепак поплавите би можеле...
Post Views: 4
Граѓаните кои сакаат да ја посетат Галичица подобро два пати да се помислат дали да го сторат тоа бидејќи можат да влезат во една несакана авантура. На патот кој води до местото Корита на неколку места има високи наноси на замрзнат снег па тешко со возило може да се помине, се жалат граѓани кои неодамна се упатиле до ова излетничко место. Тие биле затекнати од ваквата состојба на патот бидејќи пред почетокот на зимската сезона од страна на Македонија пат беше ветено дека ќе се одржува овој патен правец и дека граѓаните слободно ќе можат и зимава да одат на Галичица....
Post Views: 1
И после еден месец од алармирањето за состојбата на лебедот со скршено крило никој не се најде надлежен за да помогне оваа ретка птица да се спаси. Уште еднаш на површина излегоа пропустите на институциите кои не знаат што се нивните ингеренции.
Лебедот со скршено крило сеуште никој не го згрижи. За повредениот лебед Телевизија ТВМ пишуваше уште пред еден месец, но надлежните сеуште се прават слепи и глуви. Информирано е Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа, еколошките друштва, но никој не превзема ништо, велат од „Анималија“,...