Post Views: 2
Објектите градени помеѓу двете светски војни, нова атракција за туристите. Завод и музеј заедно со факултетот за архитектура и дизајн при америчкиот колеџ во Скопје скенираа 16 куќи во градов за кои ќе се изготви документација, а потоа ќе се изработи елаборат за нивна валоризација. Со овој проект ќе се донесат поединечни решенија за секој објект и ќе се одлучи каква ќе биде нивната понатамошна намена.Тања Паскали Бунташеска, директора на Завод и музеј вели дека сопственцте ќе имаат одредени поволости и ќе може да конкуаат за добивањефинансики средства за нивна конзервација...
Post Views: 0
Концесионерите на охридските плажи изиграни. Најголемиот дел од нив велат дека Министерството за транспорт и врски не игра фер плеј. Условите кои ги наметна овојпат за давање на плажите под концесија ги натера да направат радикален чекор.
Поголемиот дел од концесионерите на охридските плажи нема да аплицираат за повторно да добијат право да стопанисуваат со нив. Тие велат дека да можат би го вратиле времето назад и воопшто не би се впуштиле во оваа неисплатлива авантура.
Поранешните концесионери објаснуваат дека само мал дел од нив заработиле од плажите, повеќето се...
Post Views: 5
Охриѓани за еден шаблон јајца од својот буџет треба да издвојат од 230 до 280 ден. Се стравува дека како што наближува Велигден цената ќе се искачи и до 300 ден. Граѓаните се видно изреволтирани поради превисоките цени на јајцата во очи празникот.
Продавачите на јајца велат дека има реални причини зошто цените се повисоки од лани. Регионт на Балканот го потресува таканаречена кајгана криза.Тоа е поради екстремно ниските температури кои ги имавме оваа зима и поради ригорозните прописи во ЕУ кои забрануваат одгледување на кокошки-несилки во жичени кафези, бидејќи тоа...
Post Views: 16
Драгана Боцеска уште четири години ќе директорува со Националната установа Центар за култура Григор Прличев. Вака одлучила министерката за култура откако ги разгледала апликациите и на двајцата останати кандидати кои го посакувале ова престижно директорско место. Канчевска-Милеска по втор пат и дава доверба на Боцеска. Ова е првата година од нејзиниот втор мандат. Боцеска кажува дека продолжува да работи со полна пареа објаснувајќи дека на повидок е реализација на голем број проекти. Министерството за култура од својот буџет издвоило околу 4 мил денари за проекти од...
Post Views: 0
Старомодни тезги, лоши услови за работа, несоодвни хигиенски услови, најлони и ламарини наместо кров. Така изгледа охридскиот градски пазар. И покрај ветувањата од Градоначалникот дадени уште во неговиот прв мандат, Охрид нема современ пазар Само да потсетиме пазарот требаше да биде на три ката. На едниот беше предвидено да се продава зеленчук и овошје, на вториот млечни производи, а на третиот требаше да има ресторан. За тоа што досега не е реализиран овој проект единствен виновник е ВМРО ДПМНЕ, тврди Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Тој вели дека не...
Post Views: 5
Александар Петрески по трет пат кандидат за градоначалник. Тој вели дека најголема провокација за и по трет пат да ја трча градон
ачалничката трка се нападите од страна на неговите опоненти. Ова е негова амбиција и желба, но дали ќе се реализира останува граѓаните да решат.
Петрески во овој речиси осумгодишен мандат најмногу беше критикуван поради тоа што не ги реализира проектите како изградба на современ градски пазар, изградба на марина, изградба на автобуска станица, затворен базен и тн. Тој објаснува дека тоа не е по негова вина туку дека за се е виновна Владата...
Post Views: 17
Средношколците од Свети Климент Охридски во една учебна година дватпати на екскурзија. Оваа информацја малку ја збуни јавноста, па директорот Наум Рилкоски објаснува за што станува збор. Тој вели дека нема два пати да се оди на екскурзија затоа што есента таа била реализирана со учениците од трета година, а пролетва таа ќе се реализира со учениците од втора година. Ова било одлучено поради тоа што во трета година се мешаат паралелките и поради тоа што во втора година децата се подисциплинирани. Ова нема да биде исклучок туку од наредната учебна година ќе стане пракса....
Post Views: 7
Родителите од детската градинка „Лихнида“ со сопствени средства и со заеднички ангажман бетонираа две патеки во дворот на градинката. Нивната иницијатива потекнува од желбата децата кои своите претшколски денови ги поминуваат во овој објект да уживаат во мигвите поминти таму.Иван Цветкоски, претседател на советот на родители вели дека на ваков начин не само што ќе го разубават дворот туку ќе дадат и позитивен пример за своите деца.
Воспитувачките не го криеја задоволството од ваквата иницијатива на родителите. Велика Паункоска, вели дека во дворот на истата не е интервенирано...
Post Views: 5
Елизабета Јанкуловска, долгоочекуваната директорка на „Охридско лето“, дојде во просториите на фестивалот, се виде со персоналот, ги заврши формалните работи и си замина. Со овој гест ги избегна медиумите. Никој од новинарите не ја виде иако со нетрпение јавноста очекуваше да ја запознае личноста што ќе раководи со оваа за охриѓани важна културна манифестација. После домино ефектот кој му се случи на овој престижен фестивал кога од функцијата се откажаа претходниот директор Васко Василески и селекторите Горан Стојаноски и Маја Чанаќевиќ, добро ќе беше новата директорка...
Post Views: 1
71 милион денари повеќе од една година чекаат во Министерството за Транспорт и врски Општина Охрид да се сети и да ги подигне. Овие средства се грант кој го издвоила Владата за Охрид, за изградба на систем за водоснабдување и одведување на отпадни води. За подигање на овие пари Општина Охрид не мора да изготви проект туку треба само да донесе одлука на совет и да прецизира за што точно ќе бидат искористени. Што е многу важно истите се неповратни. Локалната исто така може да дојде и до пари преку претпристапна помош во вид на грантови од Европската унија. Општините од...
Post Views: 5
Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото.
Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга седнаа на...
Post Views: 9
Дали одржувањето на канализациониот систем од „Нискоградба“ повторно се враќа во „Проаква“? Ова е идеја на Директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски со цел двата системи водоводниот и канализациониот повторно да бидат под една капа. Старкоски објаснува дека со тоа Нискоградба ништо не губи и не се намалува нејзиниот буџет. Тој вели дека Проаква и сега врши фактуртирање на канализацијата и отпадните води, само во овој случај би се изменило само водењето на основните средства на канализациониот систем
Раководителот на РЕ „Водовод канализација и колектор Струга“, Ваит...