Автор: Јаковлева Лионела

Охриѓани денес се потпишуваа за поддршка на граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи

Post Views: 2 Граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи денес претставена пред граѓаните на Охрид. Иницијативата за овој настан е на Цивил Медиа од каде појаснуваат дека оваа повелба е документ кој ја реафирмира потребата од подобрување на условите, во кои граѓанското дејствување се гледа во последните години како жртва на сериозен притисок, како политички, така и од бизнис структурите. Граѓанската повелба е глобален документ, со кој се реафирмираат човековите права и слободи, потребата на граѓанките и граѓаните да учествуваат во донесувањето на одлуките на...

Continue reading

Казна му е мајката

Post Views: 3 Просторот помеѓу улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ повторно преполн со паркирани возила. Оваа спојка подолг период претставува проблем за жителите на Стар град кои честопати не можат да си појдат дома, бидејќи просторот е блокиран од паркираните автомобили. Уште пред три години Телевизија ТВМ го актуелизираше овој проблем, но сеуште никој не го реши. Уште тогаш од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа беа поставени два знаци за забрането запирање и паркирање и од едната и од другата страна на спојката непосредно до ресторанот Чун,...

Continue reading

Највкусните сендвичи пристигнаа и во Охрид

Post Views: 3 Во Охрид пристигна брендот „Вили“ под кој се препознаваат едни од најдобрите сендвичари во државава. Ова име веќе 13 години успешно опстојува на пазарот и им нуди на љубителите на брзата храна висок квалитет и посебно уживање. Покрај во Македонија, сендвичарите „Вили“ шест години ги имаше и во Србија каде исто така успешно работеа создавајќи свој препознатлив имиџ, вели сопственикот Вили Ракичевиќ. Плескавиците се од јунешко месо, запазен е хасап системот, имаме и сопствено производство на месо и на целиот асортиман. Значи имаме квалитет, но и пристапни цени и затоа...

Continue reading

Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоз

Post Views: 2 Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоза. Организација на ИПГ Гостивар и ЗГ Опција Охрид разговараа на оваа тема на состанокот кој неодамна се одржа, а причина за тоа е истекувањето на рокот на ,,Локалната стратегија и Акциониот план за одржливост на програмите за превенција на ХИВ и туберколоза во Охрид и негова реализација“ која важеше за период од 2014год-2016год и беше изгласана од советот на општина Охрид. Сега ќе треба да се носи нов план или да се ревидира постоечкиот и истиот да биде изгласан од советот на општината. Планот кој го...

Continue reading

Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов

Post Views: 6 Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов. Денеска пред споменикот на војводата во Градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на Општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации. Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма. Христо Узунов е човек кој се бореше за нашата слобода, една маркантна личност која и ден денес со гордост ја спомнуваме. Среќна сум што за неговото име и дело знаат и помладите генерации па и тие со гордост го спомнуваат, вели советничката Оливија Пирузева...

Continue reading

За една година треба да биде завршен затворениот зелен пазар

Post Views: 12 Започнаа подготвителните работи околу изградбата на новиот зелен пазар. Од градежната фирма АД „Илинден“ која е приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, велат дека тие ќе траат околу дваесеттина дена кога ќе вршат заштита на околните објекти од можни оштетувања поради градежните зафати кои ќе се прават. Потоа уште дваесеттина дена ќе се работи на подготвување на подлогата по што ќе се започне со градба на објектот. Ќе се работи и во летниот период. Имавме досега некои проблеми но за среќа ги надминавме . Како проблем уште остана една линија од канализацијата....

Continue reading

Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници

Post Views: 1 Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници. Тоа се должи на високиот степен на имунизациоја, велат епидемиолозите. Во првото тромесечие на 2016 процентот за прва вакцинација од МРП бил 92, а за ревакцинација 95. Додека пак во првото тромесечие на 2017та процентот нешто паднал, но сепак е доста висок и за прва вакцинација изнесува 87 за ревакцунација 92. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека во други градови и помали места во државава постои реална опасност од епидемија од морбили поради нискиот степен на имунизација. Тоа пред се...

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ: Пресметана хајка врз поранешните директори

Post Views: 6   Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ преку политички монтирани случаи сака да го руши угледот на поранешните директори од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека политичкиот прогон е секојдневно присутен и дека СДСМ води нарачана, и пресметана хајка врз поранешните директори на ВМРО-ДПМНЕ поднесувајќи преку институциите неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел. Се работи за партиски нарачки, класичен дегутантен пример на политички монтирани случаи, базирани на погрешни претпоставки и лажни конструкции а целта е рушење на угледот на личноста на поранешните...

Continue reading

Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд

Post Views: 5 Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд. Капацитетите речиси полни, понудата солидна, а гостите задоволни. Ова на некој начин е и почеток на туристичката сезона која ни престои. Се надеваат дека таа ќе биде поуспешна од минатата бидејќи покрај традиционалните гости од земјите од Бенелукс кои доаѓаат со востановените чартер летови, оваа година ќе имаме чартери и од Полска. Тоа ќе биде и новитет во регионот бидејќиполските туристи ќе ги има во доста голем број. За нив се подготвува и посебна анимација со самата агенција која ги организира овие...

Continue reading

Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Post Views: 1 Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Членките на женскиот лајанс клуб Деница денес на грдскиот плоштад продаваа велигденски јајца украсени од нив самите и готвачот со рецепти „Готвиете Деници“ кој неодамна го промовираа по повод 5тиот роденден. Имајќи во предвид дека во клубот членуваат успешни жени, сопруги, домакинки и професионалци во она што го работат сакавме за нашето петгодишно постоење да оставиме еден убав белег и со таа цел го создадовме куварот „Гответе со Деници“ кој првично беше промовиран на традиционалниот бал под маски кој се одржа...

Continue reading

Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна

Post Views: 2 Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна. Со продажба на свои ракотворби и цртежи тие собираа пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Ваквите акции ја развиваат нивната свест и желбата некому да се помогне. Нивната креативност и имагинација навистина воодушевуваат. Овој денешен хуманитарен велигденски хепенинг има и забавен карактер. Посетителите на штандот кој се наоѓа во просториите на маркетот Кам на ул. 7 Ноември ќе можат да уживаат во убавата предвелигденска атмосфера. На крајот има и еден симболичен натпревар во кршење...

Continue reading

Почна празничната еуфорија

Post Views: 0 Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата. Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 250 до 280 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Здравко Анѓелсоки од месарницата Бизер, месар со долгогодишно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top