Post Views: 0
„Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност. Во овој документарен филм на меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски, кој премиерно беше прикажан синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ е прикажан мрестот на охридската пастрмка во месеците јануари и февруари. Докумантарниот филм „Танцот со пастрмките“ изобилува со ексклузивни подводни снимки. Најнесекојдневна и можеби неповторлива е онаа кога искусниот нуркач Милутин Секулоски бакнува матица која се мрести во водите на Охридското Езеро.
Пастрмката за време на мрест е многу смирена, но сепак...
Post Views: 7
Се продлабочува соработката помеѓу Општина Охрид и Јапонија. По иницијатива на градоначалникот на општина Охрид Д-р Никола Бакрачески, а во соработка со Министерството за надворешни работи и амбасадата на Р.М. во Јапонија, уште минатата година започнаa низа активности за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу научно- истражувачките институции од двете држави и тоа Музејот на езерото Бива од Јапонија од една и ЈНУ Хидробиолошки Институт од Охрид, од друга страна. Градоначалникот Никола Бакрачески активно е вклучен и го поддржува целиот процес, тој уште во Март...
Post Views: 4
ЈНУ Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива од Јапонија денес потпишаа договор за соработка во научната област. Охридското Езеро и езерото Бива од Јапонија се едни од најстарите езера во светот и имаат голем број заеднички карактеристики. Со потпишувањето на овој меморандум локалните власти и научните експертски тимови ќе можат да разменуваат искуства за заштита на овие еко системи. Двете институции во иднина ќе иницираат реализација на заеднички проекти.
Соработката меѓу двете институции ќе се одвива на две нивоа, во научно – истражувачката дејност и на ниво...
Post Views: 0
Акцијаштвото во Охрид се враќа на голема врата. Се поголем број млади луѓе стануваат дел од Здружението „Брег на младоста“. На почетокот на минатата година имало околу педесеттина младинци, а сега има речиси 200. Осмоодделенката Теа Петкоска од ОУ „Кочо Рацин“ веќе два месеци е дел од тимот и е лидер во своето училиште.
Мотивот беше солидарноста и хуманоста која се промовира преку ова здружение. Идејата е сите да се сплотиме заедно како една екипа која ќе го претставува не само нашиот град, туку и нашата земја воопшто, вели Теа.
Во здружението „Брег на младоста“ од...
Post Views: 7
Од денес НО „Анималија“ отвори штанд на кој ќе се прават куќарки за бездомните кучиња. Локацијата е во близина на кафулето Конект па сите љубители на животните кои сакаат да им помогнат и да ги заштитат од овие ниски температури можат да се приклучат на акцијата.
Сакам да им заблагодарам на маркетите Тамаро и Тинекс кои донираа голем дел од материјалите од кои ќе се прават куќарките. Исто така добивме донации од најлони и прекривки од граѓаните и од Црвен крст. Сите тие се собрани во пунктот на Анималија и од нив ќе изработиме куќарки кои ќе ги поставиме низ целиот град...
Post Views: 9
Делови од Охридското езеро под мраз. Поради ниските температури кои на моменти се спуштија и под 15тиот степен под нулата, на делови од крајбрежјето на езерото може да се забележи мраз. Ваква појава има наспроти хотелот Палас, на Мазија кај плажите Метропол и Градиште на некои помали површини од источниот дел на езерото.
Тоа е ништо. Тоа е еден промил од Охридското езеро. Оваа појава нема воопшто да има никакво негативно влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошки завод.
Д-р Талевски објаснува дека можеби ќе изгледа...
Post Views: 2
Семејствата Гигер, Неданоски и Тасески годинава имаа најбаво украсени дворови во Охрид. Новогодишните и божикните празници за овие семејстасекогаш преставуваат голем мотив за своите дворови да ги претворат во вистинска бајка. Од нивната убавина секојдневно се воодушевуват случајните минувачи, а не остана имуна ниту општинската комисија која веќе години наназад распишува конкурс и избира најубаво украсен двор во градов. Годинава на конкурсот се пријавиле девет учесници па не било лесно да се избере кој двор е најубав.Им се заблагодаруваме на учесниците за нивните убаво...
Post Views: 0
Охрид окован во мраз. Десеттина сантиметри снег кој наврна пред една недела и кој не се исчисти навреме поради ниските температури, замрзна па сега градот е едно големо лизгалиште. Уште еднаш излегоа на површина сите слабости и пропусти во функционирањето на надлежните служби и претпријатија. Иако надлежните уште пред да заврне снегот одржаа неколку состаноци и будно ја следеа состојбата, на терен изгледа дека не се справија најдобро со не толку големиот по обем снежен нанос. Причината ја гледаат во ниските температури. Можеби на граѓаните им изгледа дека градот не...
Post Views: 6
Од 2018-2020 година ќе се реализира проектот за изградба на марина во Охрид, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Д-р Љубен Арнаудов. Марината според првичните проекции ќе чини 2 милиони евра, а целта со нејзината изградба е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро.
Марината ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција. Ќе има најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти, 10 бродови и осовременување...
Post Views: 0
Охридскиот пазар речиси празен. На температури под -10 ретко кој од пазарџиите се охрабрил да излезе и да ја продава својата стока. Тие се жалат дека пазарот нема никакви услови за работа. На зима смрзнуваат, а на лето не се издржува од пеколните горештини. Поради ваквите температури трпат и производите. Повеќето од нив им измрзнале. Пазарџиите прашуваат кога конечно ќе се направи затворениот пазар кој се ветува години наназад. Велат дека последен пат им било кажано дека во септември минатата година ќе започнат градежнитѕе работи околу изградбата на современ затворен...
Post Views: 4
Расте бројот на заболени од грип во општина Охрид. Почнувајќи од 40тата до 48та недела седмично имало од четири до шест заболени од грип, но после 48та недела тој број нагло расте. Последнава недела се пријавени 300 заболени од грип. За овој период од годината не е карактеристична олку висока бројка на заболени што зборува дека годинава многу порано започна сезоната на грип. Тестираните примероци на вирусот покажуваат дека станува бор за грип од типот АХ3. ЗА лекување на вирусот не се препишува лекот тамифлу кој годиниве наназад се покажа како делотворен.
Тамифлу не...
Post Views: 1
Охридските угостители со позитивни впечатоци од тоа како изминаа новогодишните празници. Локалите полни, понудата разновидна, а гостите задоволни. Најважно од се е дека во сите угостителски објекти забавите поминале без никакви инциденти, вели Михаил Мишев, претседател на еснафот на охридските угостители. Покрај домашните еден добар процент од гостите беа од странство што ни дава за право да се надеваме дека ќе имаме успешна летна сезона, додава тој.
Јас не можам да разберам од каде доаѓаат такви дезинформации. Ние навистина не вршиме ама баш никакви корекции на цените....