Автор: Јаковлева Лионела

Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност

Post Views: 20 Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност. Деновиве се поставуваат многу прашања околу нејзиниот изглед, висината на минарето за кое се шпекулира дека ќе биде високо 32 мери, а граѓаните прашуаваат и дали е добиено одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за изградба на овој верски објект кој се наоѓа во центарот на градот. Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска не открива колку точно метри ќе биде високо минарето но вели дека ќе се градело минаре...

Continue reading

Утре е меѓународниот ден на мајката

Post Views: 6 Утре е меѓународниот ден на мајката. Овој ден нема исто значење со 8ми Март, денот на жената. Денот на мајката е посветен на сите мајки во светот со цел да се истакне нивната улога во семејството, при подигнувањето на децата и како една од основните клетки на општеството, но и како важен дел од општествените процеси која придонесува за прогрес во истите. Женскиот центар „Бисера“ веќе петнаесеттина години го одбележува овој ден. Инаку овој ден ЖЦ „Бисера“ како манифестација го одбележува на ниво на општина Охрид и досега имавме голема поддршка од сите локални самоуправи...

Continue reading

Прекрасни кукли во народни носии изработени од пластични шишиња и рециклиран материјал

Post Views: 28 Креативноста на наставниците и учениците од ОУ „Кочо Рацин“ нема граници. Тие од пластични шишиња и рециклиран материјал изработиле прекрасни кукли во народни носии. Проектот „Креативна работилница“ години наназад се спроведува во ова училиште, но идеата за ваквите изработки е на две колешки кои сакале да покажат каква е примената на куклите во образовниот систем. Бидејќи тоа е едно мое хоби со кое во слободно време со задоволство се занимавам, дојдов на идеа како можеме да направиме и со ученициве нешто интересно што не се прави во секое училиште , а го нема и во државава....

Continue reading

Сугарески дециден – Туристичка ќе се реконструира

Post Views: 4 Туристичка ќе се реконструира. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денес при посетата на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски најави градежни зафати на патот од влезот на Охрид до Билјанини извори, како и на патниот правец Охрид-Св. Наум. Оваа есен, рече Сугарески Охрид ќе биде едно големо градилиште. Наредните денови ќе започнат градежните работи на Туристичка. Работите малку се пролонгираа поради туристичката сезона, но во наредните петнаесеттина дена ќе отпочне реконструкцијата на тој патен правец, рече министерот Сугарески.Оваа година исто така...

Continue reading

Каде е флексибилноста

Post Views: 1 Родител чие дете е згрижено во градинката „Јасна Ристеска“ реагираше до нашата редакција на како што вели, некоректниот однос на директорката на оваа предшколска установа, Роза Костоска. Мајката која задоцнила 10 минути од дозволеното време за прием на децата, а тоа е 8.30 часот буквално била вербално нападната од директорката и тоа пред нејзините две деца на возраст од три и четири години. Не и било дозволено воопшто да објасни зошто доцни и дека има оправдана причина за тоа, само и било речено дека децата нема да бидат згрижени. Мајката реагира на нефлексибилниот однос...

Continue reading

Основното училиште Св. „Климент Охридски“ се промовира пред родителите кои имаат првачиња

Post Views: 6 Основното училиште Св. „Климент Охридски“ започна со своја промоција пред родителите кои имаат првачиња. Во градинката „Јасна Ристеска“ им ги презентираа предностите на оваа образовна установа и условите кои таму се нудат. Оваа година при прзентацијата акцен ставаат на успесите кои ги има постигнатo училиштето. Минатата недела на државните натпревари најголемиот број на први места ги освоија учениците токму од нашето училиште. Тоа зборува за реформите кои ги направивме и за трудот кој наставниот кадар континуирано го вложува. На регионалните натпревари освоивме вкупно...

Continue reading

„Рециклирање и имагинација“

Post Views: 0 Планетата Земја ни е една и единствена и сите треба да ја чуваме. Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во прекрасни костими од рециклирани материјали преку песна и игра ни ја пренесоа оваа порака. Приредбата беше дел од проектот „Рециклирање и имагинација“ кој тимот од градинката го реализира во сите групи. Овој настан предизвика радост и насмевки на детските лица. Тимот на воспитувачки од градинката повеќе од еден месец се подготвувале за денешниот настан. Покрај во учење песничките поврзани со планетата Земја многу труд бил вложен и во изработката на костимите...

Continue reading

Автентични фотографии од победата над фашизмот

Post Views: 2 Победата над фашизмот, доловена преку триесеттина автентични фотографии од Втората светска војна. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Организатори на овај настан беа Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид и Општина Охрид. Пораката која што ја праќа оваа изложба е дека не треба да го заборавиме 9ти мај и тоа што нашите минати генерации и претходници го вградиле за тоа што денес го имаме и треба да го чуваме и негуваме,...

Continue reading

Охриѓани добро обучени за пружање прва помош

Post Views: 3 Охриѓани посебно младите заинтересирани да се обучат како да пружат прва помош. Според податоците со кои располага Општинската организација на Црвен крст, 20 до 30% од населението знае да укаже прва помош правилно, вели Сашо Точко, претседател на Црвен крст Охрид. Денес по 46-ти пат се одржа Општинскиот натпревар по прва помош. На седум пунктови низ градов, младите активисти од Црвен Крст заедно со учениците од основните и средните училишта кои посетуваа обуки за прва помош, ги спроведуваа предвидените активности. Годинава околу 200 млади биле обучени за давање прва...

Continue reading

Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција

Post Views: 11 Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција. СВР Охрид е гарант на безбедноста на охриѓани, но и на туристите кои доаѓаат, истакна портпаролот на Секторот, Стефан Димоски на денешниот свечен прием по повод 7мај, Денот на македонската полиција. Тој додаде дека СВР Охрид е современа полициска организација која во сузбивањето на сите видови криминалитет практикува современи полициски методи тактки и стратегии.Состојбите во јавниот ред и мир се исклучително позитивни, во Охрид нема негово нарушување од поголем обем. Сите случаи се решаваат веднаш,...

Continue reading

Задолжителна дезинфикација на приватните станови наменети за туристичка дејност ќе се дезинфицираат

Post Views: 2 Приватните станови во кои се врши туристичка дејност ќе се дезинфицираат. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на престојната туристичка сезона, Центарот за јавно здравје Охрид кај давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор ќе спроведува задолжителна превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање угостителски услуги, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Тоа го санкционираат инспекциските служби… затоа ние апелираме да се направи навремено дезинфекција за да не дојде...

Continue reading

Започна уредувањето на крошната на Чинарот во населбата Кошишта

Post Views: 0 Започна уредувањето на крошната на Чинарот во населбата Кошишта кој е стар околу 500 год. Ова е дел од проектот за ревалоризација и ревитализација на седум платанови стебла во градов кои со Законот за заштита на природните реткости од 1973год. се прогласени за споменици на природата, а кој неодамна го изработи Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид. Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите и на стариот кочеџик кај црквата Св. Богородица Перивлепта, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мониторинг и конзерваторски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top