Автор: Јаковлева Лионела

Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со голем број проблеми

Post Views: 4 Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со недоволни социјални, здравствени и образовни услуги. Ова го покажува извештајот „Од закон до реалност“ на Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината Птица – Скопје“, по истражувањето спроведено во три општини низ Македонија – Охрид, Боговиње и Берово. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на семејствата кои имаат деца со попреченост. Истражувањето е направено преку фокус групи, каде низ директните сведоштва на родителите се пренесени условите и проблемите со кои се соочуваат...

Continue reading

Дали ТП единица да се премести во простории од некогашната касарна

Post Views: 6 ТП единица да се премести во простории од некогашната касарна. Ова неодамна го најави градоначалникот Јован Стојаноски кој рече дека после целосно ставање во функција на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“ кој ќе и припадне на локалната, противпожарната и уште неколку институции од градов планирано е да се дислоцираат таму. Но Стојаноски додаде дека претходно ќе се разговара со надлежните дали за нив е прифатливо ваквото решение и дали им одговара ваквата промена на локациајта. Од ТП единица велат дека оваа идеја е стара и датира уште од пред пет години....

Continue reading

ОК на ВМРО ДПМНЕ обвинува дека СДСМ продолжува со партиски вработувања

Post Views: 3 Охридската ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања упатени кон СДСМ. Велат дека партијата на власт продолжува со партиски вработувања и политички реваншизам и како што Дамјан Манчевски јавно признал СДСМ ги прекинала привремените договори на вработените во јавниот сектор, и распишала нови огласи за привремено вработување. Неспособната антиреформаторска СДСМ продолжува со чистките и бруталната партизација во Охрид преку вработување на нивни партиски војници. СДСМ продолжува со својата политичка одмазда и во континуитет брка луѓе од работа, како што всушност и одамна најави...

Continue reading

Мерко: За два месеци ќе се реши проблемот со дивата депонија во Струга

Post Views: 5 Новата локална власт во Струга за брзо време ќе го реши најгорливиот проблем на оваа општина. Дивата депонија која минатово лето беше потпалувана, а чадот ги труеше стружани па и гостите кои решиле во овој туристички центар да го поминат својот одмор, до на лето ќе биде исчистена, а просторот ќе биде среден. Ова е приоритет на новиот градоначалник Рамиз Мерко. За два месеци ќе има решение на овој проблем. Од буџетот на општината се предвидени 200 000 евра за подигнување на сметот од депонијата и транспортирање во единствената легална депонија во државава, Дрисла. Веќе...

Continue reading

Денес се е во знакот на црвената боја

Post Views: 9 Денес се слават Св.Трифун и Св.Валентин и се е во знакот на црвената боја. Со црвено вино и црвени срцa се одбележуваат овие два празници од кои едниот е православен, а другиот католички. Некои граѓани го слават едниот, некои другиот, некои наоѓаат време и за двата празника, а некои воопшто не слават. Свети Трифун е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Тој е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна. Свети Трифун е и заштитник на лозјето и на...

Continue reading

Охриѓанка изгоре во пожар

Post Views: 9 Седумдесет годишна охриѓанка изгоре во пожар. Пожарот избувнал во стан во зграда на булеварот „Туристичка“, рано утрово каде жената која била неподвижна живеела сама. Пожарот го пријавиле соседите. Дојдов јас утрово на работа, јас тука работам, видов чад, соседката повика помош и излеговме сите. Сакавме да ја спасиме жената, но не успеавме. Викнавме брза помош и пожарна, дојде и полиција, но не успеаја да ја спасат жената. Жал ми е многу. На брзина се се случи, вели соседка која била очевидец на настанот. Противпожарната служба пристигнала во 7часот и 15 минути, по што...

Continue reading

Ново адреналинско доживување во Охрид

Post Views: 4 Ново адреналинско доживување во Охрид. Викендов успешно беше реализирана зимската OffRoad тура од Кичево до Охрид. Седумдесетина џипови од цела Македонија и двесте учесници беа дел од овој настан во организација на OffRoad клубот од Охрид. Турата била доста тешка поради временските услови кои постојано се менувале. Учесниците се бореле со кал, снег и мраз, но никој не се откажал од ова авантуристичко патување и сите пристигнале на целта. Најтешко било на планинските врвови, каде снежната покривка достигнувала и до еден метар висина, велат учесниците кои ги споделија...

Continue reading

Ќе се става ред во каналот Студенчишта

Post Views: 7 Ќе се уредува каналот Студенчишта, а се поизвесна станува и изградбата на марина. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека овој капитален проект мора да се реализира, но најпрво треба да се заштити Студенчишкото блато бидејќи неговото значење за Охридското езеро е огромно. Веќе е договорено да се направи ревизија на Студијата за Студенчишкото блато, разговорите со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за одбрана се во завршна фаза и ако студијата за блатото покаже дека може да се гради марина на тој потег тоа и ќе се направи, вели Стојаноски. Идеен...

Continue reading

ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник

Post Views: 1 Со пригодна свеченост во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, синоќа, основното училиште што го носи името на великанот, го одбележа патрониот празник. Учениците и нивните професори несебично се потрудија да направат една богата културно уметничка програма која го задржа вниманието на присутните кои ги имаше во навистина голем број. Би сакала да им се заблагодарам на нашите ученици на нашите наставници за целокупната подршка која ни ја даваат за да го постигниме она што сме го зацритале. За патрониов празник имавме голема раздвиженост, имавме многу пофалени многу наградени...

Continue reading

Прличева визита

Post Views: 2 Охриѓани го чествуваат делото и името на вториот Хомер, Григор Прличев. Денес во неговата родна куќа се одржа познатата прличева визита. Градоначалникот Јован Стојаноски во обраќањето пред присутните меѓу кои имаше и потомци на Прличеви рече дека Григор Прличев е вонвременски охриѓанец, гордост на градот. Дека тој бил и ќе остане човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја и придонеаол за национално будење. Стојаноски кажа дека културното шестдецениското институционално чествување на македонскиот...

Continue reading

УНЕСКО треба да даде мислење дали она што се прави на Али пашината џамија

Post Views: 3 Министерството за култура ќе бара проценка и мислење од УНЕСКО дали она што се прави на Али пашината џамија во Охрид е во согласност со светските практики. Од министерството ќе уптата прашање до УНЕСКО дали организацијата за заштита на светското наследство оправдува реконструкција на објект во неговите оригинални димензии. Она на што во следниот период ќе инсистираме е да не се создаде ситуација да тоа минаре се изгради, а без да побараме претходно мислење од УНЕСКО, а потоа и политички договор, вели Роберт Алаѓозоски- министер за култура . Неодамна Министерството за...

Continue reading

Охридскиот регион претрпе големи штети од обилните врнежи

Post Views: 4 Десеттина граѓани денес ги пријавиле штетите од вчерашните поплави. Уште вчера во утринските часови од повеќе населени места во градов и околината имало голем број јавувања од граѓани кои претрпеле штети од обилните врнежи кои го зафатија регионов во изминатите денови. Се јавиле од Опеница, Косел, Долно, Горно Лакочереј, Орман улица Железничка, Дејан Војвода. Од првичните проценки оштетувања ќе има на 445 00 метри квадратни или околу 40 до 50 хектари. Најкритично е во село Орман каде се поплавени стамбени објекти и многу земјоделски површини со раноградинарски култури. Ако...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top