Post Views: 3
Започна ловната сезона на прелетен дивеч. Охридските ловџии од 1ви август до 31ви октомври ќе можат да ловат прлица потполошка и гулаб. Здружението на ловци- Охрид од Охрид располага со три ловишта и тоа ловиште Белчишта, Мешеишта и Косел. Состојбата со птици во ловиштата е задоволителен. Најмногу има потполошка и прлица. Ловот се врши поединечно и групно, а пред тоа мора да се обезбедат специјални дозволи за лов. Во Охрид се регистрирани 350 ловци. Со Законот за ловство секој ловец мора да има положено ловечки испит за да може да добие дневна дозвола. Голем интерес...
Post Views: 2
Во овие 28 месеци од кога Никола Бакрачески е градоначалник на Охрид, не успеа да реализира ниту еден значаен проект во Охрид. И по 2 и пол години не се реализирани таканаречените приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните,ова беше истакнато на денешната прес конференција на општинската организација на СДСМ.
Тоа е доказ за неспособноста и неподготвеноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид којашто не може да ги исполни барањата и не може да одговори на потребите на охриѓани, рече Александар Кузески,секретарот и портпарол на општинската организација...
Post Views: 7
И ова лето во Охрид не изостанаа физичките пресметки меѓу туристите, но и меѓу локалното население. Само за викендов биле регистрирани две тепачки во коишто биле повредени повеќе лица. Во саботата во раните утрински часови во полиција бил пријавен инцидент во кафуле на плажа. Околу два часот еден од гостите се качил на маса и почнал да игра, по што влегле непознати лица облечени во црни маици со натпис “Кадмо” го фатиле за кошула и го извлекле надвор. Малдото момче од Љубаништа добило удари по главата и телото, а не била поштедена ниту девојката која била...
Post Views: 8
И ова лето пченки, американски крофни, пуканки и скара се продаваат на отворено. Иако во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на овие производи,сликата на терен е сосема поинаква. Не само што се продава храна на отворено туку пченки, американски крофни, пуканки можат да се купат во самиот центар на градот.
Морам да признам дека има одредени прекршувања на одлуката за поставување на урбана опрема, но инспекциските служби постојано се на терен. Досега имаат направено стотина контроли и против прекршителите имаат изречено...
Post Views: 0
Михајло и Стејси кои живеат во Јоханесбург во Јужна Африка, решиле својата љубов да ја крунисаат со брак токму во Охрид. Михајло кој по потекло е од охридско пред две години кога за прв пат ја донесол Стејси во Охрид решил да ја побара за жена и тоа додека се шетале по кејот на езерото. Тогаш се договориле дека ако прават свадба таа ќе биде токму овде.
Идејата ни дојде да правиме во Охрид свадба бидејќи моето потекло е од тука, но и поради убавината на овај град. Никаде во светот нема поубаво место. Јас уште кога ја сретнав Стејси многу ја засакав и посакав цел живот...
Post Views: 2
Холандска брошура, туристички водич за Охрид. Пред една година ANWB Media од Хаг издаде брошура во која се сконцентрирани убавините на Македонија и на Охрид како најпосетувана дестинација на гостите од Бенелукс. Во оваа мала книшка наведени се сите позначајни места, културно историски споменици и локалитети кои туристите треба да ги видат. Во неа меѓу другото се назначени единаесет дуќани во охридската чаршија кои холанѓаните при доаѓањето во градов задолжително треба да ги посетат. Тоа се продавници во кои сеуште може да се почуствува духот на онај Охрид кој уште во...
Post Views: 8
Охридската чаршија викендов што помина беше преполна со туристи. Како што се вели да нема игла каде да се фрли, но тоа не ги наполни касите на дуќанџиите. Посетивме повеќе дуќани, занаетчиски работилници, сувенирници и продавници за накит. И секаде ја слушнавме речиси истата приказна. Велат туристите повеќе шетале и разгледувале одошто купувале. Во градов посебно во викендите најмногу се застапени туристите од помладата генерација, а тие немаат намера да купуваат по дуќаните туку пред се се дојдени за забава по плажите, кафулињата и ноќните клубови, велат сопствениците...
Post Views: 1
Вчерашниот случај кога кај Горица од водите на езерото беше извадено безживотното тело на 46 годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево повторно ја актуелизира темата колку се безбедни плажите на охридско-струшкото крјбрежје. Од Црвен крст Охрид кажуваат дека од 44 капалишта на охридскиот дел на езерото, 36 се безбедни бидејќи ги исполнуваат сите пропишани услови од Министерството за транспорт и врски за безбедни капалкишта меѓу кои да имаат обезбедено и спасители, а осум не се безбедни.
Ние препорачуваме граѓаните да ги посетуваат само плажите кои се безбедни и...
Post Views: 5
Легализирањето на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас ќе го деградира Охридското езеро, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод од Охрид. Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кој сопствениците на куќи во појасот од 50 метри од брегот во стариот дел на Охрид, Трпејца, Пештани, Канео, Андон Дуков, Струга, Калишта и Радожда на Охридското езеро, ќе можат да поднесат барање за легализација, нова главоболка за еколозите.
Ова многу негативно ќе се одрази врз езерото бидејќи тие градби се во...
Post Views: 4
Преку Мостот на желбите од центарот на Охрид кон плажата Канео во сезона секојдневно поминуваат илјадници туристи и жителите на населбата Канео. Овај премин многу често се оштетува од страна на минувачите, но пред извесно време беше оштетен и од градежните активности кои се превземаа за санарирање на бедемот на Долни Сарај. Со тоа се доведува во прашање безбедноста на минувачите.
Овој мост е безбеден толку колку што може да е безбедна една ваква градба. За неговото одржување треба да се грижи концесионерот на плажата Потпеш, вели Томе Џамтоски- портпаролот на Локалната...
Post Views: 0
Галичица нуди можности за развој на спелеолошки туризам. Десетте пештери кои се откриени и тоа претежно од странски посетители, љубители на спелеологијата, се многу интересни бидејќи се недоволно истражувани. Екипата на „ Bottom Time “ од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „ Златоврв“ од Прилеп организираат спелеолошки камп на Галичица. Кампот ќе има главно истражувачка цел, почнувајќи од потврдување на досегашните сознанија за пештерите, преку истражување на нови канали во познатите пештери, до лоцирање и истражување на нови пештери на Галичица.
Галичица има...
Post Views: 3
Од Радожда до Св. Наум на брегот на Охридското Езеро капетанијата на пристаништата поставува пловидбени знаци и информативни табли како и бови кои ќе служат за сигнализација во вода. На брегот ќе бидат поставени 179 знаци а ќе бидат обновени и светилниците во Охрид и Св. Наум, каде ќе бидат поставени најсовремени светла по последната технологија. Нов светилник ќе биде поставен и во Струга. Поради тоа деновиве зачестени се ракциите од граѓани поради поставените знаци за забрането капење на пристаништата во Охрид, Св. Наум и на некои пристапни мостови. Од Капетанијата...