Post Views: 4
Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права. Денес охриѓани имаа можност да се запознаат како да си помогнат доколку се најдат во ваква ситуација. Тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права заедно со лица вработени во македонското Здружение на млади правници, граѓаните кои беа на градскиот плоштад ги информираа за активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Отворена е и бесплатна телефонска...
Post Views: 1
Улицата „Јордан Мијалков“ е претворена во вистинска депонија. Градежен шут има насекаде, а сега несовесните граѓани почнале да си фрлаат и комунален отпад. Жителите во оваа населба се жалат дека од сите страни се затрупани во ѓубре. Не можат да отворат прозорец, ниту пак да излезат на тераса. Се обратиле повеќепати до Локланата, но депонирањето на шут и ѓубре продолжува и понатаму.
Ние ги испраќаме до Општинскиот инспекторат од каде во неколку наврати превзедоа определени мерки за расчистување на овој потег од дотогаш депонираниот градежен шут. Станува збор за несовесни...
Post Views: 3
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 77годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“. На 12-ти минатиот месец околу 14 часот, пријавениот, управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во детската игра. Притоа, пријавениот започнал разговор со 11 годишниот малолетник околу претстојниот празник „Василица“ прашувајќи го кога се палат огнови.
Грозоморниот чин се случил во гаражата на...
Post Views: 1
Попушти потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“. Студот, мразот, големата влага и температурните разлики причина за одронот на дел од ѕидот во стариот дел на Охрид. Мештаните велат дека состојбата е ваква веќе една недела и дека за проблемот ја известиле локалната самоуправа. Бараат надлежните служби да преземат нешто бидејќи потпорниот ѕид секој момент може да се урне.
Стручни екипи од Секторот за комунален развој извршија увид на терен и констатираа делумно оштетување на еден од потпорните ѕидови по должината на ул. „Григор Прличев“. По одржаните консултативни состаноци...
Post Views: 2
Студената зима им ги изгоре дрвата на граѓаните. Голем дел од нив се жалат дека речиси веќе и да немаат дрва за огрев. Посебно се загрижени пензионерите. Прашуваат дали оние кои се снабдија со дрва преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца ќе можат повторно да нарачаат бидејќи на ваков начин дадена им е можност дрвата да ги плаќаат на рати, а тоа е големо олеснување за нивниот буџет.
Сега преку здружението не може да се нарачаат дрва. Ние веќе запишуваме заинтересирани кои сакаат да купат дрва на рати, но тие ќе ги добијат дури на есен. Сите кои имаат потреба...
Post Views: 2
И по извршената дератизација од страна на екипи од Центарот за јавно здравје граѓаните од стариот дел на градот и од населбата Бараки „Гоце Делчев“се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред четири месеци со дератизација беа опфатени 3000 шахти во охридскиот регион, но глодарите и понатаму ги има во голем број и тоа во населени објекти и подруми. Тоа пред се се должи на лошите временски услови поради што глувците бараат засолниште, објаснува Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Охрид.
Ако е потребно ние ќе извршиме и...
Post Views: 0
Охридскиот атлетски маратон може да згасне. Маратонот кој е еден од најстарите во бившите ЈУ простори и кој оваа година слави 30 годишен јубилеј, веќе неколку години по ред опстојува “на мускули“. Финансиските средства се се помалку и трката практично се одржува со парите кои секоја година ги донира петкратниот победник на првите пет маратони, Живко Стојчески од Австралија. Организаторите на овој маратон очекуваат Локалната самоуправа од Охрид да го потпомогне овој спортски настан, кој веќе е бренд на Охрид.
Ние доставивме барање до општината и доколку не ни помогне,...
Post Views: 2
Општинската организација на СДСМ главен иницијатор за спроведување внатрепартиски избори за кандидати за градоначалници и советници на престојните локалани избори. Уште на 24 јануари Централниот одбор на СДСМ го усвоил правилникот и роковникот за начинот, критериумите и постапката за евидентирање и утврдување на кандидати за градоначалници и советници по Општинските организации на СДСМ за локлните избори 2017тата год. Правилникот и роковникот се направени врз основа на Статутот на СДСМ. Ова следува откога највисокото раководство на партијата дало насоки на претседателите...
Post Views: 3
Според извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во РМ во четвртата недела од јануари најголем број на заболени од обва заразно заболување има во Охрид и Дебрца. Од Центарот за јавно здравје велат дека во месец јануари кај нив се пријавени 1027 заболени од грип. Првата недела 428, втората 224, третата недела 228, четвртата недела 149 заболени. 92% од заболените се на возраст од 15 до 64год. Втората недела од јануари најголемиот број од заболени биле деца, а четвртата само 9 заболени биле деца а останатите 140 се возрасни.
Вака високата активност...
Post Views: 0
Жителите од улицата „Партизанска“, „Димитар Влахов“, дел од „Туристичка“ кај трговскиот центар од „Гранит“ се жалат дека веќе речиси една недела од канализацијата се чувствува неподнослива миризба на нафта. Велат дека миризбата е толку интензивна што не се седи во домовите или во дуќаните кои се наоѓаат во овој дел од градот. Некои се жалат и на јаки главоболки поради јаката миризба. За ваквата појава биле известени надлежните во ЈП „Нискоградба“ како и Општинскиот инспекторат. Екипи од јавното претпријатие и комунален инспектор излегле на терен и после долго истражување...
Post Views: 1
ЕЛЕМ од денес ќе ја применат мерката за проток на вода од езерото на биолошки минимум кој е пропишан со закон и кој е задолжителен за да може да се одржи биодиверзитетот во реката Црн Дрим. Ова доаѓа после бурните реакции од страна на експертите, еколозите, медиумите и граѓаните за екстремно ниското ниво на Охридското Езеро. Досега се испуштале по 7 кубни метри вода во секунда, а од денес ќе се испуштаат 3,5 до 4 метри кубни во секунда.
Додека на охриѓани пред очи им полека им се празнеше езерото и тоа драстично и во многу краток период ЕЛЕМ и УХМР не можеле да се усогласат...
Post Views: 2
Нивото на Охридското Езеро е -11 сантиметри под дозволента кота која изнесува 693,10. Дозволениот максимален минимум е 693,07 или -7 сантиметри од најниската кота што значи дека сега дури за 4 сантиметри нивото е пониско од минимумот. Ова се најновите податоци од УХМР од каде екипа на хидролози денес беа на лице место да го мерат нивото на езерото.
Добро е што јавноста реагира. Ние како УХМР сме на лице место и потврдуваме дека водостојот е многу низок и треба многу внимателно да се испушта водата од езерото кај Струга. Тука сега ЕЛЕМ е на потег кој треба да го затвори...