Автор: Јаковлева Лионела

Водата во Струга небезбедна за пиење

Post Views: 3 Водата во Струга небезбедна за пиење. Тоа го покажаа денешните анализи од ЦЗЈЗ преку кои е констатирано дека има голема матност на водата, но за среќа не се забележани некои патогени бактерии. Веднаш алармиравме и ги известивме инспекциските служби и Агенцијата за храна и ветеринарство кои веднаш постапија согласно нивните процедури и согласно законските прописи така да донесено е решение водата да не се користи за пиење, вели Сашо Точков- директор на ЦЗЈЗ. ЦЗЈЗ препорачува водата воопшто да не се употребува за пиење се до оној момент додека не се констатира дека таа...

Continue reading

Враќањето на поранешниот градоначалник Бакрачески на работа во Кардиолошкиот Завод ја разбранува охридската јавнос

Post Views: 0 Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за здравството...

Continue reading

Охрид нема дневен центар за лица кои употребуваат дрога

Post Views: 4 Охрид нема дневен центар за лица кои употребуваат дрога. Од почетокот на оваа година, центарот, кој воедно беше регионален повеќе не функционира. Тој беше сместен во близина на детската градинка „Развигорче“ што предизвикуваше негодувања кај родителите кои бараа негова дислокација, а воедно центарот се наоѓаше на приватен имот кој со денационализација му се врати на сопственикот, па како најбезболно решение за државата беше овој центар да се затвори. Но, што е со лицата кои се на лекување од употреба на дроги, а нивниот број секојдневно расте. Се поставува прашањето...

Continue reading

Охридските угостители кројат најразлични стратегии како да привлечат гости

Post Views: 1 Охридските угостители изнаоѓаат најразлични начини како да ги наполнат своите локали во овој период од годината кога бројот на гостите драстично се намалува. Туристите кои дошле да го видат нашиот град во есенскиот период ретко ги посетуваат кафулињата и ноќните клубови, па така, целокупната работа и направениот каков таков промет зависи од мештаните. Тие пак бараат нешто ново во понудата што ќе ги натера да излезат, да се забавуваат и да потрошат некој денар. Мртвиот период начелно го пополнуваме со живи свирки кои претежно се од наши локални групи и уметници за да...

Continue reading

Семафори најдобро решение

Post Views: 4 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, кажуваат децата. Директорот на училиштето, Тони Симоноски инсистира што поскоро да се стават во функција семафорите и тоа оние класичните со црвено, жолто , зелено бидејќи нив најдобро...

Continue reading

Али пашината џамија и понатаму се гради без одобрение

Post Views: 2 Реконструкцијата и конзервацијата на Али пашината џамија која се наоѓа во строгиот центар на градот сеуште ја бранува охридската јавност. И покрај тоа што нема одобрение за градба од страна на Министерството за транспорт и врски, таму се вршат градежни работи, тврдат од Здружението за заштита и афирмација на културни вредности „Совест“. Зафатите на овој објект започнаа уште пролетта и уште тогаш се градеше на терен иако Завод и музеј имаше издадено само одобрение за конзервација и реставрација на објектот, вели претседателот на „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче. Тогашната...

Continue reading

Катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога

Post Views: 2 Долго најавуваната катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога. Агенцијата за стопанисувања со станбен и деловен простор кои се инвеститори на овој капитален проект не откриваат детали околу динамиката со која течат работите. Од таму велат: Изградбата на катната гаража во Охрид, во близина на Центарот за култура “Григор Прличев“ е предвидена со Годишната Програма за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија , меѓутоа текот на активностите кои ќе се превземаат за нејзина изградба ќе зависи директно...

Continue reading

Повторно на површина исплива проблемот што Охрид нема марина

Post Views: 7 Охрид има идеални услови за развој на наутичкиот туризам и се поголем е бројот на граѓани кои набавуваат пловни објекти, но тие нема каде да се усидрат. Немањето марина повторно актуелна тема откога во градов се зголеми бројот на едрилици кои нема каде да се сместат. Во моментов има десет, а набавени се уште десет вакви пловила за кои нема место на градското пристаниште кое во моментов е најсоодветно место за нивно усидрување. Затоа денес се одржа состанок помеѓу капетанија, здружение на бродари и здружението за спортско едрење Акватика Јахтинг и сопственици на приватни...

Continue reading

ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми и на јавните капалишта во градов

Post Views: 2 Охриѓани и туристите веќе ќе немаат причина за дилема каков е квалитетот на водата што ја пијат од јавните чешми во градов. ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми од кои ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат еднаш месечно, а податоците ќе бидат редовно ажурирани на веб страната на центарот. Ќе има и посовремена можност за граѓаните да видат со каков квалитет е водата што ја пијат од конкретна чешма. Се планира да се направи апликација која може да се инсталира на мобилен телефон. Овие новини се со цел да бидеме што потранспарентни. Граѓаните имаат право да...

Continue reading

Новиот менаџерски тим на Општата болница во Охрид оптимистички настроен околу одблокирањето на нивната жиро сметка

Post Views: 2 Финансиската состојба на Општата болница во Охрид е незавидна. Таа има наследен долг од околу 2,5 до 3 милиони евра. Жиро сметката на оваа здравствена установа е блокирана, а секојдневно доспеваат нови побарувања од правни лица кои извршиле услуги за болницата, а не им се исплатени. Директорката на болницата Славица Малеска Стојадиновиќ вели дека оваа состојбата ја затекнала кога пред три месеци била назначена за прв човек на оваа установа. Се обративме и до државниот завод за ревизија од каде ќе се направи контрола и тогаш точно ќе знаеме колкава е висината на долгот,...

Continue reading

1 инкубатор за интензивна нега ќе му бидат донирани на Општата болница во Охрид

Post Views: 6 Општата болница во Охрид ќе добие 1 инкубатор за интензивна нега. Ова е одлука на Владата која на 34-та седница реши на 12 здравствени установи да им бидат доделени 40 инкубатори за интензивна нега. Инкубаторите ќе бидат наменети за гинеколошкото одделение кое се повеќе прераснува во регионално.Состојбата во која што се наоѓа болницата гледано од финансиски аспект е таква што секоја донација е добредојдена. Ние располагаме со инкубатори, но секој понов модел нормално дека ќе има подобра примена и ќе си го најди своето место за подобрување на состојбата во нашето одделение,...

Continue reading

“Камера 300” плодна за охриѓани

Post Views: 1 Охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец освои златен медал на “UNICA” на 25-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300”, што се одржа во Битола. Во конкуренција на 41 филм, меѓународното жири предводено од проф. д-р Стефан Сидовски, во кое членуваат истакнати филмски работници од повеќе европски држави, одлучи златниот медал на “UNICA” за филм кој поттикнува разбирање помеѓу народите, да му припадне авторот на краткометражниот документарен филм “Страсна недела- Бигорски манастир”. Документарецот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top