Автор: Јаковлева Лионела

Ракометниот клуб „Охрид“ во недела ќе го одигра третиот меч во плејофот од Супер лигата со скопски „Пролет“

Post Views: 2 Ракометниот клуб „Охрид“ со скопски „Пролет“ ќе го одигра третиот меч во плејофот од Супер лигата. Пролет ќе биде трета шанса за првите бодови на табелата бидејќи во претходните два меча со Вардар и Металург охриѓани претрпеа пораз. Оваа година од Пролет изгубивме во двата мечеви кои ги одигравме во регуларниот дел од Супер лигата. Сето тоа кажува дека се работи квалитетен тим составен од добри играчи. Ние не се оптоваруваме со нив бидејќи сме сконцентрирани на нашиот тим. Можиме да се пофалиме со одлична одбтрана. Тоа го докажавме и во натпреварот со Металург. Очекуваме...

Continue reading

Во Охрид за време на продолжениот празничен викенд се случиле четири тешки кражби

Post Views: 3 Празниците одлична можност за крадците. Тогаш кога граѓаните најчесто не се дома тие гледаат одлична прилика за реализација на својот крими-план. Златен накит, кеш пари, велосипеди, лаптопи, скапи мобилни телефони, крадците не се многу избирливи кога станува збор за пленот, важно им е да им донесе добра заработка штом ќе го препродадат. Во Охрид за време на Велигденските празници се случиле четири тешки кражби и тоа две во станови, една во маркет и една во автомобил. Украдена е техничка стока, злато, колонијални производи и акумулатор од автомобилот.На местото на настанот...

Continue reading

Ветениот Дом за стари лица никако да се изгради

Post Views: 3 Сеуште не е отпочната изградбата на Дом за стари лица. Во моментов единствено место каде што се згрижуваат овие лица е одделението на Геријатрија при Општа болница- Охрид кое располага со 30- тината легла, кое пак ни одблизу не ги задоволува потребите на жителите на Охрид и Дебрца. Условите се исти како што беа и порано, капацитетот ни е навистина мал, очекуваме во иднина нешто ад се подобри бидејќи има голем интерес кај нас да бидат згрижени пациентите, а имаме и многу пациенти кои се заедно во една соба, затоа мора условите да се подобрат и да се во помала бројка и...

Continue reading

Дали Охрид конечно ќе добие сообраќајна студија

Post Views: 1 Охрид сеуште нема сообраќајна студија. Тоа е причина за сообраќајниот хаос кој што посебно во летниот период е евидентен низ охридските улици. Актуелниот градоначалник Јован Стојаноски потсети дека минатата локална власт четири години ветувала дека ќе ја изработи оваастудија, но овај важен проект за градов не беше реализиран. Објаснувањето тогаш беше дека за отпочнување на таа студија се потребни минимум 200 000 евра, пари кои општината ги немаше. Стојаноски се согласува дека овој проект е скап, но вели дека е еден од неговите приоритетите и веќе сериозно се работи да...

Continue reading

Викенд акција за вдомување на миленичиња

Post Views: 2 Викенд акција за вдомување на миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид љубители на животните, организираа акција за вдомување на кучиња. Анастазија Димзовска, граѓански активист за заштита на правата на животните, вели дека со акцијата имааат за цел да им обезбедат дом на што е можно повеќе кучиња, кои во моментов се наоѓаат на улица. Очекуваме денеска бидејќи е продолжен викенд да има луѓе па да можиме на сите кученца да им најдиме дом. Имаме и поголеми кучиња кои чекаат да бидат вдомени па доколку некој сака може да си вдоми и такво куче, објаснува Анастазија...

Continue reading

Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур

Post Views: 7 Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур, ветуваат од Локалната самоуправа. Велат дека ќе се направи ред во поставувањето урбана опрема и останати реквизити за забава како граѓаните и туристите не би биле незадоволни од изгледот на најголемиот туристички центар во државава. Интенција на Локалната е да нема таков изглед. Во моментов не дозволуваме да бидат поставувани тезги барем не на јавна површина и на градежно неизградено земјиште што е во сопственост на РМ и Општина Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски. Градоначалникот кажува дека до нив стигнале повеќе...

Continue reading

Обновен Мостот на желбите

Post Views: 1 Обновен Мостот на желбите. На задоволство на гостите , но и на охриѓани поправен е мостот кој преставува најкраткиот пат до едно од најатрактивните места на охридското крајбрежје, Канео. На мостот поставени се нови дрвени штици и останува уште да се направи ограда која ќе биде заштита за минувачите по него. Според информациите кои ги добивме тој од утре ќе биде ставен целосно во функција што значи дека за Велигденските празници сите кои сакаат ќе можат да уживаат на плажата Потпеш и населбата Канео и да ја посетат една од најубавите цркви посветена на Св. Јован Богослов....

Continue reading

Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници

Post Views: 3 Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Таква беше атмосферата и во маркетот „Миса“. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата. Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 280 до 300 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Во Миса јагнешкото...

Continue reading

Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови

Post Views: 4 Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови. Локалната забрзано работи на овој проект откако пред извесно време Владата најави дека со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и сопствени средства во висина од 3,2 милиони евра ќе ја подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија. Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Проектот за реконструкција на...

Continue reading

Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема

Post Views: 8 Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема. Повеќе нема да се толерира нелегално поставување столици и маси и друга опрема на јавни површини . Сите субјекти кои веќе поставиле ваква опрема, а за тоа не добиле одобрение ќе бидат соодветно санкционирани. Програмата за поставување урбана опрема е донесена во месец февруари годинава, но според информациите, досега постапката ја започнал само еден угостител. Физичките и правните лица можат и понатаму да поднесуваат барање за поставување урбана опрема , но додека не добијат одобрение не смеат да ја...

Continue reading

Пролетва ќе се реконструира сцената кај Долни Сарај

Post Views: 8 Ќе се осовремени сцената кај Долни Сарај. НУ Фестивал „Охридско лето“ оваа година со пари од Министереството за култура ќе инвестира на овој простор кој е еден од најрепрезентативните и најубавите како сцена за различни културни збиднувања. За прв пат имаше слух да се издвојат средства за санација на сцената на Долни Сарај. Министерството годинава не стави во програмата за инвестиции, средствата во висина од 1милион и 400 000 ден. ќе бидат доволни да се санира она што е најгорлив проблем на Долни сарај, а тоа е самата сцена и гледалиштето, вели Сузана Вренцоска, Директорката...

Continue reading

НУ Фестивал „Охридско лето“ забрзано се подготвува за да понуди уште едно успешно издание

Post Views: 1 Се интензивираат подготовките околу овогодинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“. Останува да се потпишат уште неколку договори после што ќе биде обелоденета и целокупната програма во која ќе може да ужива публиката од 12 јули до 20 август. Директорката на НУ Фестивал Охридско лето, Сузана Вренцоска ветува успешно фестивалско издание и квалитетно селектирана програма. Фестивалот „Охридско лето“ интензивно веќе подолг период работи на програмата и прибирање понуди од врвни уметници, нивна поширока селекција. Сега останува уште да се дофинализираат некои ставки...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top